Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Едноставно браво. Докажано најдобриот женски вокал во Македонија, ако не и пошироко. Доста чудно, ама овој пат Каролина стварно играше на сцена. Не како што би требало, ама сепак се движеше доста. Многу добро замислен концерт, изборот на песните беше одличен, и почетокот со краткото филмче за петок 13 беше доста интересен и навистина неочекуван. Имаше и доста повеќе публика одошто јас очекував, а и Каролина самата кажа дека е изненадена што има толку луѓе во салата.
Браво за концертов.
 
Едно големо БРАВО за Каролина за синоќашниот прекрасен концерт во Борис Трајковски,инаку најголем во нејзината 20годишна кариера,да звучи неверојатно, но вистинито 20години трае кариерата на Каролина.Синоќа Каролина покажа дека знае,може и умее да направи одличен,без многу помпа,врева,патетика,авиони и камиони.Борис Трајковски синоќа беше преполн од 7 до 77,но најмногу од 20 до 40та што се покажа дека пејач кој пред се има голема почит од публиката,а не само напалена тинејџ публика која иде негде само да биде видена.И она што е најбитно Борис Трајковски може да се наполни и со купена влезница без гратис.
Целиот концерт и неговата замисла и идеја беа одлично реализирани и покрај стилското шаренило во репертоарот на Каролина,сепак не се чуствуваше како проаѓа од стил на стил,се беше ок.Можеше само да ги испее сите песни од последниот албум кои исто се одлични,но не знам зошто не ги испеа.Можеби имаше мала замерка малку доцнеа од предвидениот термин 21ч.
Но како и да е и самата Каролина која беше видно изненадена дека има толку многу публика дека Б.Трајковски е преполн,докажа зошто е најголемата македонска ѕвезда,може некому му се допаѓа тоа или не,но Каролина својот статус го потврди уште еднаш и им докажа на сите кој е кој,и дека и со скромност и едноставност може да се успее и дека всушност публиката тоа најмногу го цени и почитува и покрај фактот што е толку ГОЛЕМА,таа сеуште е толку едноставна и цврсто стои на земја.И покрај тоа што има крилја да лета,таа цврсто оди и гази на земја.

--- надополнето ---

Инаку Каролина денес патува за Битола, ја очекува правата средба со Луција .
 
DSC02001.jpgDSC02012.jpgIMG493.jpgIMG426.jpgIMG479.jpg

Нешто од сликите кои успеав да ги направам вчера. Се извинувам за слабиот квалитет, ама толку беа можностите за вчера:)
 
Каролина Гочева: Не сум најдобрата и најчистата душа на естрадата!

Судејќи по информациите што пристигнаа од менаџерскиот тим на Каролина Гочева, но и според нејзините зборови, на 13 мај во арената “Борис Трајковски“ нашата поп-дива ќе приреди концерт што ќе ги остави без здив присутните...

:):):)
 
Прекрасен концерт. Онака баш за уживање.
Каква елеганција, професионалност покажа Каролина. уште еднаш докажа дека покрај Калиопи е најдобрата пејачка на естрадава.
Би замерила за звукот не беше баш како што треба, не се слушаше/разбираше што зборува воопшто, плус нема кондиција за пеење, првите три песни и се задиша не можеше збор да каже :)
Во почеток многу ми сметаа тоа танчарите, за џабе беа али ај.
Ми се допадна тоа што пееше песни од етно албумот и што имаше баш соодветна облека на неа за тоа!
Пееше 2 и нешо саати , имаше многу народ што е за пофалба, самото тоа што Авалонци тешко даваат гратиси доволно кажува за фановите на Каролина низ Македонија.
Абе ја обожавам дури и ја испеа кажувајки дека и е една од најпосебните :wub:
Имаше и одлично понашање со публиката, милион пати се заблагодари, верувам дека и она не очекуваше толку народ да има. Дури рече дека и петок 13 за неа повеке не е баксуз.
Се на се еден од концертите на кои најмногу сум уживала и утре да прави уште еден пак би одела :back:

Еве и некоја слика ако некој го интересира како изгледаше :pipi:

2C89545C7078CC4D87D6F4DE7ED271C4.jpg


450E105B47D9904CA122CA4F65889AF7.jpg


1048E79EEE05F24AAE4E2E3A13881407.jpg


0CB2880076C8B649AA4C21C176998D29.jpg


55474A33C1043C44BE16AF3C072C6A2D.jpg


45A00BE6C40EA84D90CC1CA0BE2DC3C1.jpg


799C01924740F9439BC9A828A4D27983.jpg


51E9DFCF140988459F9460E81C812DC8.jpg


4954F127416FE546B549C64B7FA3DF66.jpg


33002EB35F17C14B855583342F50ACED.JPG
 
Прв пат и бев на концерт и презадоволна сум а ми дојде и како едно релаксирање после колоквиумска. :)
Грациозност,елеганција,префинетост..се на нивоУ. Ме изненади што салата беше скоро полна, не очекував толку.
Уште да ги испееше Во заборав и Скопска магла и да ми направеше кеиф до в крај, ама ајде во некоја наредна прилика.
 
Најдобриот концерт на Каролина
За да биде совршен фалеше да трае уште и да бидат испеани сите песни на Каролина од почетокот до сега :pos2: Мислам дека досега немало толку комплетен македонски концерт, од реклама до реализација. Каролина блескаше и покажа што значи да си најдобар не само кога се работи за вокални способности и квалитет на песни, туку и како треба да се изгледа. Песните беа тмногу добро одбрани и подредени. Атмосферата мислам дека најмногу се загреа кога ги испеа Од нас зависи и Мојот свет, како и крајот со Влатко Стефановски.
Нема зборови со кои може да се опише она што во петокот ни го приреди Каролина и така е, со квалитет на песни, со одмерен однос низ годините и со таква организација успеа да го направи ова. Лошото е што треба да чекаме следен албум за следен толку голем концерт.
 
Утревечер на MTVAdria во емисијата MTVExpress ќе гостува Каролина,инаку емисијава беше снимана пред 20тина дена низ улиците на Скопје во новиот двокатен автобус.
 
Томато продукција го снимала концертот и наскоро ќе излезе ДВД во продажба.
Каролина ќе биде специјална гостинка на концертот на Ејми Вајнхаус кој ќе се одржи во Белград, а веднаш започнуваат подготовките за голем концерт во Белград кој ќе се одржи до крајот на годината. Каролина го кажуваше тоа во Бекстејџ Екстра.
 
Ја гледавте ли кога кажа дека “ Македноска народна музика не слушам воопшто бидејќи такавата музика не ме опушта“ а замислете си имстава оваа што не слуша направи албум со Македонски народни песни! Не за другото туку Тоше успеа со тоа и одлично пројде па мораше и таа:nesum: Значи личност која никогаш не сум ја сакал и ми е одбивна
 
Не се нејзините народни песни во вистинска смисла на зборот.
Мислам дека етно е правиот збор?

И што има врска дека Тоше снимил таков албум пред неа?
 
Ја гледавте ли кога кажа дека “ Македноска народна музика не слушам воопшто бидејќи такавата музика не ме опушта“ а замислете си имстава оваа што не слуша направи албум со Македонски народни песни! Не за другото туку Тоше успеа со тоа и одлично пројде па мораше и таа:nesum: Значи личност која никогаш не сум ја сакал и ми е одбивна

Јас студирам информатика затоа што мислам дека со тоа имам добра перспектива, а не дека тоа ме опушта. Тоа значи дека јас сум лоша личност? Дај бе не трескајте глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom