Едно големо БРАВО за Каролина за синоќашниот прекрасен концерт во Борис Трајковски,инаку најголем во нејзината 20годишна кариера,да звучи неверојатно, но вистинито 20години трае кариерата на Каролина.Синоќа Каролина покажа дека знае,може и умее да направи одличен,без многу помпа,врева,патетика,авиони и камиони.Борис Трајковски синоќа беше преполн од 7 до 77,но најмногу од 20 до 40та што се покажа дека пејач кој пред се има голема почит од публиката,а не само напалена тинејџ публика која иде негде само да биде видена.И она што е најбитно Борис Трајковски може да се наполни и со купена влезница без гратис.
Целиот концерт и неговата замисла и идеја беа одлично реализирани и покрај стилското шаренило во репертоарот на Каролина,сепак не се чуствуваше како проаѓа од стил на стил,се беше ок.Можеше само да ги испее сите песни од последниот албум кои исто се одлични,но не знам зошто не ги испеа.Можеби имаше мала замерка малку доцнеа од предвидениот термин 21ч.
Но како и да е и самата Каролина која беше видно изненадена дека има толку многу публика дека Б.Трајковски е преполн,докажа зошто е најголемата македонска ѕвезда,може некому му се допаѓа тоа или не,но Каролина својот статус го потврди уште еднаш и им докажа на сите кој е кој,и дека и со скромност и едноставност може да се успее и дека всушност публиката тоа најмногу го цени и почитува и покрај фактот што е толку ГОЛЕМА,таа сеуште е толку едноставна и цврсто стои на земја.И покрај тоа што има крилја да лета,таа цврсто оди и гази на земја.
--- надополнето ---
Инаку Каролина денес патува за Битола, ја очекува правата средба со Луција .