Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Само уште еден месец.:vozbud: Да почнеме со потсетување на најголемите хитови на Каролина.


Првата песна на Каролина е Мамо пушти ме, изведена на Макфест во 1991 година кога Каролина имала само 11 години:

Во периодот додека не е во Авалон, во деведесетите, Каролина настапува на сите македонски фестивали
Да нема судбини - Интерфест'93 - Кој да ти каже - Скопје фест'94 - Ме сакаш - Макфест - Исчекување - Скопје фест'95 - Тонови тајни - Скопје фестќ97 -

Секој од постарата генерација ја памети извонредната изведба на I will always love you
 
Во вторник Каролина ќе биде гостинка во Ami G show на Пинк тв,кај популарниот Огњен Амиџиќ.
 
Авалон продукција ја најавува Каролина live!

Авалон продукција ја најавува Каролина live на 13 мај 2011 година во спортски центар "Борис Трајковски" со почеток во 21 часот.

Картите се пуштени во продажба на сите продажни места на Купи Карти За Се.

http://www.kupikartizase.com/

 
Картите по цена од 300 и 500 денари се пуштени во продажба на сите продажни места на Купи Карти За Се. Со секоја купена карта следи подарок ЦД "Капка под небото" кое ќе може да се подигне на влезот на концертот со приложување на картата!

Шема на седење
 
Синоќа во театарот Madlenianum во Белград Каролина заедно со Маја Сар,Нина Бадриќ и Александра Радовиќ ја добија наградата на Story Awards 2011 за најиспиративен потек на годината,инаку Каролина таму се појави со нов имиџ со шишки и пунџа во стил на Одри Хепберн. Инаку Каролина вечер ќе биде и гостинка на Огњен Амиџиќ во неговото шоу на Пинк Тв.
 
Многу е убава на сликите. И стои ваков гламурозен стајлинг.
Вчера кај Огнен Амиџич во емисијата беше сосема поинаква. Со пуштена коса и фармерки.
Концертот почна да се рекламира и на телевизија.
 
Пред големиот концерт, продолжуваме да се потсетуваме на хитовите на Каролина.
Каролина Гочева е родена на 28ми април 1980 година во Битола.
Со музика почнува да се бави уште од детските години, а на македонската музичка сцена е позната од својата 11та година, кога за прв пат настапува на најпознатиот музички фестивал вомакедонија, Мак Фест.
Во 1992 година го издава својот прв носач на звук, тинејџерскиот албум, "Мамо пушти ме". Продолжува со настапи на фестивали надвор од Македонија и речиси од секој фестивал на кој настапува се враќа со награда. Најдраги и’ се наградите за интерпретација.
На 14 годишна возраст од страна на 12 Величенствени (македонски пандан на Grammy Awards) е прогласена за најдобар женски артист во Македонија.
Во 2000 година го потпишува својот прв професионален договор со музичко-продуцентската куќа АВАЛОН Продукција и оттогаш нејзината кариера започнува да оди по нагорна линија.
стата, 2000 година го издава својот прв албум, "Јас имам песна" кој наидува на одличен прием кај публиката и критичарите, што резултира со одличен тираж.
Јас имам песна е еден од трите најпродавани албуми во 2000 година во Македонија.
Поради забележителниот успех на овој албум во Македонија, издавачката куќа BK Sound од Србија и Црна Гора лиценцно го објавува "Јас имам песна" за тамошниот пазар. Во текот на летото 2000, Каролина неколку пати ја обиколува Македонија, настапувајќи во речиси сите градови.

jas-imam-pesna.jpg


ЛИСТА НА ПЕСНИ на првиот албум
1. Без оглед на се'
2. Сакај ме
3. Срцево не ќе издржи
4. Засекогаш
5. Тајна
6. Милениум со тебе
7. За нас
8. Немир (со Тоше)
9. Јас имам песна


Јас имам песна, насловната песна од албумот - Немир, дуетската песна со Тоше -
 
Вечерва во 22 часот Каролина ќе биде гостинка во "Џаро плац" на Канал5+,заедно со Бора Чорба и Раде Шербеџија.
 
Вчера имаше прилог на Тротоар со Каролина и Дамјани, реклама на Пежото. Во Џаро Плац го најави концертот, а водителите и го прославија роденденот.
Денеска во вестите се случи кикс. Кога новинарката прашуваше граѓани длаи знаат чија свадба е денеска во Лондон, еден одговори на Каролина Гочева. :pos2:
 
Уште само неколку дена до досега најголемиот концерт во салата Борис Трајковски.

Да се потсетиме на вториот и третиот албум на најпопуларното македонско девојче.


Зошто сонот има крај (Авалон Продукција, 2001)
Втор студиски албум на Каролина. Албумот излезе есента 2001 и ја потенцираше нејзината голема популарност и го потврди статусот на мега-ѕвезда.
Кратко време по објавувањето на овој албум, Каролина ја започна својата нова македонска турнеја наидувајќи на одличен прием кај публиката секаде каде што настапи.
Нејзините концерти во Скопје беа круна на успешната турнеја. Во април 2002, таа настапи 3 дена по ред во преполната Универзална Сала во Скопје - нешто што претходно не му успеа на ниту еден женски изведувач.
ЛИСТА НА ПЕСНИ
1. Ти можеш
2. Се' е можно
3. Мојот Свет
4. И ќе биде се' во ред
5. Повторно вљубена
6. Кажи ми
7. Јамајка
8. Конечно
9. Кога љубов постои
10. Далечна желба
11. Тој

БОНУС
1. You Could
2. Looking For Jamaica
3. Tell Me


Знаеш колку вредам (Авалон Продукција/City Records, 2003)
„Знаеш колку вредам“ излезе во септември 2003. Овој трет студиски албум на Каролина, иако различен од претходните два, беше одлично прифатен од публиката и критиката.
Во исто време, како специјално издание за српскиот пазар, излезе ЦД под името „Kad zvezde nam se sklope... kao nekada“ под етикетата на „City records“. Ова издание ги содржи истите песни, но препеани на српски јазик.
Овој албум ја лансираше Каролина меѓу најсјајните ѕвезди на просторот на екс-ЈУ.

ЛИСТА НА ПЕСНИ
1. Хипокрит
2. Љубов под облаците
3. Не се плашам
4. Од небо до дно
5. Знаеш колку вредам
6. Сирена
7. Ноќ
8. Штом сакаш
9. Љубовта е моја религија


БОНУС
1. Srescemo se opet
 
Каролина јадеше торта во двокатниот автобус


Каролина Гочева и Тони Зен беа поводот екипата на регионалниот МТV канал од Белград минатата недела да престојува во Скопје. Екипата на МТV ја изненади со торта битолчанката, која токму на денот на снимањето го славеше роденденот (28 април). Каролина, која се подготвува за концертот кој за 10 дена ќе се одржи во "Борис Трајковски" гостуваше во емисијата МТV Express во која еден артист изведува три свои песни во акустична варијанта и на сосема неформална локација, а Каролина ги пееше песните и се возеше во двокатен авторбус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom