Истрагата и сите шпекулации околу неа ке имаат многу поголем импакт врз секојдневното работење и функционирање на Јувентус отколку конечниот епилог и можните казни. Цената на акциите на берзата е во драматичен пад, тешко дека нови инвеститори и спонзори би инвестирале во бизнис кој е под истрага, ќе биде невозможно да земат нови кредити што е пракса во секој бизнис. Ќе мораат да бидат многу повнимателни во понатамошното финансиско работење, тешко дека ке бидат во можност да купат нови играчи, нема да биде изненадување ако мораат да ги продадат најдобрите.
Ова не е само прекршување на фудбалските правила, што се има случено со безброј други клубови, ова е многу посериозно и за жал според мене тешко дека ке видиме јак Јувентус во наредните неколку години.
Иначе никаков јувентус не треба да глеаме, ако и за ова се виновни, не јак не слаб, нема поента да постои клубов во овој спорт, и тоа само за работите за кои и се фатени, секогаш, али апсолутно секогаш ќе постои и сомнежот за низата обвинувања и пред калчополи, нарочито за допинг скандалите.
Клуб што работел еднаш криминално ќе кажеш е некаква случајност, веќе 2 пати ако те фатат и у низа истите луѓе и фамилии се вака или така дел од тој клуб, тури му кур, не за џабе во Италија засекогаш ќе останат синоним за фудбалска мафија. Среќа нивна во 2006 не беше развиен интернетот ко денес па откако се врати Ањели со лаги, клевети, и измислување на приказни се обидуваа да си го вратат реномето што некогаш го имаа, до тој степен лажеа што нивните навивачи стварно поверуваа дека ќе им се вратат украдените скудета но не само тоа, и миљарда евра лигата ќе им исплати за тоа.
И сеа бум, нов скандал, овој пат пред очите на цела спортска јавност, која константно се навраќа и на 2006та каде повторно јуве командуваа со фудбалски скандал во Италија, така да ако и за ова го јадат, не глеам поента клуб со ваква црна дамка да егзистира у спортов. Ќе им треба целосен рестарт што секако нема да го направат, ниту пак некогаш ќе се оградат од своето криминално минато, не само што нема да се оградат, и ќе се гордеат со истото и ќе живеат у некој свој глуп свет каде они биле најдобрите па морале така да ги сопрат, таквите апсолутно ништо не заслужуваат, не треба воопшто и да постојат.