Немав баш време да прочитам многу за целиов случај, не ги знам точно деталите, ама од тоа што го прочитав, ова е тежок аматеризам од директорите на Јувентус. Не знам како воопшто некој во менаџментот на клубот, мислел дека ваков cooking, својствен за афрички земји, ќе помине без никакви проблеми. Посебно што се компанија што котира на берза.
Некој дебело ќе го јаде. Веројатно, финансискиот директор и ЦЕО-то на прво место.
Иако, не ми се свиѓа што Италијаните со ова, веројатно, го затвараат вентилот за плусваленца зделки. Реално, тоа беше единствен инструмент што клубовите - тешкаши, можеа да го користат за да останат на површина, без да мораат да се претворат во клубови што си ги продаваат најдобрите играчи секоја сезона. Ако не ги правеа овие трикови, Јувентус, Интер, Милан и останатите ќе беа веќе одамна станати Дортмунд клубови, а Серие А ќе се претвореше во Холандска лига, што тренира играчи за ПЛ и Реал/Барса.
Гледам дека има најави за ревидирање и на тој т.н. Growth Decree за професионален спорт, што ќе биде уште еден удар за цела лига.
Од друга страна, Милан и Интер 5 години, не можат да добијат дозвола за градба на стадионот. Како намерно да сакаат да си ја саботираат цела фудбалска индустрија.