Какво сирење јадете?

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување

Од што јадете најчесто?

  • Крајво

    Гласови: 107 49,1%
  • Овчо

    Гласови: 91 41,7%
  • Козјо

    Гласови: 13 6,0%
  • Никакво

    Гласови: 7 3,2%

  • Вкупно гласачи
    218
Не јадам сирење, единствено нешто што не го јадам уште од дете .
 
Јадам секакво сирење не е битно дали е кравјо,овчо или мешано голем гурман сум на ова чудо, едноставно неможам без него никогаш дома не сум била без сирење :love:
 
Бело кравјо сирење обожавам, највкусно ми е тоа од Прилепската Млекара Сирма Пелистер
 
Не јадам многу, дури и претерано малку, за разлика од сите други млечи производи.Моментално најчесто од тие ретки пати шо јадам е биено од Ѓорѓиеви - Радовиш, обично или поховано го јадам.Или од Бистра - Кичево, сите ‘модели‘.

Дополнувејшн: Овчо сирење од Милком - Ногаевци, Велешко.Не знам дали е до оловото, ама ѕверско е :)
 
Овчо сирење од Милкам од Кам маркет и биено со дупчиња :D од Штипска млекара, најдобро нешто што може да се најде по маркетите. (y)
 
Како мал никако ни да мириснам сирење. Моментална состојба гурман на сирење. Најдоброто сирење во Македонија овчо сирење од Мариовско Бонче. Доколку е потрошена кантата, а мора да се јади сирење од беровска млекара овчо (макар шо во различни периоди од годината различно го прават, не е секогаш погодено). Инаку јадам секакви сирења и сакам да пробувам разни вкусови, нормално во комбинација со разни салати, со добра жолта ракија или добро вино!
 
Кравјо или мешано, зависи.
Ама во последно време се разјадов растително. Не знам зошто ама убаво ми е многу :)
 
Овчо, ама преферирам домашно од некое бачило. Купечкиве што се по маркети неможат да се споредат со овие од бачило. Најдобри две шо имам јадено едно од Шар Планина, друго од Присовјани - Струшко
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom