Какво сирење јадете?

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување

Од што јадете најчесто?

  • Крајво

    Гласови: 107 49,1%
  • Овчо

    Гласови: 91 41,7%
  • Козјо

    Гласови: 13 6,0%
  • Никакво

    Гласови: 7 3,2%

  • Вкупно гласачи
    218
денес земав мало парче од некое плаво,
ќе видиме какво е, со вино
 
денес земав мало парче од некое плаво,
ќе видиме какво е, со вино
Слушам плавото сирење може да се искуси во својата врвна форма само ако чашата за вино ја напуниш 1/4 со Совињон Блан (пожелно, берба постара од 15 год.) и после секој залак од сирењето, да испиеш мала голтка од виното чекајќи да се измешат вкусовите 3 до 5 секунди!
 
Последно уредено:
Иначе и ж'то сирење иде добро со одлежана Станушина ( Ж'та прачка или Пловдина)! Само тамо бокалчето треба да е отпразно само 2 прста!
Кажуват дека најдобар филинг е со уште двајца пајташи и после второто бокалче!
 
Кравјо домашно. Кревко е, вкусот му надава на млеко благо и не е многу силно. Порано земавме од шипка, еден калап ќе се погодеше други 4 киселина беа и баталивме купечко.
 
Последно уредено:
За сирење сум многу прибирлив, често и по гости кога на маса има сирење, пробувам со доза на резерва или воопшто не. Зависи од око како ми изгледа, мирисот може да го занемарам, а може и не...
Од тоа што може да се најде по маркети, моментално Кораб Трница, било овчо, кравјо или мешано, дефинитивно најдобро, а исто така мислам дека имаат и козјо, не сум сигурен бидејќи тоа е единствениот производ што не го конзумирам, а сум израснат со козјо млеко...
А како сирењето, така и останатите нивни производи се топ!
 
Последно уредено од модератор:

користам козјо сирење, но ова козјо што е во продавници е некоја мешавина... вистинско 100% козјо сирење е тврдо и има интензивен мирис ( за некого смрдеа на коза), сум пробаал и такво, домашно...
Е сега конзумирање на вистинско домашно сирење е ризично ( бруцелоза) бидејќи не го пастеризираат добро млекото, како треба минимум на 85оцелзиусови, туку само го греат за да фати побргу, со помалку маја
 
Се е прашање на вкус...Јас сакам мрсно и солено овчо сирење. Според мене наубавото е од Трница, Лазарополе... Ги сакам сите врсти на сирења. Кај нас има слаб избор на Рокфорд, има нешто во Тинекс деликатес ама тие се тешки преваранти..Од плави сирења има едно солидно во Стокомак. Убава моцарела има на кило на пазарче Буњаковец. Во Хрватска има преубави козји сирења, Пашки сир е сериозно добар, обично малтретирам луѓе да ми носат :)
 
Ја батка поштуем само добро овчо сирење. Не дека сум некој експерт, ствар на навика.
Плави, зелени или незнам какви, не ми се другарчиња. Од бои поштувам бела и ж'та;)
 
Ја батка поштуем само добро овчо сирење. Не дека сум некој експерт, ствар на навика.
Плави, зелени или незнам какви, не ми се другарчиња. Од бои поштувам бела и ж'та;)
Кога веќе спомна ж'та.. Има едно биено сирење по Мариовски бачила... Врв.
 
Моментално, ова го имам во фрижидерот и и го јадам.
Не сите заедно.:D

Прегледај го приврзокот 273913
Ај да не те разочарувам! ;)
Автоматски споено мислење:

Кога веќе спомна ж'та.. Има едно биено сирење по Мариовски бачила... Врв.
Слика од пакување имаш?Каде може да се најде?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom