Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Лигави,дволични гомна , несигурни у себе , искомплексирани , нервозни , секаков вид на сељачана ( нешо шо у МК е тешко да се избегне ) ,а да имам муниција сега ќе си истребуваше глупи луѓе.
 
Ме нервираат:
- Суетни луѓе, кои по секоја цена сакаат да покажат дека се во право и мислат дека целиот свет се врти околу нив (иако добро знаат дека не е така).
- Личности кои не си стојат на зборот и со кои никогаш не знаеш на што си, без разлика дали се работи за приватни или професионални ситуации.
- Подмолни, кои немаат три чисти да се соочат со тебе очи во очи, туку ти забиваат нож во грб кога најмалку очекуваш
- Снобови, кои ги ценат останатите исклучиво според материјалните нешта, бидејќи немаат капацитет да сфатат дека во животот постои и нешто што се вика суштина, а не форма
- Машки и женски спонзоруши и безрбетници од секаков тип:D
 
Лузери кои ги мерат туѓите чекори и живеат во туѓа кожа!
Односно луге кои се знаат за другите и се распрашуваат повеќе од потребно, а за себе ништо не зборуваат.
Живеат како сенки над останатите жедно трагајќи по нови информации, протерани од некаков нагон за оговарање и трачарење. Им се полнат празнините кога до нив ќе допре веста за нечија неприлика, проблем или болно случување. Овој тип на луѓе страшно ме нервира.
 
Имам претходно кажано, ама ќе си одговорам пак, во однос на тоа какви луѓе се почесто гледам. Не поднесувам: Циници, луѓе кои се нон-стоп саркастични и иронични, како демек они се толку интелигентни, сите други се едноставно глупави, овие ги сместувам и во категорија интелектуални снобови и исто не можам да ги поднесам. Ме нервираат луѓе без трошка самокритичност кои нон-стоп зборат за другите колку не ги бива и се вакви-такви, а не се погледнале себе да видат дека можда проблемот е во нив.
Има, има доста типови на луѓе што ме нервираат, ама од друга страна се трудам сите да ги прифатам такви какви што се, а ако не можам, едноставно се оддалечувам, затоа што горенаведените типови на луѓе ме полнат со негативна енергија.
 
Сите не нервираат одредени типови на луѓе ОК никој не е совршен, сите имаме маани, тоа мора секој човек сам за себе да си го признае ........... светци никогаш непостоеле и непостојат ................ секој си има различен карактер, различни сфаќања, мислења, погледи, ставови, начин на живот, различно интелектуално ниво и.т.н. и.т.н. тоа си е се ОК, неможеме сите да сме исти како роботи, е сега проблемот е во тоа што некои луѓе, море не некои туку многумина упорно ѕиркаат во туѓи гаќи, иако немаат дозвола за такво нешто ............ отсекогаш сум мразел луѓе кои упорно ми се мешаат во приватниот живот ........... и нормално не ги забележуваат позитивитетите, туку само негативитетите и опа ајде одма рекла-казала и вадење муабети, јадење бурек, плукање .......... е тоа ме нервира, а инаку секој нека си прави што си сака, но со себеси, а не да ѕирка и каде што смее и каде што несмее !
 
Сите горенаведени категории ме нервираат
 
Филозофи т.е. луѓе што се склони нешто што може да се каже со 2 збора да го тупат една недела.
 
Филозофи т.е. луѓе што се склони нешто што може да се каже со 2 збора да го тупат една недела.

Боље филозофи и тупаџии отколку намќори .............. подобро е некој да збори макар и глупости, отколку луѓе намќори од кои неможеш да извлечеш ни еден збор, а такви ги има подоста ............... мрзам намќори, без разлика дали се машки или женски .......... а пак тие што се намќори да знаеш дека се далеку позаебани од тие филозофите, филозофите си зборат и го тупат, ама намќорите знаат да ти/те зборат/оговараат зад грб, а пред тебе само ќутат, интересни се луѓето т.е. нивните карактери и психа !
Не за џабе се рекло куче што лае не каса !
Тој што ти ќути пред очи да знаеш дека јако те оговара зад грб, а тој што по цел ден си лупетари, од таквите биди си спокоен ! ;)
 
зашто роман кога може у еден афоризам ама пак повеќе ќе читаат роман него еден афоризам ако е една реченица нема да ја сфатат треба да им црташ.

Мој совет е пазете се од намќори(без разлика машки или женски) .......... остајте ги филозофите нека си филозофираат т.е. нека си тупат !
 
Jaс уште од мал, а и сега органски не поднесувам намќори(без разлика машки/женски), ѕиркачи во туѓо, оговарачи... а исто така многу ги мрзам и гратскиве шмизли и ’’фраери’’ кои ги има подоста во последно време ........ мразам луѓе што се прават важни и глумат, биди човек-биди природен-зборувај како човек ....... а не дома некој збори и прави едно, на улица у маало сосема друго, на факс или на работа сосема трето, а во град кога ќе излезе па сосема четврто !
 
Имам претходно кажано, ама ќе си одговорам пак, во однос на тоа какви луѓе се почесто гледам. Не поднесувам: Циници, луѓе кои се нон-стоп саркастични и иронични, како демек они се толку интелигентни, сите други се едноставно глупави, овие ги сместувам и во категорија интелектуални снобови и исто не можам да ги поднесам. Ме нервираат луѓе без трошка самокритичност кои нон-стоп зборат за другите колку не ги бива и се вакви-такви, а не се погледнале себе да видат дека можда проблемот е во нив.
Има, има доста типови на луѓе што ме нервираат, ама од друга страна се трудам сите да ги прифатам такви какви што се, а ако не можам, едноставно се оддалечувам, затоа што горенаведените типови на луѓе ме полнат со негативна енергија.
Е, е, овие истиве. Потапа луѓе нема да најдеш, особено ако си искочен некаде, а најлошо кога во друштвото твое ќе ти седнат. Ми се повраќа од тоа колку може животот да ти се загорчи во 5 минути поминати во муабет со нив. Тоа муабет = нивен монолог. 500 реченици исполнети со бескорисни факти (од тоа која е најниската секвоја во светот до видот плочки кои се најдени во Тимбукту) наменети да имитираат интелигенција што ја немаат. Сепак, морам да ги сместам и глупаците што ги следат измеѓу овие. Е тие се засебна сорта, знаат да бидат и подосадни и погадни од снобовите, незнаат ништо свое да кажат, измислат или спроведат и се редат позади овие и им климаат на се што ќе кажат.
 
Е, е, овие истиве.
Уф, колку ме нервираат вакви луѓе, многу се напорни и неможеш да се опуштиш во разговор со таква личност. Тие се умислени интелектуалци кој го исмејуваат „обичниот“ свет и се обидуваат да ти наметнат некои нивни „филозофии“, а се гледа дека сакаат да покажат некоја интелегенција која не ја поседуваат. Познавам такви. Глумци.
 
да мразиш е малце голем збор, ама дека на к*р не ставам циници, актери/ки, пичколепези, пеперутки, шмизли - не ставам. Порано ми беа интересни за тепање муабет, немораш ништо да кажеш а све ќе ти кажат. Мислат допираат најдлабоки теми за смислата на животот ама не сваќаат дека одсекогаш само ја гребат WC шољата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom