Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Јао само колку ме нервираат луѓе што се фураат,што се прават нешто а у ствари не се ни пола од тоа.
И само летаат и летаат.
Такви ги имам сретнато многу.
Ептен држи муабетот"тоа што го неќеш секогаш до глава ти доаѓа и во близина ти е "
 
Татини мази и галеничиња. Во нив најчесто спаѓаат и тие нафураните кои што мислат којзнае што се и кои се. Ретарди кои цел живот се вадат на името на тато или мама. Оние кои мислат дека цел живот ќе лежат на грбот на родителите и трошат пари. Личности кои иако имаат 25 години се понашаат како 10 годишни и се дрецкаат од земја ако тато и мама за нешто речат НЕ. Можеби некому ќе му личам на исфрустрирана будала, ама мене тоа најмногу ме вади од кожа. А што е уште полошо морам да се помирам со фактот дека цел живот ќе се среќавам со такви.
 
Најпрво кога ќе ми дое некој во друштво, што го гледам прв пат, кога ќе почне да збори- гласот, интонацијата, не дај боже да почне да писка и да почне да се фали и користи истрошени фази кои ги знам уште пред да почне да ги кажува, а јас да седам спротива од него, да пушам цигара и да праам фаца нешто измеѓу тоа да кимам со главата божем се согласувам со него а во исто време ми иде да го рашутирам на клоци од маса :)
 
Пред се ме нервираат луѓе со негативна енергија намчори невидени...Исто така би споменал професорите во средно поготово оние дигнатите што си лечат фрустрации на учениците,исто така мислат дека се нешто над нас треба да бидат поштувани не викам не али они претеруваат.Еве например другари другарки кога ќе ја видат директорката ја поздравуваат како да кажам со улизување што тоа мене ме нервира,исто така на професорите им лижат газо, мене тоа ме нервира неможам да дозволам да му се потчинувам на некој и да му лижам ГАЗ..
 
Луѓе кои премногу се фолираат,се прават дека се сезнајковци...дволични себични...општо речено вакви...но некако и не се замарам премногу за луѓе од ваков калибар..
 
Сартр рекол пеколот тоа се другите а Бијант рекол повеќето луѓе во секоја генерација се лоши а еден рекол оној кој после 40 година не станал мизантроп тој никад не ги сакал луѓето (значи бил мизантроп а приори) така да се повеќе ми се гади од луѓево не сваќам како уопште се ебаваат мешу себе мажи со жени а уопште не се познаваат ниту разбираат, се користат како средство а не како цел, според Кант баш спротивното треба.
 
Ме нервираат некои 'генијални' умови кои што се осмелуваат да ми кажуваат како јас треба да правам со мојот живот, како да се осеќам во однос на ова, во однос на она. Ме нервираат луѓе кога ми викаат не се лути а некој ме повредил или кога ми велат не плачи затоа што така сум покажувала дека сум била слаба. Ме нервираат луѓе кои што се обидуваат да ме наведат на некој си нивен замислен прав пат (до душа веќе немам такви околу мене). Ме нервираат луѓе кои што мрчат на одредени теми без притоа да размислат дека можеби нанесуваат некому огромна штета на емоционално ниво истакнувајќи го својот интелект за кој не се сомневам дека го имаат, но не секогаш интелектот е за секаде. :cautious:
 
Attention whores!! Психолошки вампири кој се спремни да го исцедат од вас вашето внимание, емоции и време само за да си ја нахранат својата суета!
Лицемерни безрбетници кој се кријат позади комфорот на нивните лаги, и врз нив го градат својот живот!
Очајни изговори од луѓе кој ве лажат, а ви велат: "прифати ме каков што сум"......
 
Анкетата и да дозволува повеќе гласови, пак не ја бива. Сите наведени одговори претставуваат особини, од кои верувам дека нема кој не се гади. Дури и таквите луѓе се гадат од другите такви. Затоа не гласав и ќе напишам на кратко кои човечки особини мене ме нервираат, а кои не можам да ги поднесам.

Ме нервираат мамини и татини мази. Тие луѓе се најголемата штета на светов, затоа што никогаш ништо нема да направат ни за нив ни за некој друг. Џабе живет.
Ме нервираат луѓе кои мислат дека се` знаат и кои и по цена да испаднат глупави, мора да се вмешаат во секаков муабет, па дури и да продаваат памет.
Ме нервираат луѓе без основна култура и почит кон другите.
Ме нервираат напорни луѓе кои не знаат да замолчат или да се тргнат од пред очи кога е јасно дека токму тоа треба да го направат.
Ме нервираат фалбаџии. Значи нервите ми се кинат од луѓе кои живеат за постојано да се фалат со шодае.
Не поднесувам луѓе кои не си го ценат и сакаат своето семејство.
Не поднесувам луѓе кои лажат, без оглед дали лажат од навика, такви се родени или уживаат во тоа кога им се укажува прилика да го направат.
Не поднесувам материјалисти. Тоа ми е најнискиот вид на луѓе, од кои озбилно можам да повратам.
Не поднесувам алчни и себични луѓе. Тоа се слични како материјалистите, па и од нив ми доаѓаат истите нагони.
Не поднесувам луѓе кои мразат или малтретираат и убиваат животни. Тие никогаш немаат добра душа.
Не поднесувам злобници, луѓе кои колнат и мразат.
Не поднесувам верници кои се такви само на уста. Најодвратен вид на светов.
Не поднесувам наркомани и пијаници и курви и проститутки и спонзоруши.
:)
 
не дека не можам да ги поднесам сите горенаведените и споменатите во постовите ....само би рекла за нив дека се многу добри...за избегавање
 
Сите луѓе си имаат најразлични карактери, начини на живот, сфаќања, погледи... тоа си е се ОК невозможно е сите да сме исти како роботи ............ е сега ме нервираат луѓе кои директно или индиректно ми се мешаат во приватниот живот и кои сакаат да ме заебат и искористат .......... таквите отсекогаш сум ги ставал и ги ставам на игнор ....... е сега тоа што денеска повеќето се такви ................ и јас сум до одредена мера индивидуалист и материјалист по природа/карактерно, ама никогаш во животот не сум посегнал по туѓо и никого до сега не сум заебал или искористил, сакам на истиот начин како што јас се однесувам со другите и другите така да се однесуваат со мене, ми се стемнува од лица кои ми се јавуваат и ме бараат само ако нешто им треба, за некаква услуга т.е. интерес, а притоа гледаат само да ме заебат и искористат !
 
Ме нервираат луѓе кои немаат никаква амбиција за ништо, ме нервираат луѓе кои го трошат својот живот кој е краток, и скапоцен на живеење на животите на другите, ме нервираат луѓе кои континуирано се караат и се надмудруваат за вкусови, луѓе кои не сакаат да се спознаат самите себе - или уште подобро никогаш не ни помислиле на такво нешто. Кога бев помал ме нервираа (или мислев дека ме нервираат) луѓе кои немале среќа да имаат ист IQ коефициент колку мене, како поминуваше времето сфатив дека не е интелигенцијата која е пресудна за многу погледи кон животот, битна е љубопитноста.
 
како да ги ставиш на игнор еве какви мрзам пред некој ден јас со точак нели еколошка свест и еден ми вика шо ме глеаш а ја веќе поминав пошо возев точак и се брзав за работа а сум погледнал онака случајно (мотиви на активност) и ко шо бев нервозен одма вратив кој те глеа а беа двајца и јас дал да им се вратам или да стигнам на време на работа си викам ма кој ги ебе им реков еме ме знаете кој сум друг пат кога ќе ме видите ќе се обрачунаме сеа иам работа пошо јачи мотив беше да стигнам на време на работа е такви мрзам, сите нервозни па им смета секој само забораваат дека и другата страна исто е нервозна и крив им е секој.
 
Луѓе од кои не можеш до збор да дојдеш, нафурани фаци во стил јас сум ,, нај '' сите други сте доле :tapp:, дволичност, користољубиви, и луѓе во кои постојаноооооооо тлее некоја злоба, не сфаќајќи колку е краток животот, на кои едниствен фокус им е омраза т.е. намќори :)
 
како да ги ставиш на игнор еве какви мрзам пред некој ден јас со точак нели еколошка свест и еден ми вика шо ме глеаш а ја веќе поминав пошо возев точак и се брзав за работа а сум погледнал онака случајно (мотиви на активност) и ко шо бев нервозен одма вратив кој те глеа а беа двајца и јас дал да им се вратам или да стигнам на време на работа си викам ма кој ги ебе им реков еме ме знаете кој сум друг пат кога ќе ме видите ќе се обрачунаме сеа иам работа пошо јачи мотив беше да стигнам на време на работа е такви мрзам, сите нервозни па им смета секој само забораваат дека и другата страна исто е нервозна и крив им е секој.

Шо ме глеаш бе ................ :D
Не ми се верува каков се народ има на планетава ........ да ти се налути некој оти си го погледнал онака случајно :facepalm:
Не се замарај со такви, стави игнор и продолжи си по патот, не вреди со такви да влегуваш во конфликти, пошто знаеш будалите прво ќе те спуштат на нивно ниво, а потоа ќе те победат на искуство !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom