Каков е интернетот на Телекабел, Теленет...

  • Креатор на темата Креатор на темата Net_Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@ netsfan
и кајмене сега се поправи и крена на 4 мбпс, ама исто и кајмене пинг како кај неонка. и точно и кај мене од константни 6 мбпс сега е 4. или ја тупат нешто со сервисирање, или незнаат шо е, или па се спремаат за нешто асално на пример 10 мбпс ко шо личи. Ако ме прашаат мене нека опнат 12 колку шо држи модемов, да си бидеме весели со телекабелчево. вака одма зјапам по други понуди.

Поддржува 38 Mbps downstream со DOCSIS, a 51 Mbps со Euro-DOCSIS (се користи кај нас).
 
Доволни се и 4 мегабита, само да е неограничен без спуштање брзини за 500 денари :pos:
 
Дали сите на Телекабел имаат проблеми со симнувањето на торенти?

Торентите со најмногу сидери на Замунда се симнуваат со 20-30 кб/сек повеќето време, ќе се качат на 400кб/сек и повторно исто... А претходно за торенти со 10тина сидери од Замунда симнував со максимум брзина...

Што е проблемот со Телекабел, бидејќи не е до компјутерот.
 
Да не не ти е ресетиран модемот?
Дај види извади го од струја, па пак назад и провери што ќе биде :)
Кај мене е се ОК, ама еден другар на Cabletel имаше сличен проблем :)
 
Последниве 10-на дена имам редовно проблеми со торенти.
 
И јас денес имам проблеми со торенти :nerv:
ццц...
 
Катастрофа е интернетот. Го имам веќе недела дена, и од самиот почеток е катастрофа, особено торентите.
 
Да што не е јасно во моментот копање - ај да го поедноставиме ...

1) Имате капацитет на точка од Х мегабити
2) Гледате дека корисниците почнуваат да го плафонираат линкот кон таа точка
3) Одлучувате да копате нов оптички кабел до таа точка
4) Се бавтате до дозволи
5) Копате, инсталирате оптика, поврзувате
6) Подесувате и корисниците се пак среќни

Вака од тепка што мислите колку денови се просечно потребни да се направат овие 6 точки - 30-90 дена дечки ... (зошто само 20 дена ќе трчкате по дозволи)

Затоа одредени делови од Скопје имаат нешто по неквалитетен интернет периодов ...
инаку колку да знаете дека веќе добри 2 години скоро е невозможно да филтрирате само торент сообраќај како што тука одредени личности праат филмови ... плус објаснете зошто во некои делови на Скопје би филтрирале, а во некои не ... (еве јас ќе се исклучам од равенкава бидејќи ко божем моиве 10 мегабити биле со врски)
 
Нели градеа централа пред некој месец со цел да се подобри капацитетот и сега после 3 месеци сме го достигнале плафонот?
Колку ли милиони корисници има Телекабел?
Па добро има ли некој стручњак сто предвреме ке процени дека мал е капацитетот и предвреме ке земе дозвола,ископа и ке го среди сето тоа???
Цело лето што ли се праеше?? Што не копаа тогаш и сега да бидат спремни? :tapp:
И баш ме интересира на која локација тоа се копа ????

Во секој случај им преостанува уште малце време да се средат,пошто онака како што сега се поставени работите мислам дека не им се пишува баш најдобро.. Другите почнаа да нудат далеку подобри понуди, а да не праиме муабет што се спрема од телеком..
Значи ,очекувам во наредниот период(30-90 дена :) ) да се опраат и да не излагаат со понуда за брзина под 8 мегабита за цената од 1500 денари.
Или нека намалат цена а зголемат вклучен сообракај,пример 500 денара 4 мегабита и 30 гига ..

Веке 3 години им давам по скоро 2000 денара месечно,до пред некое време увек ги фалев дека нивните услуги бар во интернетот дека одат по нагорна линија .Дали дојдоа до максимумот нивни незнам,времето(кое е кратко) е пред нас,ке видиме.
 
оптика не е баш ефтина инвестиција, не можат сите компании да ја напраат
 
Јас имам Телекабел, интернетот е супер, никогаш не снемува интернет а ем и е брз.
Задоволен сум од Телекабел.. позз
 
Катастрофа торентите. Oд torrentleech каде што секогаш сум имал максимална брзина, сега имам 3.6 KBps.
 
Јас до пред месец ипол бев задоволен од Телекабел но последниве месец ипол се полоши здравје...Многу слабо,страните тешко ги вчитува симнувањата спори а да не збориме колку пати у денот паѓа.Така да во најскоро време ќе ги сменам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom