Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
видете ја прво гредата во вашите очи, пред да ја видите раската во туѓите
 
кој што сака нека си прави секој си е одговорен за своите постапки, нит судам на некого нит сакам да ми судат...ако ти е филм да пушиш грас пуши!! незнам кој денес незнае за дејството и евентуалните последици од грасот..е сеа ако и покрај тоа реши да пуши...
 
Јасно Адриана, ама темава е отворена за тоа „како влијае марихуаната на здравјето“. Значи и мене ми е сеедно што прават другите, ама работава е да им укажеме колку е тоа нездраво. И не биди сигурна дека:
незнам кој денес незнае за дејството и евентуалните последици од грасот...
Зошто очигледно незнаат, чим се толкави инаетџии. :roll:
 
Да имав некоја улога во министерство за внатрешни, се тоа шљамот би го млател од вечер до сабајле. Било да се џанкери, било да се алкоси.
 
Ацид и Дивне... Дај бе престанете со таа негативна кампања против марихуаната... И со напаѓање на корисниците...

Вие зар ќе им солите памет? Си знаат они...

28 години иам... И ми се десило и мене да бидам утепан како Штранга & компанија... Али не си реков дај да дувам мајку му стара...

Него што ми беше муабетот? А да, порака до Бич, Гижо и остали јуниори.. Со секоја испушена марихуана се наголемуваат шансите за аномалии кај вашите идни деца.. Ова што го кажав е 100% точно. Не со континуирано користење.. СО СЕКОЈА ИСПУШЕНА МАРИХУАНА!!! Па ако планирате да немате деца у животот дувајте. А ако дувате, ве молам немојте да планирате деца, пошто не се они криви да се родат дебилитетни ради што на некој му било закон да дува 5-6-7-8 итн. години...
 
Јас знам дека ти умираат клетки во мозокот (така барем некако) и дека по одредено време доаѓа до импотенција :o
 
VirtualA напиша:
Јас знам дека ти умираат клетки во мозокот (така барем некако) и дека по одредено време доаѓа до импотенција :o

Вака... Со секоја марихуана се изменуваат мал дел од половите клетки (гаметите). Многу мал процент! Ама генетски се изменуваат!!! Бројот на хромозомите доживува аберации. Е сеа зависи при оплодување која клетка ќе се погоди, ама што повеќе марихуани, толку повеќе можност за деца со Даунов синдром, Патау Синдром, Клине-фелтеров синдром, брахидактилија, синдактилија (доста често), хидроенцефалитис... 80% од ваквите деца се деца на родители кои што употребувале дрога, 50% од тие употребувачи употребувале само марихуана!

evan.jpg


f0406204.jpg


patau.jpg


patau2.jpg
 
Долфин пријателе, сликчињата ти се малкуцка гаднички, не мислиш дека е поарно само да ставиш линкови до страните од каде си ги симнал или слично. Вака, јас имам јак стомак, ама на многумина може да им биде непријатно гледањето. Плус има и некои деца понекогаш на форумот. Точно дека се воспитни во муабетот против консумирање дрога, ама... :wink: !
 
Све ми е тоа јасно Гарфилд, ама јас мислам дека треба да се остават сликите како што се... И сите да ги видат!!!

Без разлика каква реакција моментално ќе предизвикаат, нека им се врежат во памет на сите, и следниот пат кога ќе посегнат по марихуана, нека им текне што прават!!! Мислиш дека тие што не се ноторни зависници ќе посегнат ако ја знаат вистината?
 
А бе и мене ми е јасен воспитниот ефект, само си мислев за оние кои имаат послаб стомак за тие работи. Нејсе. Почувај ги некој ден, после ќе поправиме па муабет. Поздрав.

Ај, доста за ова, да не ја завртам темата во погрешен правец.
 
Е па Долфин, зашто не караш мене и Ејсид, а и ти си против и плус укажуваш на страшни последици од марихуаната? :(
 
Тоа карање беше “Ве карам ќерки, сетете се снаи“..

Аман, нели глеаш дека бев ироничен... Нормално дека ја, ти, Ацид, и Гарфилд сме он д сејм сајд, цуро!!!
 
А бе вие здрави сте шо зборувате или не сте...
А дека цели племиња и народи се џанкале и цела религија се јавила тоа како ви изгледа...
Тешко на Боб Марли со вас.
А бе Индијците во 19век востание кренале оти Британците не им дозволувале да се Ганџаат.
А вие овде Хендикепирани деца покажувате...
Па има проблеми со хендикепирани деца од секакви причини...
ах шо нема да сретни чоек на ова интернетов
 
Лавот, јас сум доктор.. И ти покажував медицински поткрепени факти...

Тоа многу малку се знае, бидејќи марихуаната е индустрија, и ако ова за породот со јака кампања излезе на виделина пропадна индустријата... Ако не ми веруваш мене, не иди подалеку...

Оди на педијатрија во Државна болница во Скопје и информирај се... На оделот за Генетика нормално...

И не викам дека сите деца на уживателите на мара се вакви.. Али енормен е ризикот, човек!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom