Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
VirtualA напиша:
по одредено време доаѓа до импотенција :o
kaj alkoholot doagja impotencijata vise po 1 litar........... :pov:

Dolphin напиша:
И не викам дека сите деца на уживателите на мара се вакви.. Али енормен е ризикот, човек!!!

sekoja substanca si ima negativna reakcija......
no vo naseto vreme kade sve e zagedeno,mislam ne moze 100% da se dokazuva od sto takvi slucki po sleduvaat......
 
мене искрено од CANABIS SATIVA не ми се верува дека можи до такви аномалии да дојди...
и објасни ми те молам од кај се заклучило дека од тревката така излегле децата...мислам можи од се да биди и во случај сите деца да имале родители- трефкари,така?
а тревата не ја измисливме ние нели?
и стварно (јас сум историчар :D :D :D :D :D ) имало низ историјата востанија за ганџа, се појавило и растафаријанство и верувај има премногу уживатели на ганџа за да се заклучи дека хендикепот е евидентен (според таа логика ќе се раѓаат многу такви деца).
Инаку јас лично не сум повеќе уживател ама сум за ставот ЛЕГАЛИЗАЦИЈА
 
b6b72eaf6698bcbf227b4c33fc1.gif
 
Нешто во контекст со темава..

Што е марихуана?

Тоа е најраспространетата нелегална дрога меѓу тинејџерите- според некои статистики повеќе од една третина пробале барем еднаш. Се добива од растението канабис сатива. Марихуаната се прави од врвовите ( главите) и од лисјата на осушената тревка. Хашиш и маслото од хашиш исто така се добиваат од делови на тревката канабис.

Како изгледа марихуаната?

Постојат повеќе различни форми на канабис:

* Марихуана- најчестата и најслабата форма на канабис. Се прави од сушени лисја и цветови на билката канабис. Цветовите ( односно главите) се најпотентната форма на билката. Марихуаната наликува на стрижена трева која по боја варира од сиво-зеленкаста до зелено-кафејава. Обично се пуши со водена лула (бонг), со обична лула или рачно завиткана во цигара ( џоинт).
* Хашишот се прави од смолата на тревката. Смолата се пресува во мали блокови. Бојата е нешто помеѓу светло браон и црна. Концентрацијата на THC во хашиш е повисока отколку во марихуана.
* Хашишово масло- преставува густ масно-течен екстракт од хашиш кој по боја може да е од златно кафен до црн. Обично се става на врвот на цигарата или во хартијата на цигарата и потоа се пуши. Хашишовото масло е посилна дрога од другите форми на канабис.

Како се употребува?

Канабис се користи на различни начини. Марихуана, хашиш и хашишовото масло може да се пушат. Други начини е преку јадење/пиење, може измешано со други состојки. Ако се пуши, делува брзо, но ако се јаде делува знатно подолго.

Како канабис делува на организмот?

Психоактивната хемиска субстанца во канабисот која доведува да се чувствувате убаво ('high'), се нарекува THC (delta-9 tetrahydrocannabinol). Ако канабисот се пуши, THC оди во белите дробови, потоа преку крвта во мозокот. Ако се прима преку стомакот THC поминува низ стомакот и црниот дроб и потоа во крвотокот и мозокот.

Зошто луѓето употребуваат канабис?

* Канабис предизвикува луѓето да се чувствуваат убаво ("high") или еуфорично, релаксирано ("stoned"). Помага да се чувствуваат посреќни, порелаксирани, потонати во пријатни фантазии, се смеат, зборуваат повеќе.
* Во некои земји канабис се користи при лекувањето на некои болести: го подобрува расположението кај болни од рак на хемотерапија, кај болни од сида а во некои експерименти помага при лекување на глауком ( очна болест).Кај ваквите болни се даваат контролирани количини на марихуана преку уста ( не преку пушење, бидејќи е штетно за белите дробови).

Дали има несакани ефекти?

Несакани ефекти- краткотрајни.
Ефектите на канабис варираат од човек до човек.

* Непосредниот ефект трае два до три часа и покрај доброто расположение, вклучува и некои несакани ефекти. Ако се користи со алкохол, овие ефекти се знатно поизразени и потешки. Се јавува следното: намалена концентрација, пореметена координација, пореметена перцепција за време, простор и дистанца , забрзана срцева акција (пулс), промена во крвниот притисок, поспаност, чувство на зголемен апетит, зацрвенети очи.
* Поголеми дози на канабис ги засилуваат претходните ефекти, а можна е појава и на додатни ефекти како: конфузија , вознемиреност , ексцитираност, халуцинации, паника, одвојување од реалноста , параноја, гадење.
* Ако се зема редовно и во поголеми количини може да предизвика психотични симптоми кои траат неколку дена. Овие епизоди често се карактеризираат како визуелни или слушни халуцинации. Психозата е ментална болест и значи дека некоја личност верува во имагинарни нешта, кои не се реални. Кај луѓе кои имаат предиспозиција за ментална болест, канабис може да предизвика појава на болеста.

Како резултат на долготрајна употреба може да се јават следните ефекти

* Ризик за астма, емфизем, скратен здив, белодробни инфекции, инфекции на грло, уста и канцер на белите дробови.
* Ослабната концентрација, загуба на меморијата и тешкотии во учењето.
* Депресија на имуниот систем, со што се зголемува ризикот за развој на инфекции.
* Сериозна ментална болест како што е шизофренија.
* Бремени жени кои користата канабис имаат ризик да родат дете со помала телесна тежина, недоносено дете, или дете со некои вродени дефекти
* Канабисот содржи повеќе тар и повисоки концентрации на одредени канцерогени супстанци отколку тутунот. Еден џоинт марихуана одговара на 8 цигари.

Што се подразбира под толеранција и зависност кон канабис?

При редовно земање на канабис се развива толеранција, што значи дека за да го постигне иститот ефект лицето мора да зема се поголема количина. Таквите луѓе се психолошки или физички зависни од канабис. Ако немаат канабис доаѓа до физичко страдање, се јавува проблем со сонот, чувство на страв, губиток на апетит и мачнина во стомакот. Овие симптоми се губат за неколку дена, иако проблемите со спиењето може да трајат подолго.

Како да се превенираат негативните здравствени ефекти?

Најдобриот начин да се избегнат штетните ефекти на канабис е да не се употребува- ова особено се однесува за луѓе кои веќе имале психотични епизоди или имаат позитивна фамилијарна историја за психоза.

Откажување од канабис

Постојат два начини: да се намали количината и да се прекине постепено или да се прекине одеднаш. Вториот начин е поефикасен. Корисно е претходно да се размисли која е причината за прекинување, тоа да се напише како потсетник и да се одреди денот. За да се издржи во одлуката и помалку да се мисли на дрога, корисно е ако лицето што се откажува биде максимално анагажирано со додатни активности. Треба да се избегнуваат познатите ситуации кои наведувале на дрога. Не е срамота да се побара помош од другарот. Треба отворено да им се каже на луѓето дека веќе не се работи за истата личност. Може да биде полесно отколку што се мисли.
 
ете луѓе, многу убаво објаснето...сепак темата е КАКО влијае марихуаната на ЗДРАВЈЕТО. епа не ќе да влијае позитивно
 
:aplauz: :pistol: :aplauz: :pistol: :aplauz: :pistol: :aplauz: :pistol:

to bictch! you go girl! ;)

kafeto namaluva kvalitet na sperma, cisto da znaete :D
 
VirtualA напиша:
Toreador напиша:
kafeto namaluva kvalitet na sperma, cisto da znaete :D

Не пијам кафе, тралалалала...
а за децата од сликите ...:pov:

nitu jas. :D ni cigari a pivo epten retko. Poveke sminkerski pijaloci, kokteli an d stuff...
 
The`bItCh напиша:
Несакани ефекти- краткотрајни.
Ефектите на канабис варираат од човек до човек.

* Непосредниот ефект трае два до три часа и покрај доброто расположение, вклучува и некои несакани ефекти. Ако се користи со алкохол, овие ефекти се знатно поизразени и потешки. Се јавува следното: намалена концентрација, пореметена координација, пореметена перцепција за време, простор и дистанца , забрзана срцева акција (пулс), промена во крвниот притисок, поспаност, чувство на зголемен апетит, зацрвенети очи.
* Поголеми дози на канабис ги засилуваат претходните ефекти, а можна е појава и на додатни ефекти како: конфузија , вознемиреност , ексцитираност, халуцинации, паника, одвојување од реалноста , параноја, гадење.
* Ако се зема редовно и во поголеми количини може да предизвика психотични симптоми кои траат неколку дена. Овие епизоди често се карактеризираат како визуелни или слушни халуцинации. Психозата е ментална болест и значи дека некоја личност верува во имагинарни нешта, кои не се реални. Кај луѓе кои имаат предиспозиција за ментална болест, канабис може да предизвика појава на болеста.

Како резултат на долготрајна употреба може да се јават следните ефекти

* Ризик за астма, емфизем, скратен здив, белодробни инфекции, инфекции на грло, уста и канцер на белите дробови.
* Ослабната концентрација, загуба на меморијата и тешкотии во учењето.
* Депресија на имуниот систем, со што се зголемува ризикот за развој на инфекции.
* Сериозна ментална болест како што е шизофренија.
* Бремени жени кои користата канабис имаат ризик да родат дете со помала телесна тежина, недоносено дете, или дете со некои вродени дефекти
* Канабисот содржи повеќе тар и повисоки концентрации на одредени канцерогени супстанци отколку тутунот. Еден џоинт марихуана одговара на 8 цигари.

Што се подразбира под толеранција и зависност кон канабис?

При редовно земање на канабис се развива толеранција, што значи дека за да го постигне иститот ефект лицето мора да зема се поголема количина. Таквите луѓе се психолошки или физички зависни од канабис. Ако немаат канабис доаѓа до физичко страдање, се јавува проблем со сонот, чувство на страв, губиток на апетит и мачнина во стомакот. Овие симптоми се губат за неколку дена, иако проблемите со спиењето може да трајат подолго.

me interesira od koj izvor ova e prezemeno......
 
Од заштита на децата и нивното здравје. :wink:
 
Нема да дозволам темава да се претвори во уште една од оние дискусии "дали да се легализира или не".

Доколку некој има нешто да каже околу нејзиното влијание по здравјето, нека каже - бидејќи е отворена во подфорум за "ЗДРАВЈЕ". Да не сфатите погрешно дека е поради подфорум "МОДА".

Во подфорумот за "Право" ќе си аргументирате за другите недоумици. Таму постои таква тема.
 
Добра забелешка Мистичен.
Јас само ке кажам дека во травата има миљон состојки, некои од нив помагаат во лечењето на глаукомот.
 
Марихуаната е честа дрога која е забранета

Марихуаната е една од најчесто употребуваните забранети дроги. Таа често пати се употребува да ги опушти луѓето меѓутоа може да има последици по здравјето кај оние што редовоно ја употребуваат. Кај некои луѓе може да се појават сериозни долгорочни последици. Достапна е помош за луѓето кои сакаат да престанат со нејзината употреба.
 
Добро ма Катја, и баклава да прејадеш е опасно по здравјето :wink: , дај нешто конкретно. По можност нешто ново, да не е стерилност, рак на бели дробови и сл веке одамна познати работи, и доста со тоа губењето на IQ. Such a bullshit.
 
Tonchie напиша:
По можност нешто ново, да не е стерилност, рак на бели дробови и сл веке одамна познати работи, и доста со тоа губењето на IQ. Such a bullshit.

Види што пишит во ова што го најдов. Спротивно на то ти што го напиша. :wink:
Пушење на било што (освен... ) не е здраво. Ама марихуаната воопшто не е опасна како тутунот, а луѓето помалку ја пушат. Единственото нешто штетно во еден џоинт е тутунот кој сте го измешале со тревата. Нема докази дека марихуаната причинува озбилни здравствени приблеми, ама, како и алкохолот, конзумација на марихуана кај децата и адолсцентни не е препорачана. Cannabis e медицинска билка (како ова смешно звучи ) и има стотици докази за тоа. Се користи како терапија против стрес, кај астмата , кај ракот и сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom