Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
КАНАБИС КАКО МЕДИКАМЕНТ

Канабисот, од кој се добива марихуана и хашиш, веќе 4.000 години се употребува пред сé во Индија, Кина и Египет како дрога, но и како лек против најразлични болести.

Најважните состојки на канабисот се таканаречените канабиноиди. Растението содржи околу 65 различни канабиноиди. Тие меѓусебно многу се разликуваат, особено што се однесува до употребата во лекови. Досега се испитувани канабиноидите - дронабиол и канабидол. Употребата на состојките од канабис во Германија е регулирано со закон:од 1998 година дозволена е меѓу другото употребата на дронабинол кај одредени болести, се разбира со дозвола на лекарот. Сега едно европско здружение на научници сака од состојките на растението канабис да развие лек против мигрена и ревматичен артритис. Целиот проект е подржан од ЕУ со 1,5 милиони евра.
Децениското искуство со растението канабис кое се употребувало како лек против болки, европските научниците денеска сакаат да го применат за двете најпроширени болести кај луѓето: мигрената и реумата. Раководителот на проектот др. Бернд Фибих објаснува:

„Едно од првите опишани дејствија со канабис во Кина беше ревматично заболување. Поради тоа можеме да сметаме дека досега тоа покажало добри резултати. Од тука и нашата идеја да направиме нов лек - медикамент за реума и се разбира, без контраиндикации, за да можат луѓето да го земаат подолго време без притоа да се плашат од контраиндикациите.“

Потребата за нов и подобар лек е голема. Евтиниот лек од канабис би можел да ги замени скапите медикаменти против мигрена. Можната идна таблета од канабис меѓутоа нема ништо заедничко со хашишот, уверува др.Фибих:


„Луѓето не треба да доживеат една транс состојба кога ќе го земаат лекот. Порано луѓето правеле чај од ваквите растенија, односно од концентратот, ние исто така сакаме да направиме концентрат од канабисот, кој ќе може орално да се зема и кој релативно малку или воопшто нема да предизвикува транс состојба кај пациентите.“

Канабисот ги смирува болките, го отвара апетитот и го ослабува процесот на воспалување - објаснува една пациентка заболена од рак. И на пациентите со мултипна склероза и сида, со канабис можеше да им се помогне. Тоа се само одделни клинички докази кои за среќа не останале незабележани, што за научниците значи голем предизвик.

Европскиот научен тим најпрво сака да открие кое канабис растение е најпогодно за употреба во лекови и како состојките одговорни за ублажување на болки може оптимално да се искористат. Доколку овој проект се покаже како успешен и се направи таблета против реума и мигрена тогаш успехот на пазарот е загарантиран. Биохемичарот проф. Линхард Шмитц од универзитетот Берн во Швајцарија е посебно мотивиран:

„Кај двете болести - и кај мигрената и кај ревматичниот артритис, процесите на воспалување се релевантни и во преден план. Ние во лабораториите во Берн овие процеси на воспалување можеме молекуларно да ги испитуваме и да ги мериме влијанијата на екстрактот од марихуаната, како и влијанието на изолирани компоненти врз воспалувањата. Ние се надеваме дека со помош на екстракти од марихуана воспалените процеси ќе ги сопреме.“


Две до три години ќе потрае додека да биде презентирана првата таблета, која ќе биде погодна за клинички студии. Но, едно уште сега е јасно: и новиот производ од канабис нема да биде волшебното средство за комплетно излекување на мигрена и ревматичен артритис, тоа ќе биде само чекор понапред.
 
marihuana jas samo ponekogas vo drushtveni okolnosti, ako se pogodi raspolozenieto, atmosferata... za halucinacii nema sansi, barem kaj mene, no sekako zavisi od covekot, vidot na grassot, kolicinata...;-) mislam vo umerena kolicina nema opasni ili dolgotrajni vlijanija, posledici na zdravjeto, no sekako treba da se vnimava, ima dosta napishano za toa prethodno...
btw, za halucinacii mozebi poefikasni bi bile magic mushrooms, no povtorno e neli individualno... bi ostavil i eden link, ama da ne bidam obvinet za propaganda... ;-)
 
The`bItCh напиша:
КАНАБИС КАКО МЕДИКАМЕНТ

....
Европскиот научен тим најпрво сака да открие кое канабис растение е најпогодно за употреба во лекови и како состојките одговорни за ублажување на болки може оптимално да се искористат. Доколку овој проект се покаже како успешен и се направи таблета против реума и мигрена тогаш успехот на пазарот е загарантиран. Биохемичарот проф. Линхард Шмитц од универзитетот Берн во Швајцарија е посебно мотивиран:

„Кај двете болести - и кај мигрената и кај ревматичниот артритис, процесите на воспалување се релевантни и во преден план. Ние во лабораториите во Берн овие процеси на воспалување можеме молекуларно да ги испитуваме и да ги мериме влијанијата на екстрактот од марихуаната, како и влијанието на изолирани компоненти врз воспалувањата. Ние се надеваме дека со помош на екстракти од марихуана воспалените процеси ќе ги сопреме.”


-Затоа баба ми вика „внучко, дај ролни едно двојче да пафнеме троа, ме стега реумава нешо”...:pos::pos::pos:
 
Добро за мозокот штетно за срцето!

Проширете ги своите хоризонти!
 
Проблемот со канабисот е што слабите научни истражувања во почетокот на 60 го направија растението забрането. Само во Македонија има барем 50 растенија чија консумација е барем дупло поштетна од колку канабисот. Сега се прават некои обиди да се ублажат работиве ама тоа многу тешко ќе пројде. Ако сурфнете по нет има доволен број високо квалитетни научни истражувања кои укажуваат на многу позитивни аспекти не само на ТХЦ-то туку и на други компоненти од канабисот како ЦБД, ЦБН итн. Најинтересно е што има уште толку висококвалитетни научни истражувања кои укажуваат на високо токсичните ефекти на алкохолот на пример или пак на тутунот. Само овие две се индустрии стари и по 2000 години кои хранат многу луѓе на планетава и неможе туку така да се забранат. Нормално сите знаеме дека со се што се претерува може да биде штетно макар стабнува збор за некој исклучително здрава работа како на пример физичка активност. Има еден куп физиолошки пореметувања кај претерано активни спортисти! Тој што е исклучително закоравен и мисли дека секогаш ќе биде против канабисот нека испие едно пет шест вотки па непосредно после тоа може да разговараме за штетноста на канабисот. За крај: не пропагирам „не штетност“ на канабисот ниту пак негова легализација. Ме нервира претерувањето и потребно е луѓето да ги знаат вистинските работи па после може заедно да одлучиме што е подобро.
 
Зависи во каква состојба ја конзумираш и колку често ја конзумираш!!!
 
Говна, се е тоа срање!

Бришете ако сум експилцитен
 
Ne mislam deka cigarite se podobri od marihuanata vo pogled na zdravjeto, e sega za dejstvoto..
Ne e loso da se proba nekolku pati :)
 
Цигарите и алкохолот се поштетни од баба мара,али и со мара треба со мерка да не се лажеме.
 
MSV(support) напиша:
Цигарите и алкохолот се поштетни од баба мара,али и со мара треба со мерка да не се лажеме.
Ами кој да го свати сето тоа......:icon_roll
 
Па не да се претера нормално али што можете повеке зграбете може утре ке биде фурка па ке нема :)
 
На рибарите во Куба им го подобрува видот па навечер можат да ловат риба
хехехехехе
Иако не конзумирам никакви дроги и сум против саком животот да го ќивеам свесно во секој миг имаме доволно сетила за да осетиме сензации, без додатна неприродна стимулација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom