Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Ејј, баш ти фала за информацијата.
Ветувам дека никогаш во животот веќе нема да пробам.
Пеер,молимте,без реакции...
Жешко е,ме мрзи да се распраам,а паѓам на провокации пошто сум глуп.:(
 
Лееле па и тема сте отвориле за мене, бааги сум популарна меѓу младината.. шала настрана.

Може до утре сабајле да дискутираме на оваа тема, и секогаш ќе има 2 поделени страни: за тие што е штетна (тие што не пушат), и за тие што не е штетна (џанкеришта) :)

Но ајде да појдеме со неколку факти,
Дали знаете барем еден смртен случај предизвикан од марихуаната? Побарајте на гугл, википедиа, секаде барајте, нема да најдете...
Од друга страна, знаете ли колку милиони луѓе умираат од рак на белите дробови и други болести со пушењето на цигари? (Докажано е дека марихуана не предизвикува рак на белите дробови) А зошто тогаш цигарите се легални?
Знаете ли колку милиони луѓе умираат годишно од алкохол? А зошто алкохолот е легален?
Но бидејќи медиата пропагира дека марихуаната е штетна, затоа што некој др. на науки кажал така, демек била психотропна супстанца и сигурно дека сите ќе му веруваат на него.
Како може марихуаната да е нелегална, кога е користена повеке од 1500 г.п.н.е во Индија во племето Ганха.
Во Египет, во саркофагот на еден фараон е најден накит во форма на лист од марихуана. А знаете кој ја направи нелегална? Америка.

2h5p5sp.jpg


Y oска ви означува зависност
X oска ви означува штетност по здравјето
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Marijuana#Health_issues

Не е се толку зелен... кхм, се извинувам, розево. :)
го смениле текстот, не беше така.

абе шо ви викам јас, тоа ти е медиа..
ако намислиле да ти внесат нешо во главата, го прават тоа по секоја цена и ти си мислиш дека е така.
зашто не направат таква тивка кампања против цигарите? еве јас не пушам цигари, пошто се штетни, и џоинтот го пушам чист, без тутун.
 
Shit happens. From time to time. :)

Само не се правдајте со цигарите, алкохолот, рак на бели дробови итд.

Џабе се тешите, не е тоа здрава работа. Ниту пак горенаведените работи, но сепак, јас би се оддалечил од сите нив. Шо ти треба марихуана, алкохол, итд итд...
 
Разликата меѓу човек што пуши цигари и човек што дува е тоа што човекот што пуши цигари е свесен дека цигарите се штетни по здравјето.Луѓето што дуваат стално бараат некој изговор за да се самоубедат дека Марихуаната нема никакви последици по нивното здравје.
 
Пекумерно конзумирање алкохол е штетно.
Прекумерно пушење,уствари воопшто пушење цигари е штетно.
Конзумирање преголеми количества нездрава храна е штетно.
Дремење пред компјутер по цели денови е штетно.
Поголемиот дел од девојкиве шо шетаат со голи стомачиња на -20 ќе имаат последици подоцна.Значи штетно.
Зависници од кафе,претерано конзумирање кафе,штетно.
Користење марихуана постојано е штетно.
Се што е у преголеми количини е штетно.Ама баш се!
Крејзи,знаеш дека цигарите се штетни и пак пушиш.И тие шо дуваат постојано знаат дека е штетно па пак пушат. И шо е нејасно тука? Тебе ти се пуши цигари и пушиш,нив им се пуши трава и си пушат.
Шо само се препуцавате тука ко снаа и свекрва?
 
Хихухихихихуха. Чекај да се пријавам на интерно, ми се шина кичмава од смеење.

Стварно?
Баш штета.


Разликата меѓу човек што пуши цигари и човек што дува е тоа што човекот што пуши цигари е свесен дека цигарите се штетни по здравјето.Луѓето што дуваат стално бараат некој изговор за да се самоубедат дека Марихуаната нема никакви последици по нивното здравје.

Crazy in Love, од каде ти е таа информација?
Ако некои поединци ти оставиле таков впечаток, тогаш добро. Не можам да се сметам како некој шо редовно конзумира. Пушам многу ретко, кога ќе се најдам во некоја ситуација случајно. Ама, сепак никогаш не сум рекол дека не е штетна.
Се изјаснувам само дека не е онолку штетна како шо ја преставуваат одредени ,,паметњаковци'' кои ставот си го базираат на рекла-казала принципи.
Штетна е, ама доколку се конзумира многу често и во поголеми количини.
А, дека нејзиното конзумирање повремено, односно многу ретко, влијае којзнае колку штетно со тоа не се согласувам воопшто. Не ми требаат медицински цитати тука од Bacillus Gagous, тато е доктор, и многу убаво знае како влијае.
 
Шо е премногу често за пушење марихуана?
Кај е границата?
Озбилно прашувам.

Научно е докажано дека не постои доза на THC која може да биде летална (смртна)
А граница? Зависи од видот на марихуаната и зависи од личноста како го доживува high-state.
Еве мене, 2 џоинта дневно ми се доволни, вечерно време.
 
Шо е премногу често за пушење марихуана?
Кај е границата?
Озбилно прашувам.

Не постои точно определена граница. Индивидуално е.
Под премногу често пушење марихуана, се подразбира секојдневна конзумација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom