Како изгледате во очите на другите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anck-Su-Namun
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа што сум отворена и дружељубива,сакам да се смеам и вртам муабети со секој луѓето ме мислат за позитивна личност,добра и зборлива (во позитивна смисла).Тоа е зошто кога сум во контакт со непознати сакам да оставам добар впечаток а таков можам да стекнам само ако се чувствувам слободна да кажам се што ќе ми дојде,да прашувам и анализирам луѓе на мој начин.Е сега кој како прифаќа...има луѓе кој ја прифаќаат мојата комуникативност и се вклопуваат во разговорот со мене.Таквите велат дека сум ведра,комуникативна ама знам добро да се прикријам ако несакам некој да дознае повеќе за мене и пак да останам нормална и да не молчам.Знам да се испонашам и јазикот да ми биде побрз од разумот,тоа им смета а понекогаш и поминуваат преку тоа.А за оние кои не сакаат зборливи особи туку би да уживаат во тишината на некој разговор сум досадна,сакам да се истакнам пред некој,а со таквите и јас самата нејќам да комуницирам,едноставно несакам ситуација седам на кафе или било каде и вадам зборови од уста.Ме убива тишината...fiksna:
 
Уууф лошо. Често знаат да ми кажат колку лоша слика имале за мене пред да ме запознаат сум била „мало дигнато,намрштено мислиш ќе те истепа“. Дури, девојка со која чекав порано автобус и рекла на другарка ми дека сум била страшна и како можела да се дружи со мене“. БОГ ДА ЧУВА,па кој се смее во 7 наутро бе.
 
Најубав,најпаметен,најдуховит,најзгоден,најдобро облечен,најбоље фризура,умее со девојки....Знам еден ваков:pos2: У кој свет си живее само незнам. А иначе за мене...Абе до сеа не ми кажале нешо лошо ама има 100% само нејќат да ми кажат.
 
За каков ме сметаат??? Нивна работа. Јас сум она што сум. А за каков ми кажале дека ме сметаат? Тоа е друга работа. Па најчесто викаат дека сум затворен, што до некаде и држи нивниот “комплимент’’. Да, сум затворен но и се трудам што помалку да бидам, знам дека е малку негативна таа особина.
 
Е не знам за каква ме сметаат , тоа треба да се прашаат другите..Сепак јас мислам дека ме сметаат за спротивно од она што сум ..Т.е ме сметаат за дигната и слично , дека слабо комуницирам со луѓе , а тоа е од проста причина дека сум срамежлива , и тоа многу ..И веднаш се добива погрешен впечаток ..
 
повеќето ме гледаат како откачена личност(што е точно до некаде)како дигната личност(што е најмалку точно)некои ме гледаат како лоша личност и после тоа кога ќе ме запознаат го кажуваат спротивното,некои се десило да ми речат дека ширам негативна енергија но тоа не е точно може тој ден не сум била расположена јас искрено секогаш сум си насмеана:toe:поздрав
 
Веројатно изгледам во нивни очи,онака како што тие сакаат да ме гледаат, можеби сосем спротивно од она што сум,ама јас сум си таа што сум и тоа е тоа.Во секој случај како сакаат така нека ме гледаат воопшто и не ми смета,секако за некои ке бидам супер,за некои не!
 
Најискраено, баш ме интересира како други луѓе ме гледаат. Знам блиските како ме гледаат, затоа што нивните дела говорат доволно, но оние подалечните познаници, или дури непознаници појма немам како би ме гледале. А баш ме интересира...секогаш е забавно да дознаеш нешто ново за себе. Посебно кога дечко ми ми кажа дека пред да се запознаеме како што треба мислел дека сум најарогантната цура во средно! :pos2:
Сепак туѓото мислење не ми влијае многу. Како и погоре пишано, не може човек со сите да е добар и близок...така да тоа е тоа.
 
Или многу ме сакаат или ме мразат, зависи од карактерот на гледачите.
 
Тешко прашање.

Не знам веројатно изгледам срамежлива,ќутлива,весела и насмеана.
Што знам,лошо е човек сам за себе да кажува како го гледаат другите.
Тие што се ок со мене имаат една претстава,тие што не ме поднесуваат,друга претстава.

Вистинската јас,она што сум,ни јас не го знам.
А можеби го знам,ама го игнорирам.
Комплицирано е.
 
Неам појма, не сум им во macula lutea...

И зависи кои се „другите“, и какви се нивните ставови.. Веројатно на некоја рандом баба што првпат ме гледа, и изглеам на наркоманка, али коа ќе ме сопре за да и помогнам со ќесите од пазар, или за да и станам у автобус (да, секојдневно налетувам на вакви рандом баби), гледа дека уствари сум добро воспитано детенце :pipi:

А од тоа што ми кажале, блиските ме гледаат како пацифист што увек сака да им помогне на другите, човек на кој што можат да му се доверат за се‘ и кој има решение за сечии проблеми (не за џабе сум „личен психијатар“ на многу луѓе, од кои некои ми се имаат доверувано и при прво гледање.. :/ ) :)
 
Асоцијален тип од тешка категорија here.
Па вие проценете како изгледам.:smir:
 
ммм Сите ми рекле дека мислеле дека сум постара ама нема везе тоа.. Битно ако не сите 90% од луѓето со кои што сум правела муабет на темава ми рекле дека мислеле дека сум тешка шмизла.. Незнам зашо :toe:
 
Боцкав, намуртен, асоцијален.:pipi:
 
Зависи во чии очи. Едно е сигурно - чудна, па сега некои вадат впечаток дека сум премногу сериозна и замислена, како да не сум во реалноста, а други ми имаат кажано дека се` сфаќам на зафрканција, затоа што во добро друштво можам да се смеам премногу...
Првите се во право, со вторите едноставно сум се издувувала од мојата прва состојба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom