Како ги препознавате лажговците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Кога некој не го знам доволно-не му верувам,едноставно.
Не се доведувам до ситуација да “откријам“ дека е лажго,туку со тек на време,ако ја заслужи-ќе ја има мојата доверба.:)

И јас сум иста
 
Кога ќе почнат да зборат пребрзо.
 
Во зависност од способностите за лажење....
Обично ги откривам но постојат и такви кои ме лажеле прилично долго време а јас сум им верувала па сум дознала но веќе било доцна...
Исто така зависи за што ме лажат...обично се дистанцирам од такви личности.
Единствен исклучок:Еден мој другар,знам дека ме лаже и знам кога ме лаже и многу ми е смешно кога се обидува да ме убеди во тоа што го зборува а јас знам дека е лага.Со него живеам супер и знам кога лаже,многу е очигледен....

Кога ќе почнат да зборат пребрзо.
Не мора да значи,можеби се нервозни.Сестра ми понекогаш зборува пребрзо а знам дека не лаже:toe:
 
По носот, им расне ко на Пинокио :wink:

Како? Никако.
 
Зборат пребрзо како навиени:wink:
 
Введнаш сеќавам некого кога лаже, тешко дека некој навистина ќе успее.
 
По носот, им расне ко на Пинокио :wink:

Како? Никако.

Респект за постот.Најточен е. Просто и едноставно...неможеш да знаеш дали човек лаже...ако те лажел порано или некој ти кажал оти е таков...ќе знаеш на што да посумњаш и ќе осетиш...ако не...гаѓај на среќа...
 
Не можеш да процениш личност на прв поглед мора да ја запознаеш за да дознаеш што е и како е така да.......само знам дека тој што лаже не може долго време да се сокрие и брзо ке се дознаат неговите намери......и затоа јас си верувам на одредени личности шо ми се од поверење :wink:
 
Za da gi prepoznavam ke mora licno da se vidam a lesno se prepoznava po pogledot , da da, ima nesto vo pogledot sto otkriva deka lazat
 
Скоро секад фаќам во лага, и скоро никогаш не кажувам дека сум скопчала дека некој ме лаже.
... (скоро)Никому не верувам, за да отријам лага, поставувам неколку едноставни прашања околу темата, после си ги спојувам одговорите, пазам до најситни детали ... ретко некој да биде доволно сконцентриран за да состави приказна која звучи вистинито...
 
Им поставувам одредени прашања додека ми раскажуваат, за кои знам дека немаат спремно одговор, се со цел да се збунат, да се сплеткаат во раскажување и да сфатат дека знам дека ме лажат.
 
хехе на лагата и се кратки нозете! :) незнам дали е до мене или до нешо друго ама познавам ловек кога ке ме излаже.. сум приметил на мн луѓе кга сакаат да излажат очите им шараат 100 на саат, гласот на некои им трепери и слично. ако ми е сумлив на приемр после извесно времем ке го потпрашам за некоја работа шо ми ја кажал и ке видам какви одговори ке ми даде. 2 3 различни одговори = лажго. сепак постојат луѓе што знаат совршено да те излажат и да те натераат да поверуваш толку многу едноставно те зашеметуваат но сепак на крај вистината излегува на виделина па порано или покасно се дознава се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom