Како ги препознавате лажговците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Болна работа се патолошките лажачи. Целта нормално е манипулација, а некои си го прават од чиста мира, за полнење на лични недостатоци.
Лично ми пука трпението со такви. Не ги можам.
Најпрво, ќе ти продаде некоја прикаска, во која или ќе биде жртва за да го добие твоето внимание или нешто со што ќе добие наклонетост. Откако ќе види дека веруваш и сочувствуваш, ќе си продолжи со разглабањето на други лаги, па дури и себе ќе се убеди во нешто што е ноторна невистина или ванаби ситуација од некој туѓ живот.
Како ќе почувствуваш?
Ќе ти треба повеќе интуиција за да провалиш од старт, ама кога и да е ќе се издаде, несакајќи, па после ќе почне да цвика.
 
Ова жива вистина. Бившиот имаше нос за сечење бурек чија големина беше правопропорционална со лагите кои ги кажуваше. :)

Сигурно не си мислела така дур си била со него. :icon_lol:
 
Сигурно не си мислела така дур си била со него. :icon_lol:

Е не бе лице му правев :) Често се шегувавме на сметка на тоа. Ама шо има вистина има :D Чудна работа исто така и луѓе со тенки усни ме имаат доста лажано.Физиономијата врска нема со навиките на човекот ама ете..
 
На 3 начини.
Првиот-лугето кои добро ги поздаваам и ,,знам како дишат,, преку ставот кои го имам наметнато на нив спрема ова прашање
Вториот-лица кои не ги познаваам-или малку ќе се здткаат или ќе шараат со очите,но и кога на моето прашање не одговорат веднаш-спремно,но и некој малку се потат и сл.
Трето-чим ќе ја отворат устата знам дека лажат-политичарите
(сите ќе треба да ги гредам додека зборуваат за да утврдам дали лажат,додека вака-преку пишан говор само можам да претпоставам кој лаже,а кој не,до душа и сите се претпоставки,но барем можат да се приметат тие што ги гледам директно)
 
"People lie all day long, every day..." Препознавам лажговци од километар. Мојот одговор бил: аха аха :) Досега не се случило нечија лага да ме повреди или да ми нанесе штета. Ако им причинува задоволство да лажат и со тоа да мислат дека ќе "постигнат" нешто кај мене....нема проблем :)
 
можам да препознаам некој кога лаже и тоа кога низ муабет кажува нешто а за тоа нешто ми имаа кажано или сум го имала прашано и секој пат е различен одговорот а јас меморија имам јака и се сеќавам што кажал претходно.
Само ќе кажам дека луѓето коишто лажат и мислат дека не лажат со тоа што ни го кажуваат тие не не лажат само нас тие се лажат и самите себеси.
 
А ќе можеш ли да препознаеш дека некој те лаже ако истиот си ги прати муабетите? Извежбан си е, знае што кажал последно, и тој има јака меморија ко тебе... Пошто кога некој ќе смени три различни приказни за една иста ситуација треба да си теле да не сфатиш дека те лаже, така да - тоа и не е баш некое препознавање на лагата.
 
Им се гледа у фаца....црвени се праат коа лажат...:D тоа сум приметила.
 
А ќе можеш ли да препознаеш дека некој те лаже ако истиот си ги прати муабетите? Извежбан си е, знае што кажал последно, и тој има јака меморија ко тебе... Пошто кога некој ќе смени три различни приказни за една иста ситуација треба да си теле да не сфатиш дека те лаже, така да - тоа и не е баш некое препознавање на лагата.

тоа со различните приказни го набројав како еден од начините но можам да препознаам и кога ја кажува и истата приказна и во овој случај тој што си е научен да лаже ќе си кажува може иста приказна но секој пат ќе биде пофилувана и не е само оваа еден од начините за да препознаам тој што лаже можам да го препознаам и по лицето. погледот, начинот на движење на телото. гласот ......... но пак ќе повторам дека луѓето коишто лажат и мислат дека не лажат со тоа што ни го кажуваат тие не не лажат само нас тие се лажат и самите себеси.
 
Како ги познаваш? Што точно се случува со лицето, кои мускули се придвижуваат погрешно, каде оди погледот, кои се тие карактеристични движења на телото, како звучи гласот на лажгото? По кои параметри точно одредуваш дека промените на лицето, телото и гласот се резултат на кажување лага, а не просто на, рецимо умор или нервоза или срамежливост, страв, презир...било што? Со кој процент на сигурност одредуваш дека личноста спроти тебе лаже? !00 % си сигурна или оставаш простор за лоша процена од твоја страна?
 
можам да препознаам некој кога лаже и тоа кога низ муабет кажува нешто а за тоа нешто ми имаа кажано или сум го имала прашано и секој пат е различен одговорот а јас меморија имам јака и се сеќавам што кажал претходно.
Само ќе кажам дека луѓето коишто лажат и мислат дека не лажат со тоа што ни го кажуваат тие не не лажат само нас тие се лажат и самите себеси.
Убаво што ги препознаваш и убаво за јаката меморијата, ама вакви ситни лажговци сме сите.
Јас мислам дека муабетот е за оние за кои и на свои очи нема да веруваш ако видиш дека лажеле.
Не луѓе кои ти рекле дека вчера биле излезени, а уствари седеле на нет, ни човек што ти рекол дека седел со Тајсон на маса додека чувал деца некаде во странство, него за луѓе што во очи ти кажуваат дека те сакаат, те почитуваат и никогаш нема да те предадат, и ти им веруваш, а ќе те продадат за најкратко време при најмала укажана шанса..
Тука нема друга страна на приказната, нема грчење на мускули, ни па црвенеење на образи...

Такви лажговци можеш да препознаеш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom