Како до нов кафе бар?

  • Креатор на темата Креатор на темата frederic
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 септември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Возраст
51
Me interesira sto se treba da napravam za da otvoram kafe bar? Se misli na site cekori (birokratija i paperologija)od pocetok do kraj ( planovi, dozvoli, standardi ect.)? Koji se ministerstva i agencii treba da se kontaktiraat? Ako nekoj minal niz toa da moze da mi objasni od A-Z? Ocaen.
 
Me interesira sto se treba da napravam za da otvoram kafe bar? Se misli na site cekori (birokratija i paperologija)od pocetok do kraj ( planovi, dozvoli, standardi ect.)? Koji se ministerstva i agencii treba da se kontaktiraat? Ako nekoj minal niz toa da moze da mi objasni od A-Z? Ocaen.

Очајуваш да отвориш кафич? Најди си менаџер кој ке ти ги среди тие работи тоа е нивна работа ;).Многу подобро и побрзо ке го среди од тебе тоа а веруј ми ке имаш доста работа и тоа не е нешто кое може на форум да ти го објаснат.Ако имаш пари а веројатно имаш, плати си и сите задоволни на крај.Ако не друго, бар за името можеме тука да ти помогнеме.Ке најдеме некој cool име...
 
одреди си прво буџет за барот... зависи каква локација ке имаш, која таргет група на луѓе ке ти идат, како ке го работиш, Лоунџ Бар, Кафе Бар, Коктел Бар, Пица Бар,.... после почнуваат главоболките...ентериер, регистрирање фирма, фискализација, соработка со пивари и дистрибутивни центри.. фактури, книговодители, регистрирање на работници... ако мислиш дека ке завршиш се за 20 дена се лажеш ке ти искочат многу непредвидени работи околу тоа... ако сакаш и 10 менаџери имај.. важно ако веќе отвараш само домакинска работа... и со среќа
 
Прво треба да отвориш фирма, за да не се замараш ќе се обратш кај адвокат и ќе ти ги истрчка сите работи со дозволи и фискализација. Потоа ќе кажеш кај е кафе барот и ние ќе ти дојдеме на отварање :icon_lol:
 
Спреми си кеш >20 илјади евра(ако планираш да ставаш и твој инвентар).....и израчунај најпрво колку кошта киријата,и колку планираш да имаш трошок за вработените.....и рачунај првите 5 месеци дека и со загуба да работиш не смееш да се откажуваш...оти тоа е кафич,треба време за да им стане интересен на луѓето....

Така да до тие 5 месеци очекувај само од обртот да крпиш,на профит не ни размислувај,оти ќе те удри депресија и ќе се збркаш,и ќе си направиш проблем и со вработени и се ќе ти отиде у курац.

А за набавката за почеток ќе земеш колку што ти фаќа око...а после аутоматски како ќе ти се троши залихата,така ќе додаваш.

И за почеток најди си некое добро менаџерче за околу(7-8000денари месечно),и нека праи журчиња,нека викне некој бенд за викенди и сл....(ако ти треба човек пиши ми на пп,ќе ти препорачам човек со искуство)
 
Што се мене тиче, како прво ќе ти треба добра локација. После да си најдеш некој менаџер. Е сега ако сакаш да отвориш кафе бар и да го држиш многу години, секако се разбира треба малку поголема инвестиција (20к евра минимум). Па се стават убави маси/столчиња, да се уреди се. Најбитно е да се земе добра роба, на пример кафето треба да ти биде добро. Според мене Лаваца кафе и машина за правење кафе. Лаваца ти е 20 денари патронче а машината ти доаѓа без пари ако зимаш кафиња/патрони. Топлото чоколадо треба да биде доста добро. Е сега пиво сок секаде ти е исто. Секкоја сабота и петок ќе правиш журки (немора одма некои ѕвезди да ти дојдат, тоа со тек на време). И нешто што е најважно според мене и ми пречи е, да најдеш луѓе што стварно сакаат да работат и да ја ценат работата (а не некој да ми се мршти ако му кажам дека заборавил да ми донесе шеќерче за кафето). И тоа ќе биде од мене, ако ми текне уште нешто ќе надополнам. Па да ти дојдеме и на отварање здравје боже ако се отвори.
 
frederic, ако сеуште не си отворил јас би ти препорачала да не почнуваш. Верувај не се исплати, посебно не сега со законот за цигарите. Точно е сето она што е напишано погоре. Ти треба фирма, локација, пари и менаџер ( освен доколку ти самиот не поседуваш такви способности). Додека го спремаш локалот во меѓувреме може да се готви фирмата, бидејки таа ти е потребна откако ке отпочнеш со работа ( освен доколку не планираш да земеш инвентар на фактура, ама мислам дека тешко би земал така од причина што другите се плашат во случај да пропадне фирмата). Никако да не си отворит фирма ТП, оди строго ДООЕЛ и немој да бидеш даночен обврзник во никој случај, ќе те отепаат инспекциите, од причина што на ТП се помали казните незначително, но многу тешко се затвора и одговараш со целокупниот твој имот, на ДООЕЛ одговараш само со имотот на фирмата. Потребна ти е дозвола за работа за исполнување на минимално технички услови, ќе отидеш во инспекторат за труд и пазарна инспекција и ќе ти објаснат тие што како. Мораш да имаш вработено најмалку 4 вработени за да го покриеш работното време.Најдобро е целата работа да ти ја заврши адвокат, меѓутоа можеш и ти самиот, ке заштедиш многу верувај, а се работи за 1 недела до 2 трчкање.
Пред да го направиш сето тоа направи си пресметка, стави ѓи сите сметки на куп и види што како ќе излезе работава, бидејќи од искуство ти кажувам сметка нема ! Имај предвид дека плаќаш ќирија ( евентуално доколку не е твоја ликацијата), струја - индустриска ( сметките можат да достигнат и до 500 евра месечно), вода и придонеси за вработените. Ти требаат пари за набавка, на почетоот сумата за набавка ќе биде голема, понатаму ќе надополнуваш, меѓутоа совет: никогаш да не дозволиш нешто да нема повеќе од 1 ден!, најглупо е за муштеријата кога бара пр. пепси - нема пепси, бара леден чај - нема, топло чоколадо - нема или денес бара пепси- нема, утре - пак нема, друг ден - пак нема. Имај во предвид дека на почетокот може да ти се случи да немаш воопшто пари да набавиш се што треба, значи мораш да имаш пари настрана или поткрепа од некој што знаеш дека ќе ти помогне во кризни случаеви. Разбирање од вработените дека прометот е слаб или опаѓа или дека едноставно мораш да задоцниш со плата или дека денес одреден производ не може да се набави не очекувај и воопшто не дискутирај на таа тема со нив - само ќе си направиш проблем. Во летната сезона ке мораш да платиш за летна тераса/ бавча и тоа ти е трошок плус. Немој за даборавиш да ставиш трошоци за ракет и за казни. Ракет кога тогаш ке ти дојдат некои, а може и да се задржат за стално недајбоже, а и казна кога тогаш ке ти пишат, било за придонеси, за неиздавање фискална, за гласна музика, за малолетници после 00 часот или за точење алкохол на малолетници сеедно, најмалку 2 пати во годината ке платиш казна ( не дај боже може да плаќаш и почесто, по пријава на комшија, конкуренција или сл.).
Ти требаат пари за инвентар, маси столици шанк озвучение осветление и сл. Мој совет ти е да не купуваш на ново разврти се по www.pazar3 сето тоа можеш да го зајдеш по многу поповолна цена, има доста добар и зачуван инвентар, единствено што треба е да го претапачираш, а може да ти заштеди и до 5 000 евра, а може и повеќе во зависност од тоа што и коклу бараш. Кафемат можеш да купиш меѓутоа подобра опција ти е да склучиш договор за соработка со некои од овие што продаваат кафе и да ти го дадат на употреба, тие го одржуваат му прават редовен сервис, и знаеш дека никогаш енма да бидеш зезнат, фрижидери исто така ке ти дадат од скопска или прилепска пивара сеедно, а и најверојатно ќе ти дадат лимит да плаќаш подоцна, но внимавај колку поголем лимит поголем ризик ! Тоа е тоа, и на сето ова додади уште една третина од предвидените трошоци за непредвидени трошоци.
Сума сумарум не се исплаќа ! Тоа е бизнис кој бара многу голем ангажман, и не секој може да го води и најбито да го издржи, дури и ако си имал искуство со таков бизнис!
Мој совет е да разгледаш и други опции за друг бизнис.
Поздрав,
 
Сума сумарум не се исплаќа ! Тоа е бизнис кој бара многу голем ангажман, и не секој може да го води и најбито да го издржи, дури и ако си имал искуство со таков бизнис!
Мој совет е да разгледаш и други опции за друг бизнис.
Поздрав,

Ме интересира искуството е за локал во Скопје во централно подрачје или за друг град (локација)?
Патем се радувам кога вака некој детално ќе опише бизнис, а не се радувам што има ваков крај. Ние без искуство за водење на кафич ни изгледа дека има пари, но очигледно не е се како што изгледа.
 
А бе колку е маржата на кафето?
Дилер на дрога да си помала маржа ќе имаш :icon_lol:.
 
А бе колку е маржата на кафето?
Дилер на дрога да си помала маржа ќе имаш :icon_lol:.

доза набавно ти е околу 5 ден. Млеко уште 5 и станна 10. Продажна 70. Значи 700% па нагоре!

Набавна кока кола стакленка е 15 мкд. Продажна е 70 или 80. И тука има добра маржа
 
доза набавно ти е околу 5 ден. Млеко уште 5 и станна 10. Продажна 70. Значи 700% па нагоре!

Набавна кока кола стакленка е 15 мкд. Продажна е 70 или 80. И тука има добра маржа
е сега од тие 700% одбиј празни денови, дневница на вработени, дневни трошоци за кирија, казна некоја редовно секој месец која не е под 1500 еура, башка рекет и ке видиш дека едвај си спечалил 10 денари од пијачка...
 
е сега од тие 700% одбиј празни денови, дневница на вработени, дневни трошоци за кирија, казна некоја редовно секој месец која не е под 1500 еура, башка рекет и ке видиш дека едвај си спечалил 10 денари од пијачка...

За нова локација, можеби ова што го викаш е точно. Имам пријател кој е во бизнисот 15 години, на исто место, дневен промент му е околу 45 000. Викенди, знае да биде x3.


На дневници одат 500 до 800 денари на човек. Сите се пријавени на 10 600. За 15 вработени ги вадиш платите со една недела работа. На набавки трошиш уште ден ипол до два, струјата е еден викенд. После 15 години работа немаш празни денови.Рекетот го решаваш со отворена сметка за рекетарот, кој во 90% е маалски фраер кој сака да се курчи. И да испие 10 кафиња и 5 кока коли дневно не си во зијан. Е сеа, кирија неплака и тоа му е плус, така да ко ќе видиш не е така лошо.

Незначи дека ова е апликативно за секое ново место што ке отвориш. Битна е локација . Џабе на ленинова беше лудница летно време кога сега пиле не влага...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom