Како до нов кафе бар?

  • Креатор на темата Креатор на темата frederic
  • Време на започнување Време на започнување
Маржа на кафе ... Хммм ... значи сметате само кафе и млеко, ама имате и многу други додатни работи кои навидум изгледаат ситни, ама верувајте ситниците носат најмногу загуба, ем бидејки ги занемарувате како ситници, ем затоа што е ситно ... за кафе се трошат и лажички и шеќер, и нешто најбитно струјата, кафематот ти работи и без да правиш кафе, сума сумарум маржата е мала, ... за сокови и др. пијалоци има друг потрошен материјал, како што се чашите кои иако се непотрошен материјал, сепак се кршат и мораш да ги надополнуваш , потоа лед, или ке имаш ледомат кој исто така троши струја и вода или ке треба да го купуваш, лимон, портокал, зависи, цевчиња, сето тоа кошта и иако е ситница е додатен дел од услугата и троши пари. По определен период мораш да реновираш, што може да се поправи ке се поправи, што не ке се замени со ново, а реновиранје на кафиц е 2/3 нов кафич, а понекогаш и буквално нов.
Никој никаде не ги става трошоците за хигиена, циф, доместос, сјај за миење, течен сапун, тоалет, хартија за раце, освежувачи, и сл, а само тие ти се трошок месечно од 100 евра.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 00:49 ---
Ме интересира искуството е за локал во Скопје во централно подрачје или за друг град (локација)?
Патем се радувам кога вака некој детално ќе опише бизнис, а не се радувам што има ваков крај. Ние без искуство за водење на кафич ни изгледа дека има пари, но очигледно не е се како што изгледа.
Ако немаш искуство дефинитивно не почнувај сам, или земи некој со тебе во кој имаш доверба, акој има искуство или биди ортак со некој кој веке има искуство. Е сега битна ти е довербата, бидејки ако немаш искуство многу лесно и неосетно ке те подкраднуваат и персоналот ( кој секако во тој дел има искуство) а и ортакот ако не ти е човек од доверба. Искуството не е за во Скопје, меѓутоа начинот на водење на овој бизнис е горе доле ист со некои мали разлики, а во Скопје се плашам е малку повеке потешко отколку во другите градови за човек без искуство. Разликите се во маржата што ти ја споменуваат другите, меѓутоа пази, ако е поголема продажна цена, таму е поскапа киријата и сл. Мој совет ти е да направиш детален бизнис план со сметководител, притоа побарај помош од некој што веќе имал искуство. И уште еднаш ќе ти напоменам не ги занемарувај ситниците, тие највеќе допринесуваат до загуба!
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 00:56 ---
Има дуќан до него празен, ама газдата не му го продава.
Ако се прошири автоматски ќе му треба повеќе персонал, главоболката поголема, печалката горе-долу иста ;)
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 01:13 ---
Дали имаш искуство со ресторан, дали се исплати?
Да имам искуство, не се исплати. Месечно можеш да имаш плата да речеме до 500 евра, ама за таа цел главоболката е огромна, мораш да се откажеш од секој празник, недела, од фамилијарни собири, свадби, крштевки на најблиските и сл. мораш да си подготвен дека ке ја занемариш девојката/ дечкото или фамилијата, сеедно, одмори... тешко,а и ако отидеш повеќе од 5 дена никако во спротивно кога ке се вратиш во локалот ти настанало каша попара :) бара огромен ангажман, многу физички и психички напор, што кога размислиш подобро повеке ти се исплати да работиш некоја друга работа за малку помала плата, меѓутоа добиваш нешто незаменливо ( наведеното погоре). Да не заборавиме дека не е секој месец розево, има месеци кога работиш со загуба тогаш е најтешко (особено на почетокот или ако немаш доволно финансиска поткрепа, тогаш психички слабееш и сето тоа се одразува и на бизнисот и на фамилијата, а првенствено на себе ), затоа со ваков бизнис се прави план на подолг период, на година или поголем период, меѓутоа тоа само за печалката, бидејки трошоците не трпат време, тие си течат, за трошоците планот е најдобро да биде за месец, зависи некои и неделно.
 
Дали имаш искуство со ресторан, дали се исплати?
Ако кафе бар е не исплатливо (а не е според мене), тогаш ресторан е уште понеисплатливо. Зошто? Ресторанот обично има минимална добивка од храната, претежно добивката ја прави од пијачките. Е сега, заебанцијата е во тоа што, храната за разлика од пијачката, има краток рок на употреба. Пример, една слаба недела е еднакво на многу расипана храна која што нема да биде употреблива. Автоматски влегуваш во загуба. Плус удри математика, и да има и да нема луѓе мораш кувари да плаќаш, келнери, шанкери...
Гледам многу малку акцент е ставен на персоналот... само еден аспект ќе земам. За да имаш добра услуга, треба да имаш искусен персонал. Ако имаш искусен персонал сметај дека минимум 10% суви пари од прометот завршуваат кај нив в џеб, па колку сакаш контролирај ги.

Се на се, никогаш не би отворил кафич, во смисол, да инвестирам во него од корен. Според мене најдобра варијанта е, ко си толку загреан, да земиш веќе готов локал, со инвертар, под кирија, да видиш колкави ти се можностите. Ако си способен да донесиш луѓе, ќе биди попари - окуби ( и мислам дека тоа е единствен начин да напрајш пари од ова работа), на долгорочно тешко по мое. Помина времето ко можеше да му изградиш реноме на еден кафич.
Еве само пример ќе земам, првата грешка секој газда што ја прави во кафич е, кога ќе види зорт, слабо промет , слабо луѓе и сл. прво што прави е ангажира некоја група што свири ју музика, мислејќи дека тука се парите. Точно, има тука пари, меѓутоа, пиши му крст на кафичот на долгорочни патеки...затоа пак ќе повторам, единствен начин според мене е, ако ти држи газот да го наполниш со луѓе е да земиш готов кафич под кирија.
 
А и парите за година ипол минимум ги вадиш но само ако си на добро прометно место.
 
А и парите за година ипол минимум ги вадиш но само ако си на добро прометно место.
Парите ги вадиш, ако веќе си бил во бизнисот 10-тина години, што како келнер, шанкер или менаџер на клуб и ги знаеш сите заебанции и како најефтино да се справиш со нив. Човек што чисто сака да проба е подобро да земе некој кафиќ по наем, како што спомна некој погоре, па за година дена што биде биде.
 
Парите ги вадиш, ако веќе си бил во бизнисот 10-тина години, што како келнер, шанкер или менаџер на клуб и ги знаеш сите заебанции и како најефтино да се справиш со нив. Човек што чисто сака да проба е подобро да земе некој кафиќ по наем, како што спомна некој погоре, па за година дена што биде биде.
Дури и да бил во тој бизнис не е гаранција дека ке ги извади парите, а уште помалку дека тоа ке се случи за година и пол, а пак ајде да речеме и да се случи ( веројатноста за тоа време е многу мала) потоа следи реновирање, па тоа што си го извадил, ако! со го извадил, повторно го даваш. Секој локал работи на различен начин и принципи, па така за нов локал многу е од значење искусен песонал за работа ( тоа значи и за потркраднување), што значи ке собереш од различни локали, сите имаат различни навики и принципи и за да се сето тоа вклопи во еден нов локал е потребно време, а тоа носи негативни последици ( и по муштерии и по промет). Нов локал обично првите неколку месеци работи со загуба. Во овој бизнис многу е фрустрирачко тоа што меѓу рацете ти се врти огромна сума на пари, меѓутоа оној дел што останува во тебе е многу многу мал !
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 00:16 ---
Еве само пример ќе земам, првата грешка секој газда што ја прави во кафич е, кога ќе види зорт, слабо промет , слабо луѓе и сл. прво што прави е ангажира некоја група што свири ју музика, мислејќи дека тука се парите. Точно, има тука пари, меѓутоа, пиши му крст на кафичот на долгорочни патеки...затоа пак ќе повторам, единствен начин според мене е, ако ти држи газот да го наполниш со луѓе е да земиш готов кафич под кирија.
Точно е тоа, или некоја група или некој познат Dj, меѓутоа и нив треба да ги плати, така што прометот се зголемува но и трошоците се зголемуваат, па на крај кога ке размислиш си им направил услуга на нив, а не за себе, плус не дај боже па ни тоа да не успее, да не го наполниш како што треба нити со група или Dj-от, сеедно, одиш во огромна загуба, нив секако треба да ги платиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom