frederic, ако сеуште не си отворил јас би ти препорачала да не почнуваш. Верувај не се исплати, посебно не сега со законот за цигарите. Точно е сето она што е напишано погоре. Ти треба фирма, локација, пари и менаџер ( освен доколку ти самиот не поседуваш такви способности). Додека го спремаш локалот во меѓувреме може да се готви фирмата, бидејки таа ти е потребна откако ке отпочнеш со работа ( освен доколку не планираш да земеш инвентар на фактура, ама мислам дека тешко би земал така од причина што другите се плашат во случај да пропадне фирмата). Никако да не си отворит фирма ТП, оди строго ДООЕЛ и немој да бидеш даночен обврзник во никој случај, ќе те отепаат инспекциите, од причина што на ТП се помали казните незначително, но многу тешко се затвора и одговараш со целокупниот твој имот, на ДООЕЛ одговараш само со имотот на фирмата. Потребна ти е дозвола за работа за исполнување на минимално технички услови, ќе отидеш во инспекторат за труд и пазарна инспекција и ќе ти објаснат тие што како. Мораш да имаш вработено најмалку 4 вработени за да го покриеш работното време.Најдобро е целата работа да ти ја заврши адвокат, меѓутоа можеш и ти самиот, ке заштедиш многу верувај, а се работи за 1 недела до 2 трчкање.
Пред да го направиш сето тоа направи си пресметка, стави ѓи сите сметки на куп и види што како ќе излезе работава, бидејќи од искуство ти кажувам сметка нема ! Имај предвид дека плаќаш ќирија ( евентуално доколку не е твоја ликацијата), струја - индустриска ( сметките можат да достигнат и до 500 евра месечно), вода и придонеси за вработените. Ти требаат пари за набавка, на почетоот сумата за набавка ќе биде голема, понатаму ќе надополнуваш, меѓутоа совет: никогаш да не дозволиш нешто да нема повеќе од 1 ден!, најглупо е за муштеријата кога бара пр. пепси - нема пепси, бара леден чај - нема, топло чоколадо - нема или денес бара пепси- нема, утре - пак нема, друг ден - пак нема. Имај во предвид дека на почетокот може да ти се случи да немаш воопшто пари да набавиш се што треба, значи мораш да имаш пари настрана или поткрепа од некој што знаеш дека ќе ти помогне во кризни случаеви. Разбирање од вработените дека прометот е слаб или опаѓа или дека едноставно мораш да задоцниш со плата или дека денес одреден производ не може да се набави не очекувај и воопшто не дискутирај на таа тема со нив - само ќе си направиш проблем. Во летната сезона ке мораш да платиш за летна тераса/ бавча и тоа ти е трошок плус. Немој за даборавиш да ставиш трошоци за ракет и за казни. Ракет кога тогаш ке ти дојдат некои, а може и да се задржат за стално недајбоже, а и казна кога тогаш ке ти пишат, било за придонеси, за неиздавање фискална, за гласна музика, за малолетници после 00 часот или за точење алкохол на малолетници сеедно, најмалку 2 пати во годината ке платиш казна ( не дај боже може да плаќаш и почесто, по пријава на комшија, конкуренција или сл.).
Ти требаат пари за инвентар, маси столици шанк озвучение осветление и сл. Мој совет ти е да не купуваш на ново разврти се по
www.pazar3 сето тоа можеш да го зајдеш по многу поповолна цена, има доста добар и зачуван инвентар, единствено што треба е да го претапачираш, а може да ти заштеди и до 5 000 евра, а може и повеќе во зависност од тоа што и коклу бараш. Кафемат можеш да купиш меѓутоа подобра опција ти е да склучиш договор за соработка со некои од овие што продаваат кафе и да ти го дадат на употреба, тие го одржуваат му прават редовен сервис, и знаеш дека никогаш енма да бидеш зезнат, фрижидери исто така ке ти дадат од скопска или прилепска пивара сеедно, а и најверојатно ќе ти дадат лимит да плаќаш подоцна, но внимавај колку поголем лимит поголем ризик ! Тоа е тоа, и на сето ова додади уште една третина од предвидените трошоци за непредвидени трошоци.
Сума сумарум не се исплаќа ! Тоа е бизнис кој бара многу голем ангажман, и не секој може да го води и најбито да го издржи, дури и ако си имал искуство со таков бизнис!
Мој совет е да разгледаш и други опции за друг бизнис.
Поздрав,