kako da najdam rabota bez vrski

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058
За првото и те како се согласувам, цел живот се учи, зашо постојано нешто се менува, а ако сакаш да не те згази времето, треба да си флексибилен и да се прилагодиш. Тука идеме до еден проблем во нашево општество, а тоа е што неспособни, над 50+ години работат во секоја можна администрација и ги замараат сите помлади да дојдат да им покажат како се работи нешто на компјутер. Ова се луѓе што се вработени од пред јас да се родам, иам и во фамилија неколку што освен фб друго не знаат да сработат, али секој месец си земаат висока плата, над 400 евра, и никој не ги прашува колку они се способни за таа работа. Не ти диши мозокот на 50 години штом на фб знаеш што правиш, се има да си научиш што се бара од тебе.

За ова за приватниот сектор, веројатно збориш за едвај 5% од нормалниве приватни фирми, каде газдите не се алчни до коска и не те експлоатираат за што помала сума и за што повисоки неплатени саати.
Конкретно, познавам две девојчиња што работеа во сметководствено биро, се откажаа после 6 месеци. За 10.000 работеле по 12 саати, нормално е и одење сабота, никакво покачување, никакво ценење на нивниот труд. Едноставно, те гледа дека ќе рмбаш и наместо уште еден да вработи, те цица тебе дур може. После ќе се најде пак некој сличен ти кога ќе си заминеш и така си се врти тоа. Не знам дали да пишувам и други случаеви, многу долг ќе ми излезе постот. Негде бараат да им одиш на пракса месец, два, три, па после по 8000 добиваш и треба да си среќен. Иако изиграваш и чистачка во меѓувреме. Дури и во апла јаки фирми што вртат милиони секоја година ќе се отепаш чекајќи договор на неопределено, плата ќе ти покачат после 10 години кога постариот колега твој ќе стигне во пензија. Постариов колега нормално не знае да си испринта документ. А ти се убиваш од работа и те бива повеќе од сите таму. Позитивни оценки и усно фалење само ко пчелички што ни маваа во прво одделение ако ја знаеш песничката ко што треба, не ти носат повеќе пари дома.

За третото. Дури и да работиш ти за мала плата, еве за 10000 и да чекаш да собериш искуство, какво и да е, со тие 10000 треба да имаш грб за да преживееш во Скопје. Познавам неколку информатичари кои работат овде за толку, зошто во Скопје со 2-3000 плус не можат да си покријат сметки, кирија и јадење, па што ако ќе научат може многу повеќе. Мама и тато не се тука за сите, јбг. Парите се дискутабилни, колку трошиш и како ти стигаат, јас со 15000 преживував дури и заштедував малце, но не важи за сите тоа.

Во секаква можна каша сме пикнати и во долгови до гуша, ништо не ни функционира во државава, но има проблеми во овој дел за кој не се ич виновни младите и оние што останале без работа и сега не можат да најдат, па да се правите јаки и да им трубите дека во државава трудот се цени. Бајки за мали деца.
Што знам, бар за сметководители има доста огласи гледам, а и секоја фирма има потреба од сметководител. Во ниедна фирма нема да ти понудат сами да ти покачат плата, тоа обично се дешава кога ќе си најдеш друга работа.

Ова за информатичари за 10.000 ми е што знам. Ако се работи за програмери, барем во поголемиве фирми и меѓу оние кои што највеќе експлоатираат се почиња со 15000 отприлика и таа сума ти е по договор со времетраење. Ако се задоволни од тебе ќе ти понудат нов со некое покачување. Проблемот таму не е дури ни во висината на платата колку што договорите им се до тој степен кај што те врзува на период од 3 години и има клаузула која гласи дека ако сакаш да си идеш треба 10.000 евра да им платиш. Што не знам дали е дозволиво со закон, али им е воведено пошто доста џуниори програмери го печат занаетот и си бегаат после, дали странство, дали во фирма која им понудила доста подобри услови.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
A i domasnive corbagii se komedii, nonstop se place deka nema sposoben kadar, a majkata nikako da gi kacat platite. Epa drugovi ne moze nepismeni gandari i javnoadministrativni gabolebari da zarabotuvaat povece od npr nekoj elektricar, vodovodgija, plockar,zidar itn (sivackite i ostanatite vraboteni vo tekstilot poarno da ne gi spomnuvam). Nenormalna rabota, ama ova se desava sekade vo EU, ne samo kaj nas. Najplateni se lezacite, fikusite i teskite mrzi vo javna administracija i kaj drzavnite monopolski krvopijci, ova e panevropska epidemija.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Што знам, бар за сметководители има доста огласи гледам, а и секоја фирма има потреба од сметководител. Во ниедна фирма нема да ти понудат сами да ти покачат плата, тоа обично се дешава кога ќе си најдеш друга работа.
Ти гледаш огласи за сметководители каде се бара лиценца за да го работиш истото. Секоја фирма си бара овластен сметководител, зашо тој е овластен за годишни извештаи и документи. Е сега, тие овластени сметководители си имаат свои бироа и други се огласите каде се вработуваат млади деца кои работат за овие по цел ден. Јас и да работам сметководство, не сум сметководител дури не имам лиценца. А лиценца се зема откога ќе имаш бар 5-10 год работно искуство во таа дејност, црно на бело дека си работел, ќе си полагаш куп тестови, кои не се без пари нели, и се доплаќа уште некоја сумичка за која сега не ми текнува точно колку беше (200-300евра).
Кога пратев постојано огласи, сите оние фирмички кои си пуштаа огласи за иста позиција на месец-два знаеш дека не ги бива, чим ниеден не се задржал подолго.

За информатичари не знам точно што и како, децата сами си правеле математика што повеќе им одговара и ми пренеле искуства.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Sve zavisi od toa dali barate rabota ili barate rabotno mesto. Ova se dva mnogu razlicni poimi. Koj bara rabota barem vo SK ako ne e epten dibidus sigurno ke ja najde, a toj-taa so bara rabotno mesto (klati vrata, grej fotelja, mesaj vazduh itn) normalno ke brka vrski ke se guzi levo desno i ke prima se so ke mu-i se servira kako zdravo za gotovo. Se dodeka platite vo javniot sektor i kaj drzavnite pijavici (vodovod,elem,mz,mtv itn) se daleku pogolemi za lezenje nego platite vo stopanstvoto kaj so nekoi skapuvaat od rabota nema da se oprai ni drzavata ni ekonomijata. Ke staneme nacija na diplomirani đabolebari, nesposobnjakovici i fikusi, to est veke odamna sme stanale. I na zapad ne e nisto poarno, na nikoj ne mu se raboti.
Зар мислиш дека е нормално и во зможно во една држава сите да бидат информатичари?
Предлог до владата, нека ги затворат сите неинформатички факултети и решен проблем.[DOUBLEPOST=1492387053][/DOUBLEPOST]
Haha, lol. A so mislis deka soprugata ti so taa klativratovska struka gore ja cekaat so rasireni race i poslani crveni tepisi? Knizevnost i angliski jazik? Ako ovde ne uspeavte da ja nabutate vo javna administracija realno taa diploma na zapad ni za ukras ne se isplakja da ja nosite. I tamu barem 70% od novite diplomi se po klativratovski nauki, za nivnite gabolebari nema fotelji za auslenderi pa ic, kako so kazav na nikoj ne mu se raboti, ni tuka ni tamu.
Ха, на запад и да не работи по струка ќе вади плата за достоинствен живот, тоа е разликата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Што знам, бар за сметководители има доста огласи гледам, а и секоја фирма има потреба од сметководител. Во ниедна фирма нема да ти понудат сами да ти покачат плата, тоа обично се дешава кога ќе си најдеш друга работа.

Ова за информатичари за 10.000 ми е што знам. Ако се работи за програмери, барем во поголемиве фирми и меѓу оние кои што највеќе експлоатираат се почиња со 15000 отприлика и таа сума ти е по договор со времетраење. Ако се задоволни од тебе ќе ти понудат нов со некое покачување. Проблемот таму не е дури ни во висината на платата колку што договорите им се до тој степен кај што те врзува на период од 3 години и има клаузула која гласи дека ако сакаш да си идеш треба 10.000 евра да им платиш. Што не знам дали е дозволиво со закон, али им е воведено пошто доста џуниори програмери го печат занаетот и си бегаат после, дали странство, дали во фирма која им понудила доста подобри услови.
За сметководство за почетници и правници кај адвокати и нотари се навистина ептен отепани платите на старт, за информатичари зависи од многу фактори, но почнуваат некаде од 250 евра минимум.
Зголемувањето зависи од раководителот/моќта на фирмата/ способност на вработениот и колку им гори, другар мој во една не баш мала програмерска фирма во 2 и пол години доби покачувње од 14 000 денари, почна со 18 000, сега зема 32 000 и пак планира да заминува за кратко време, сите пати сам си го бараше покачувањето со напомена дека ќе си оди ако не му дадат повеќе.
Договорите не се секаде такви, тоа зависи интерно од фирмата, на некои места клаузулата е на уште подолг период, али затоа пак платите се доволни за нормален живот.[DOUBLEPOST=1492399186][/DOUBLEPOST]
Зар мислиш дека е нормално и во зможно во една држава сите да бидат информатичари?
Предлог до владата, нека ги затворат сите неинформатички факултети и решен проблем.[DOUBLEPOST=1492387053][/DOUBLEPOST]
Ха, на запад и да не работи по струка ќе вади плата за достоинствен живот, тоа е разликата.
Нажалост многу работи каде машината може да работи наместо тебе, нема да постојат за неколку години, можеби Македонија ќе гура подолго од другите со оглед на тоа што е назад во времето, но верувај ми иднината е на машините, луѓето ќе мора да најдат друга занимација.
Машината не греши, не се заморува, бара одржување, но не и покачување, побрза е во повторливи процеси прилично, работи и во нечовечки услови, може да работи и повеќе смени, рачунај секоја работа каде што не треба човечко размислување за да одлучи што и како ќе биде заменета со машина во иднина, поради таа работа ќе требаат тие информатичарите. НО не сите информатичари, тие некои измислени смерови по информатика од владата и славјанскиот често знаат помалку од некој што изгледал 5 видеа на youtube како да кодира и сега си прави скриптичиња за да си олесни во животот.
Надвор е пресметано дека и со шишиња собирање треба да живееш нормален живот, кај нас со тоа ни за леб и маргарин нема да извадиш.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058
Зар мислиш дека е нормално и во зможно во една држава сите да бидат информатичари?
Предлог до владата, нека ги затворат сите неинформатички факултети и решен проблем.[DOUBLEPOST=1492387053][/DOUBLEPOST]
Ха, на запад и да не работи по струка ќе вади плата за достоинствен живот, тоа е разликата.
Предлог до владата да го врати приемниот испит, и согласно потребите секоја година да си има квоти колку луѓе може да се упишат. Друг предлог, факултетот да не биде само бубање книги и библии од по 1000 страни и решавање на интеграли, туку и практична работа и работа на проекти и положувањето и земањето година да зависи од тоа, проекти кои студентите ќе можат да ги стават во CV и кои ќе можат да им се рачунаат ко некакво работно искуство кое понатаму некаде ќе го применат.
Друг предлог да постојат и професионални колеџи/курсеви кои ќе ги обучат луѓето за работа и ќе бидат баш добри за преквалификација кај луѓе кои имаат проблем со наоѓање работа, а да не треба да губат години на студирања и учење на работи кои нема да им требаат никогаш во живот. Образовниот систем мора да се врзе и да се усогласи со потребите на тоа што се нарекува стопанство во државава, па и пошироко.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.179

Веќе ако одиме со предлози јас предлагам( додуша ова пред неколку години го предлагав , тогаш не го примивте баш најдобро ама повеќето сега сте пораснати па ваљда ви помина пубертетот):
Уште некаде во основно да се спроведат тајни тестови на интелигенција, по можност неколку. Децата да не се знае чие е што е( ке се смисли и тоа некако).Према нив кои се натпросечно надарени и спрема што се надарени државата да им обезбеди целосно покривање на факултетското образование ( дали тука или во странство небитно). Нека има такви преку сила 100 во една генерација на ниво на републиката. Да не заборавам после завршувањето на студиите( ако заврши или воопшто сака да оди) да е обврзан да се врати( ако нејќе нека си плати колку што треба и нетреба) и да му е обезбедено вработување на струката за која се школувал, ама не одма директор. Така малце подолу, нека покажи дека стварно вреди.
За другите не така надарените исто ако имаат желба нека си одат на приватни факултети , па кој има богати родители ок, кој не нека продава нивите ако има за продавање.
Секако не сме богата држава која може да си дозволи толку рефус студенти.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

.....не се проблем факултетите за рефус студенти. Тоа е бизнис, ако е приватен и бафер за притисок од невработеност , ако е политика. Проблемот е во негативната селекција и филтрирањето елита. Ние сеуште како народ и држава не сме свесни, а изгледа не сме ни способни да сватиме колку е тоа важно. Затоа и не сме станале, ниту сме држава...
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682

Не ја бива баш така , сличен систем се фураше во СФРЈ , знаеме како функционираше ! Потоа се вмеша политиката со КПЈ и нова форма на селекционирано стипендирање , титов фонд ! До толку се извитопери , што дури имаше контра ефект !
Во денешно време , не можеш да се одбраниш од скаутингот на големите брендови !
Неколку години за ред , деца на мои пријатели или познати завршуваа како студенти на генерацијата , на технички факултети , сите до еден се во Германија . Што е најбитно без минута работен стаж и искуство .
Знам дека ова е оффтопик муабет , бидејки темата е како да се најде работа со плата од која може добро да се живее ! А јас зборам за луѓе кои имаат намера да направат нешто а работата и платата сами ги наоѓаат нив !
 
Си правиме муабет де, си даваме предлози.
Ако ме прочита внимателно јас предложив кадрите да се бираат уште од најрана возраст без оглед на нивното фамилијарно стебло и имотна состојба туку строго спрема низа на тајни тестови направени од независни експерти по можност од странство . Тоа би било првиот филтер од кој одреден број на деца би се одвоиле од купот и во кој државата треба да ги насочи сите нејзини ресурси за нивно понатамошно едуцирање и нормално покасно да го искористи нивниот потенцијал за добробит на државата и сите нејзини граѓани. Што значи дека тие идни кадри би имале приоритет наспорти сите други.
Скаутингот се решава многу едноставно. Да се обврзат дека после нивното образование ке се вратат во државата пошто нели таа им го обезбедила тоа нивно образование или да си го платат од свој џеб па кој како милува. Секако би се мониторирал нивниот развој од моментот кога станале потенцијални кадри , би се насочувале итн итн, и ако некој од нив покаже други афинитети благовремено да се тргнат од таа програма и нивното место да го завземе следниот потенцијален кандидат. Сигурно успехот на ова не би бил 100% но во секој случај во голема мерка би го зголемил процентот на деца кои стварно вредат да добијат најквалитетно образование што може да се купи со пари безразлика на нивното потекло и финансии. За сите останати кои не се опфатени со програмата а тие самите или нивните родители сметаат дека имаат потенцијал нека си го платат нивното факултетско образование од соопствен џеб па после кој кај ке го однеси патот без обрвски према никого.[DOUBLEPOST=1492424633][/DOUBLEPOST]
.....не се проблем факултетите за рефус студенти. Тоа е бизнис, ако е приватен и бафер за притисок од невработеност , ако е политика. Проблемот е во негативната селекција и филтрирањето елита. Ние сеуште како народ и држава не сме свесни, а изгледа не сме ни способни да сватиме колку е тоа важно. Затоа и не сме станале, ниту сме држава...
Ете јас дадов еден предлог како да се направи тој филтер. Можеби е малце радикален но сепак е некое мое видување како да се направи селекција.
Кое е твоето мислење околу селекцијата и филтрирањето. Каков предлог имаш ти на пример?
 
Мене ме плаши дека Мк не е способна да направи таков напор . За тоа е потребно да се голтне кнедлата и да се признае дека сме параспури и вака не ја бива . Ама тоа ќе повлече коренити промени во барата , каде никој не сака да ја смени сегашната жабокречина .
Ај да сме стратешки важна точка , па да се надеваме на надворешен притисок . Вака ќе си играме кобајаги државна равенка , со една непозната : до кога ?
Иако можеби ова ви изгледа дека пишувам за политичката состојба во Мк , јок !
Општо онака , за се ' , за образовната елита најповеќе !
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Си правиме муабет де, си даваме предлози.
Ако ме прочита внимателно јас предложив кадрите да се бираат уште од најрана возраст без оглед на нивното фамилијарно стебло и имотна состојба туку строго спрема низа на тајни тестови направени од независни експерти по можност од странство . Тоа би било првиот филтер од кој одреден број на деца би се одвоиле од купот и во кој државата треба да ги насочи сите нејзини ресурси за нивно понатамошно едуцирање и нормално покасно да го искористи нивниот потенцијал за добробит на државата и сите нејзини граѓани. Што значи дека тие идни кадри би имале приоритет наспорти сите други.
Скаутингот се решава многу едноставно. Да се обврзат дека после нивното образование ке се вратат во државата пошто нели таа им го обезбедила тоа нивно образование или да си го платат од свој џеб па кој како милува. Секако би се мониторирал нивниот развој од моментот кога станале потенцијални кадри , би се насочувале итн итн, и ако некој од нив покаже други афинитети благовремено да се тргнат од таа програма и нивното место да го завземе следниот потенцијален кандидат. Сигурно успехот на ова не би бил 100% но во секој случај во голема мерка би го зголемил процентот на деца кои стварно вредат да добијат најквалитетно образование што може да се купи со пари безразлика на нивното потекло и финансии. За сите останати кои не се опфатени со програмата а тие самите или нивните родители сметаат дека имаат потенцијал нека си го платат нивното факултетско образование од соопствен џеб па после кој кај ке го однеси патот без обрвски према никого.[DOUBLEPOST=1492424633][/DOUBLEPOST]
Ете јас дадов еден предлог како да се направи тој филтер. Можеби е малце радикален но сепак е некое мое видување како да се направи селекција.
Кое е твоето мислење околу селекцијата и филтрирањето. Каков предлог имаш ти на пример?
...комплицирано е многу, до толку КОМПЛИЦИРАНО да мислам дека е невозможна мисија, посебни сега во ова.., да го наречеме информатичко време каде природниот закон за ентропијата ептен доаѓа до израз, се добива впечаток дека одамна сме го поминале времето кога тоа се правело. Тоа му доаѓа нешто ко кога во некоја прилика некоја шанса си пропуштил да отидеш у кревет со некоја..,па ти се влече у живот ко туга , кога год се сетиш на моментот :)
Но заебаното искуство е дека кога мноогу подоцна по некој случај и го реализираш проектот , сваќаш дека нема веза со соништата и возејќи накај дома се прашуеш, а што ти требеше ова , будало една дрчна... :)
Селекцијата ќе се прави на други некои нивоа , а нашиов волумен ќе се лади се повеќе....додека не смрзне Македонското име... :) :)[DOUBLEPOST=1492430406][/DOUBLEPOST]
Мене ме плаши дека Мк не е способна да направи таков напор . За тоа е потребно да се голтне кнедлата и да се признае дека сме параспури и вака не ја бива . Ама тоа ќе повлече коренити промени во барата , каде никој не сака да ја смени сегашната жабокречина .
Ај да сме стратешки важна точка , па да се надеваме на надворешен притисок . Вака ќе си играме кобајаги државна равенка , со една непозната : до кога ?
Иако можеби ова ви изгледа дека пишувам за политичката состојба во Мк , јок !
Општо онака , за се ' , за образовната елита најповеќе !
Македонија нема никаква елита.., има само една булимента медиокритети и скоројевиќи кои се замислуваат дека се елита и ландараат наоколу. Елита на еден народ е долготраен процес во соодветни услови кој не може да се забрза ко праење на хамбургер у Мак-Доналд. Треба генерации за тоа. Во спротивно добиваш двоструки доктори ала Бојо или организатори на Виенски Балови како Пуни на пример... :) :) :) Другите помеѓу да не ги спомињаме...
Некои зачетоци на некаква елита на овие простори комунистите благовремено ја истребија уште 45-та и го посејаа семето на просечното или под просечното, а тое е од фамилијата корови , што значи невозможно е после да се икорени... :) :)
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Во однос со наоѓање работа, врски, мали плати и се друго поврзано со тоа, нормално дека првенствена одоговорност има државата, власта бидејќи таа е одоговорна за креирање на економски политики, за планирање и стратегија, за спроведување на закони и за образование.

Прво и основно еве доволно е да се видат изјави на некои стопанственици дека за одредени струки, иако добро платени не можат да најдат луѓе заинтересирани за истите.
Прво треба да ни стане јасно дека секој не мора а и не може да завршува факултет како што е случај кај нас, каде што доволно е да си платиш и да имаш диплома. Ни треба правилна реформа на обрзованието, нешто на пример како Германското каде што после средно можеш да одиш буквално како на стручни, занаетчиски виши школи. Каде што има корелација меѓу образвниот систем и потребите на стопанството. Кај нас сите ќе земат диплома и после одам желбата им е канцелариска работа. Значи прво треба да направиме промени во образовниот систем и секој кој што ќе заврши да биде заслужено. Никогаш не било идеално ова ама па и никогаш не било девалвирано како што е сега.

Втора работа што е погрешна е преголема концетрација на се во Скопје. Наместо стартегија за развој на сите подрачја кај нас ушт повеќе се се концетрира во Скопје. Па сега и да сака некоја посериозна фирма да отвори нешто на страна дури и прашање е дали ќе најде работници. Значи ова ненормално градењ на згради во Скопје, носење администрација од цела МК во Скопје е само контрапродуктивно за државава. Ова е долг мубает и тука може да се наредат ред мерки за спречување на истото.

Наредна битна работа е спореведување на правото, во смисла заштита на работничи права и заштита на права на работодавачи. Друго ќе биде ако се почитуваат договори, ако се плаќаат прекувремени работни саати и ако нема нелојална конкуренција, ко на пример сега една фирма ќе добива казни за иста работа за која што на друга фирма со врски за истите работи ќе и прогледаат.

И да како и во се така и кај работата, платата расте заедно со побарувачката за истата, дефицитарен кадар е поплатен споредно со тој кој што го има во изобилие.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
http://www.vest.mk/?ItemID=7ADF5C246213994A8CFB7DA01DB3A006

и овчар било дефицитарен кадар, увезуваме од Албанија... а се сеќавам во ЕхЈу еден германец дојде тука да чува овци... си носеше и негов дресиран германски овчар ... и сега нека кажува некој дека кај нас се помали платите од Албанија...
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Предлог до владата да го врати приемниот испит, и согласно потребите секоја година да си има квоти колку луѓе може да се упишат. Друг предлог, факултетот да не биде само бубање книги и библии од по 1000 страни и решавање на интеграли, туку и практична работа и работа на проекти и положувањето и земањето година да зависи од тоа, проекти кои студентите ќе можат да ги стават во CV и кои ќе можат да им се рачунаат ко некакво работно искуство кое понатаму некаде ќе го применат.
Друг предлог да постојат и професионални колеџи/курсеви кои ќе ги обучат луѓето за работа и ќе бидат баш добри за преквалификација кај луѓе кои имаат проблем со наоѓање работа, а да не треба да губат години на студирања и учење на работи кои нема да им требаат никогаш во живот. Образовниот систем мора да се врзе и да се усогласи со потребите на тоа што се нарекува стопанство во државава, па и пошироко.
И јас сум за да ги вратат ковтите и приемните испити за упис. Јас и сопругата сме од тие генерации кога имаше приемен и квоти. Како ти да кажеш владата е крива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom