- Член од
- 26 јануари 2009
- Мислења
- 11.932
- Поени од реакции
- 18.644
Што знам, бар за сметководители има доста огласи гледам, а и секоја фирма има потреба од сметководител. Во ниедна фирма нема да ти понудат сами да ти покачат плата, тоа обично се дешава кога ќе си најдеш друга работа.За првото и те како се согласувам, цел живот се учи, зашо постојано нешто се менува, а ако сакаш да не те згази времето, треба да си флексибилен и да се прилагодиш. Тука идеме до еден проблем во нашево општество, а тоа е што неспособни, над 50+ години работат во секоја можна администрација и ги замараат сите помлади да дојдат да им покажат како се работи нешто на компјутер. Ова се луѓе што се вработени од пред јас да се родам, иам и во фамилија неколку што освен фб друго не знаат да сработат, али секој месец си земаат висока плата, над 400 евра, и никој не ги прашува колку они се способни за таа работа. Не ти диши мозокот на 50 години штом на фб знаеш што правиш, се има да си научиш што се бара од тебе.
За ова за приватниот сектор, веројатно збориш за едвај 5% од нормалниве приватни фирми, каде газдите не се алчни до коска и не те експлоатираат за што помала сума и за што повисоки неплатени саати.
Конкретно, познавам две девојчиња што работеа во сметководствено биро, се откажаа после 6 месеци. За 10.000 работеле по 12 саати, нормално е и одење сабота, никакво покачување, никакво ценење на нивниот труд. Едноставно, те гледа дека ќе рмбаш и наместо уште еден да вработи, те цица тебе дур може. После ќе се најде пак некој сличен ти кога ќе си заминеш и така си се врти тоа. Не знам дали да пишувам и други случаеви, многу долг ќе ми излезе постот. Негде бараат да им одиш на пракса месец, два, три, па после по 8000 добиваш и треба да си среќен. Иако изиграваш и чистачка во меѓувреме. Дури и во апла јаки фирми што вртат милиони секоја година ќе се отепаш чекајќи договор на неопределено, плата ќе ти покачат после 10 години кога постариот колега твој ќе стигне во пензија. Постариов колега нормално не знае да си испринта документ. А ти се убиваш од работа и те бива повеќе од сите таму. Позитивни оценки и усно фалење само ко пчелички што ни маваа во прво одделение ако ја знаеш песничката ко што треба, не ти носат повеќе пари дома.
За третото. Дури и да работиш ти за мала плата, еве за 10000 и да чекаш да собериш искуство, какво и да е, со тие 10000 треба да имаш грб за да преживееш во Скопје. Познавам неколку информатичари кои работат овде за толку, зошто во Скопје со 2-3000 плус не можат да си покријат сметки, кирија и јадење, па што ако ќе научат може многу повеќе. Мама и тато не се тука за сите, јбг. Парите се дискутабилни, колку трошиш и како ти стигаат, јас со 15000 преживував дури и заштедував малце, но не важи за сите тоа.
Во секаква можна каша сме пикнати и во долгови до гуша, ништо не ни функционира во државава, но има проблеми во овој дел за кој не се ич виновни младите и оние што останале без работа и сега не можат да најдат, па да се правите јаки и да им трубите дека во државава трудот се цени. Бајки за мали деца.
Ова за информатичари за 10.000 ми е што знам. Ако се работи за програмери, барем во поголемиве фирми и меѓу оние кои што највеќе експлоатираат се почиња со 15000 отприлика и таа сума ти е по договор со времетраење. Ако се задоволни од тебе ќе ти понудат нов со некое покачување. Проблемот таму не е дури ни во висината на платата колку што договорите им се до тој степен кај што те врзува на период од 3 години и има клаузула која гласи дека ако сакаш да си идеш треба 10.000 евра да им платиш. Што не знам дали е дозволиво со закон, али им е воведено пошто доста џуниори програмери го печат занаетот и си бегаат после, дали странство, дали во фирма која им понудила доста подобри услови.