Kajgana Song Contest #211 - Песна со најдобар спот

  • Креатор на темата Креатор на темата Darklady
  • Време на започнување Време на започнување
Погледнете ја само оваа едноставна уметност.
Пролетно утро во Београд, некое рандом кафанче покрај Дунав кое гарант носи име од типот Златно Буренце, Два Јелена, Код Мичо. Членовите на бендот Јужни Ветар грицкаат семки кои сами си ги донеле, чекаат келнерот да дојде да ги послужи. А келнерот пак, стара школа, кошула и елече, стомакот 3 минути пред него, гарант јаде кикирики доека оди низ масите. Има запалено цигара која му стои набиена у пепељара внатре на шанкот. Доаѓа, ги послужува со Пепси сокчиња и мали чашки. Заминува. Се вртат хаха хехе муабети кога во еден момент пристигнува Синан Сакиќ одлепен од све, заглавен од некој афтер, душата му моли за кисела вода Књаз Милош и телешка чорба. Полн со еуфорија му ја одлепува дланката на првиот лик поздравувајќи се со сета сила. Седнува, келнерот секундарно и нему му носи Пепси сокче и мала чашка. 3 секунди подоцна сфаќаме дека уствари малите чашки се полни со ракија. Бела. Пијат ракија и Пепси сок. 0 мезе. Наздравуваат, се газат од смеење, Синан ги вади наочарите и тука до израз доаѓа лудата вечер која ја поминал одсликувајќи се преку неговите подочњаци кои му удираат у колена. Нема мука, цуга ракија, кажува смешки и им пее на другарите, полн со елан, расположение, позитивна енергија, многу промили и неколку пороци.
Конец.


*на овој спот може само да парира Тома Здравковиќ со една нумера каде седи у празна кафана со превртени столови на масите, пуши цигара и пее.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom