Летото кога завршив основно, имаше едно место во мало со билјард, пикадо и сони каде што се собираа сите преку ден. Оваа и ѕидови идеа цело време на зона м1, радио кое беше неизбежно во тие селски населби во Скопје.
Добиваш 30ден дневно и ти ги трошиш таму. Негде накај 7 заладува и искачаш од тоа место. Тоа лето ни изградија трибини на игралиштето и најчесто одевме сите таму за да се собереме. Тогаш сите беа на кредит и само титкаш, ти титнат ли знаеш каде да одиш.
Период кој би сакал да го живеам 24/7, дете кое веќе не се чувствува ко дете, без обврски без проблеми, дружба, малски живот, еее времиња.
Ќе одам со Дара, ама имам уште една таква носталгична, од Шакира, Whenever, Wherever. Оваа беше негде 3-4 оделение, во тоа време немавме игралишта, туку го наоѓавме најширокото место и играј фудбал, иако теренот беше цел со дупки и со неколку дрва на сред терен. Имаше едно такво место позади едни згради, вечита сенка, милина за во лето иако може имаше едно десетина дрва на терен.
Е сега дур игравме цело време ни излегуваше едно девојче на тераса по прслук горе и шорцеви и ни играше на песнава.Таа девојка мислам им беше првиот боунер на многу деца од мало.
Кога се запишав во средно она беше втора иако бајги постара, колку ли години само паднала Господ знае. Негде во трета година веќе не ни ја гледав. Од тогаш мислам дека ја немам видено како и многу малски ликови што се изгубија низ годиниве.