Kajgana Song Contest #189 Химна на Носталгијата

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.541
Поени од реакции
9.095
Песнава потсеќа на искаЧање у граД крај на 90-ти до крај на 2000-та... "Кабрио", "Елемент", "Колосеум"(летно), МНТ("Ла Фабрик") и чат пат у "Сачмо"... Е тоа беа времиња :love:
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
4.149
Летото кога завршив основно, имаше едно место во мало со билјард, пикадо и сони каде што се собираа сите преку ден. Оваа и ѕидови идеа цело време на зона м1, радио кое беше неизбежно во тие селски населби во Скопје.

Добиваш 30ден дневно и ти ги трошиш таму. Негде накај 7 заладува и искачаш од тоа место. Тоа лето ни изградија трибини на игралиштето и најчесто одевме сите таму за да се собереме. Тогаш сите беа на кредит и само титкаш, ти титнат ли знаеш каде да одиш.
Период кој би сакал да го живеам 24/7, дете кое веќе не се чувствува ко дете, без обврски без проблеми, дружба, малски живот, еее времиња.




Ќе одам со Дара, ама имам уште една таква носталгична, од Шакира, Whenever, Wherever. Оваа беше негде 3-4 оделение, во тоа време немавме игралишта, туку го наоѓавме најширокото место и играј фудбал, иако теренот беше цел со дупки и со неколку дрва на сред терен. Имаше едно такво место позади едни згради, вечита сенка, милина за во лето иако може имаше едно десетина дрва на терен.
Е сега дур игравме цело време ни излегуваше едно девојче на тераса по прслук горе и шорцеви и ни играше на песнава.Таа девојка мислам им беше првиот боунер на многу деца од мало.
Кога се запишав во средно она беше втора иако бајги постара, колку ли години само паднала Господ знае. Негде во трета година веќе не ни ја гледав. Од тогаш мислам дека ја немам видено како и многу малски ликови што се изгубија низ годиниве.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.173
Баладите од крајот на 80те и почетокот на 90те секогаш ми имале носталгичен вкус, Ричард Маркс, Џон Секада, Брајан Адамс...али песнава од Џорџ Мајкл ми е врвот, можеби затоа што првпат ја слушнав како копиљ на касета преснимана од нашиве телевизии (период 1991-1994) кога пуштаа музика крадена од MTV :icon_mrgr:

 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
лето, безгрижно детство, вртење на Метал Гир Солид со сестра ми

 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587

Многу песни кои беа хитови кога бев дете ми поттикнуваат носталгија ама ми се чини никоја како оваа. Лето 1998, прво СП во фудбал што го гледав на телевизија, уживање, безгрижни детски игри, дружења, собирање сликички... Лесни и убави времиња. Буквално кога ќе ги чујам првите неколку секунди од песнава одма се враќам во тоа време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom