Кајгана собиранки

Лани во Миднаит некаде во февруари беше јас тоатален анонимец никого незнаев и никој не ме знеше и отидов така сам да видам што како ќе биде и беше ок си останав сам и незапознав никого. Всушност сега знам луѓе од форумов но се запознавме на други места

forever+alone+face.png



Шала. :)

Зашто не си се запознал бе? Страшно ли изгледавме? :)
 
Беше тоа далечната 2007ма коа кајгана ги праеше летните собиранки, у јуни у Дајмонд (1st edition)До тоаш само еден познаав - некрофилија (добро де уше еден сум знаел - Бушав). Собиранка кај шо упознав поеќемина меѓу кои денес сеуште одржувам контакти - Маweчко, Ејсид, Дафи, ...) После тоа следеа и другите поголеми (и помали - Велешките). Некаде летото 2008ма почнаа да се интензивираат, по базени, по салепи па на крај некаде и по пракови коа скоро секоја недела се збиравме на доза хејтање, мрчење, пиење, јадење по Седмици. Денес се` поретко се собираме, кој со обврски, кој со избрано друштво... Но пак ќе речам, увек убао било поминуењево по збиранките. Запознааш различен свет, го глеаш позади мониторот, разменуење искуства и така...
 
На една бев, 2009 март-април ако памтам добро, во парк. Запознав еден куп форумџии и форумџики. Ај па на следна пак... кога поминаа скоро 2 год :|
 
На една бев, 2009 март-април ако памтам добро, во парк. Запознав еден куп форумџии и форумџики. Ај па на следна пак... кога поминаа скоро 2 год :|

Ти беше тој третиот од Next Time, така? :D
 
Не сум била на ниедна за жал..и криво ми е. А колку сакам... Хмм, може еден ден:toe:
И онака баш никој не знам :(
 
Ја као дете...ја као дете...кога сум бил мал прва собиранка ми беше ја,Мацадарк,Даркинг,Статускво и Стефи на демофест.Ал то неофицилајно после у Бариста бев ко утка и со скоро никој не праев муабет.Од тогаш јас бев на мноооогу собиранки,људи ме препознају...постао сам сајбер ѕвезда.
 
Како собиранка ќе го сметам првото играње футбал у Форца, далечната 2005та (колку од активните форумџии можат да го кажат ова? :) ) Најинтересно беше што бев договорен Лу да ме збере од пред работа и да идеме заедно у Форца. Знаев само дека Лу ќе дојде со кола со германски таблички. После футбал на пивце на клупи пред зградата на Урбан Мувер. И така цела есен, зима, пролет....

Потоа спектакуларна собиранка беше таа по повод првиот роденден на Кајгана, and the memories remain....

BTW што бара темава у ЧДА?
 
Уфф прва во 2008 негде, не знам кој период. Знам беше во Бариста и дека ми дадоа пиво иако немав 18. Тогаш Маги капачето ме натера да дојдам иако јас се вадев дека не знам никој. Од тогаш имам отидено на некои 7-8 собиранки и стварно е интересно. Најинтересна беше задњата у август месец кога Ханзо се начука од коњакот.

п.с. не знам зашо ми дое таа асоцијација.
 
Како собиранка ќе го сметам првото играње футбал у Форца, далечната 2005та (колку од активните форумџии можат да го кажат ова? :) ) Најинтересно беше што бев договорен Лу да ме збере од пред работа и да идеме заедно у Форца. Знаев само дека Лу ќе дојде со кола со германски таблички. После футбал на пивце на клупи пред зградата на Урбан Мувер. И така цела есен, зима, пролет....

Потоа спектакуларна собиранка беше таа по повод првиот роденден на Кајгана, and the memories remain....

BTW што бара темава у ЧДА?


Па добро, малце згрешив. Нека се префрли во Општи или Кајгана...
 
14.01.2006 кај Лу во DownUnder (така се викаше местото?), една од подобрите собиранки.. исто супер беше таа на 21ви, за првиот роденден на Кајгана :)
 
Еднаш се наканив да одам на собиранка, т.е на партија фудбал позади јбт, но не отидов. Наредната собиранка ке гледам да идам иако никој не познавам :).
 
Си знаеме сите. Повеќето од нас биле на собиранки со луѓе од форумов, дали големи, дали мали, дали интимни - тоа зависи. Кога била вашата прва собиранка, каде, како, што?


Мојата прва собиранка беше "далечното" ладно декември во 2008ма година. Локација - Бариста, најдифолт место за собиранки тој период. Јас како анонимен и неафирмиран член, отидов на собиранката со само 1 позната, Капачето. Тоа беше стартот, по таа следуваа неколку помали собиранки по кои следеа собиранките во парк, со детаљи кои не е добро да се знаат во јавност. Летото продолжи тој тренд со собиранки во парк. Потоа следуваа помали и поголемки собиранки и тек оваа година беше првата моја собиранка по повод 5 години Кајгана. По тоа некако спласнаа собиранките и сега се реткост, освен ако не се собираме по некој настан што се случува во градов. Како и да е - одлични дешавки. :)


Вие?

Јас ке дојдам ако ме викнете. Ќе ми биде прв пат

Не е за тука ама пие вода, еве ти виц за собиранките
Решие да се соберат пријатели. Едниот вика - ќе донесам пиво, другиот- јас кифлиња и месо, треетиот- ќе зеам скара и јас возам до ледина, четвртиот- јас земам сатки и јадици, и еден од нив бил евреин, вика- јас го земам брат ми. :)

И уште еден ти шлеповам тука, дали знаеш евреинот што купува кога оди во шопинг? (ЕВРА)

Е за собиранка јас носам фотоапарат и една торба шминки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom