(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Од овие што влегоа во четвртфинале Wire,Sopranos,Lost и BB сите заслужуваат да влезат во финале па и да бидат топ 1.Ако некоја друга биде избрана за најдобра серија на сите времиња животот повеќе нема да има логика.
 
Да, последните сезони беа 3 скалила под тоа што беа првите 5. Серија се мери од почеток до крај, не се оценува по некоја добра епизода од истата
Сите епизоди од шеста сезона се добри. Три од нив се фантастични, вонсериски епизоди, The Door, BoB и WoW.

Ништо не му спорам никому за 7 и 8 сезона, ама од инает сега да се трескаме дека не знам од кога не чинела е глупо. Шест сезони ГоТ беше THE TV SHOW.
 
Сите епизоди од шеста сезона се добри. Три од нив се фантастични, вонсериски епизоди, The Door, BoB и WoW.

Ништо не му спорам никому за 7 и 8 сезона, ама од инает сега да се трескаме дека не знам од кога не чинела е глупо. Шест сезони ГоТ беше THE TV SHOW.

Гот е во топ 10, па така повеќе од доволно респект има добиено за она што беше.
 
Јас одбегнувам ептен научна фантастика и долго време не ја гледав ГОТ заради змејовите и мртовците, но кога ја загледав видов дека тоа е 1% од серијата. Битките и дворските игри беа лудница, дијалозите веројатно најдобри од сите серии, нешто аут оф дис ворлд. Неколку сцени ме извадија од такт, посебно сцената кога го запалија девојчето, најнечовечки акт што сум го видел во филм и се мислев да ја прекинам серијата, до толку ме уништи моментот. Последната сезона беше ептен избрзана, 3 сезони во 1, плус се појавија научно фантастичните елементи и не ми беше толку добра, особено крајот, но сепак серијата ми е во најдобрите, со милион пресврти, каде главните фаци паѓаа како круши, одлична.
 
Очекував дека ќе тргнеш со ваков одговор, затоа и ти пишав, прашај ќе ти дадеме насоки како се прават вакви моделирања. Јас не би се нафатил да водам ваква тема затоа што немам време, некои денови едвај имам време да го уклучам форумот, а не пак да сублимирам резултати, али како совет може да те насочам како правилно се врши: билдање на ваков модел, нормализација, правилна распределба на коефициенти кои би се зеле во регресијата, групирање, тип на регресија која би се користела, евалуација на моделот и после тоа предвидување и најлесното откако ќе имаш чист модел групирање со рандом функција согласно предефинираните правила и коефициенти.
Терајте како и да е, добронамерен ми е советот за со малку подобра припрема да стигнеш до што е можно подобри резултати, не само за во оваа тема туку и во иднина.
:facepalm:
OK
 
Гот е во топ 10, па така повеќе од доволно респект има добиено за она што беше.
ГоТ си е каде што треба да биде на темава, со оглед на тоа кои се другите серии до неа. Гласањето дава реална слика за гледаноста и вкусовите на 40-50 луѓе на форумов, што е премала бројка за да му се даде некакво значење на сето ова. На пример, сите серии што се преостанати, освен Сопранови, се почнати во новиов милениум. Сопранови е почната 1999. Ти и јас знаеме дека има серии кои имаат далеку поголем импакт на телевизијата и на поп културата од овие, ама не можеш да очекуваш некој овде тоа да го земе за критериум. Овде за критериум често се земаат неважни работи, како константноста на пример, што е еден од факторите ама далеку од најважен...

Инаку @Zlatikevichius благодарност од мене за целиот труд. Јас ги правев овие работи многу одамна и како и да правиш, нема да им угодиш на сите. Добро е што те имаме на форумов. Се мислам дали те заслужуваме :smirce:
 
Тоа беше и поентата на се ова. Еве, јас веќе си поставив предизвици да изгледам некои серии што сум ги испуштил.
Ја ретко пишувам на овој подфорум, ама го пратам уште пред да имам профил тука. Најчесто бирам кој филм да глеам според рецензии тука, и да речеме повеќе станав филмаџија според препораките за филмови кој ги среќавав. Имаше и други доста активни порано, сеа глеам ти највише се пишуваш. Периодов глеам поише серии него филмови па фала за трудот окулу листава :)

Инаку Сопранови е повеќе популарна за генералната публика и не е чудно што ќе тепа. За мене крајот на Сопранови е полош во споредба со оној на Wire каде се комплетира цела серија, со заклучок со све ко во книга :icon_lol: и тука е разликата. Ама не е преголема разлика. Од останатите би се размислил само за лост од сентиментални причини, приврзан сум и за серијата и за ликовите :D
 
Двете серии се легендарни, ама The Wire ми е за нијанса подобра. Вие што ја немате гледате баталете се што гледате во моментов и одма почнете ја.
 
Реков дека ова ќе биде пеколен дуел. Немаше пресврти, до душа, The Sopranos цело време водеше, ама многу често резултатот беше многу блиску. Ова, инаку, беше дуел во кој двете серии беа највисоко рангирани, од сите дуели до сега (ако ги собереш ранк местата на двете серии, се добива најмал број од сите дуели до сега). Ќе видите и зошто се паднаа меѓу себе, откако ќе заврши сѐ ова. Но, очекувајте во полуфиналето, барем еден дуел да е со две повисоко рангирани серии од овие две. Резултати:

THE SOPRANOS - The Wire 19:19

Ова е првиот нерешен дуел во темава. Но, рековме, ако се случи да е нерешено, продолжува понатаму серијата која била повисоко рангирана при предложувањето и оценувањето на почетокот, а во случајов тоа е The Sopranos.


The Sopranos е третиот полуфиналист.
_______________________________
ЧЕТВРТФИНАЛЕ БР. 4
LOST
ABC, 2004-2010
LOST.jpg


vs.
BETTER CALL SAUL
AMC, 2015-???
BETTER CALL SAUL.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom