(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прилично сомнително како се паднаа овие две во четвртфинале,според моите пресметки Wire требаше да се падне со Lost а Sopranos со BCS,али очигледно целта им е серијата што им го променил животот Lost да се падне со полесен противник BCS.
Ќе споделам на крај сѐ, па ќе видиш дека пресметките ти се погрешни. Башка, нели GoT ја гуравме во финале? Или се премисли кога виде дека гласав против неа, за SFU?
 
The Wire и на листата ми е број еден, многу реална и покажува како функционира едно општество со корупции криминал и вмешаноста на политиката во секоја пора.
Sheeeit!
 
Ќе споделам на крај сѐ, па ќе видиш дека пресметките ти се погрешни. Башка, нели GoT ја гуравме во финале? Или се премисли кога виде дека гласав против неа, за SFU?
Не му се правдај на сеозонскиов. Џабе е.
Исто ко на @bijons да и кажеш да не гугла пред да пише нешто.
 
Кој ги гледал двете знае дека спаѓаат во top 5 ever серии. Имам впечаток дека The Wire не е толку популаризирана на форумов, за да победи во овој дуел. Голем дел од овие што гласаат за Сопранови погледнале само по некоја епизода на А1.

@MAJA 345 дојди гласај, да намалиме разлика :icon_mrgr:
:pos: :pos:

Што е смешно не знам?
 
Очигледно дека им имам влезено во траг па сега демек на крај ке споделат дека се било транспарентно,ова нема да ви помине така лесно.
 
Очигледно дека им имам влезено во траг па сега демек на крај ке споделат дека се било транспарентно,ова нема да ви помине така лесно.
Под итно да се формира СЈКО (Специјално Јавно Кајганџиско Обвинителство), да ги испита сите малверзации во врска со избориве!!
 
Не му се правдај на сеозонскиов. Џабе е.
Исто ко на @bijons да и кажеш да не гугла пред да пише нешто.
Не е за правдање, дај стави го моделот по кој сте стигнале до овие парови, мене искрено ме интересира, плус ви пишав и неколку страни понапред, не може да споредувате најдобра серија со дуел по дуел до крај, пола луѓе ги немаат ни гледано серииве кои останаа и гласаат од тепка и серии кои се три класи подобри од другата ќе изгорат оти се паднале една меѓу друга како во случајов.

Друга работа, можеше на крајот да се ставата сите серии и да се гласа по повеќе различни карактеристики: најдобро сценарио, најдобра глума, најдобро изградени карактери, overalll....

Тоа што “рандом“ избирањево не ви ги пикна лост или сфу против некоја од овие две или ББ го остава сомнежот да бараме како е изграден моделот и регресијата по која се стига до тука.
 
Тоа што “рандом“ избирањево не ви ги пикна лост или сфу против некоја од овие две или ББ го остава сомнежот да бараме како е изграден моделот и регресијата по која се стига до тука.

SFU се падна vs GOT, би рекол потежок дуел од Wire/Sopranos од аспект на гласачи.
 
Друга работа, можеше на крајот да се ставата сите серии и да се гласа по повеќе различни карактеристики: најдобро сценарио, најдобра глума, најдобро изградени карактери, overalll....

Тука хаос настана заради тоа што некоја серија победила против некоја омилена, а не па да земеме да гласаме за карактери,сценарија и глума. :popce:

А и незнам што е толку битно кој ќе победи или кои ќе се топ 10.
Јас тие што им дадов поени за мене се најдобрите гледани серии и уопште не ме занима дали ќе победи некоја друга.
Еве една што ми беше во топ 10 е рангирана на 59то место. Многу близу до очајната Луцифер. Ама па тоа не значи дека се близу и реално, туку тука се погодиле повеќе фанови на одредената и тоа е, јбг.
 
SFU се падна vs GOT, би рекол потежок дуел од Wire/Sopranos од аспект на гласачи.
Јас тој дуел го прескокнав, не сум ја гледал SFU (а ми е во листа за гледање во скоро време) и не сакав да гласам бидејќи ја имам гледано само едната. GoT реално е серија која не успеа да го истрча маратонот и беше со добри први 5 сезони и катастрофа остаток и лично не би ја ставил во топ 5 најдобри.
 
Се согласувам, поетната ми беше дека ако беше некое прљаво сценарио, тие 2 немаше да се паднат.
 
Се согласувам, поетната ми беше дека ако беше некое прљаво сценарио, тие 2 немаше да се паднат.
Толку многу е прљаво што почнува и да смрди.SFU ке поминеше во полуфинале само преку Dark,но ако се десеше тоа сценарио некој одма ке требаше да пребега во Унгарија.
 
Очигледно дека им имам влезено во траг па сега демек на крај ке споделат дека се било транспарентно,ова нема да ви помине така лесно.
ОК, готово, јас се откажувам, ветувам! :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom