Кафе

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Во последно време се заразив со Јакобс Велвет, интересно кафе, поситно од другите инстант кафиња и прави прилично пена, за цената ми е одлично и многу подобро од нескафето.velvet.jpg
 
Јас пијам ладно Nescafe GOLD , во последно време со домашно овчо млеко ( мастноста во млекото одлично го комплементира вкусот) , и екстракт од лешник .

RnbYjFQ.png
 
Обично не преферирам турско кафе, ама ова е нешто посебно. Посебна арома и вкус на лешник. Штета што го нема кај нас. doncnugat12.jpg
 
Бидејќи сум пушач не преферирам кафиња со млеко. Шекер никако. Најчесто пијам турско но некако во последно време многу падна квалитетот па некогашните франк, агроплод, це кафе....веке не се ни приближно тоа што беа... но тоа е што е... поважен ми е ритуалот одколку квалитетот на кафето. Пред се сакам кафето да го пијам во квалитетен филџан, никако во некои ,,добро утро,, глупости а скраја да е во пластика...јок. Потоа битно е да сум удобно смесен и раат... Најубаво ми е наутро на терасата од канцеларијата и секако со неколку цигари и весник....
 
Малку кафе,многу млеко и шеќер
 
Не пијам кафе редовно ама кога пијам, пијам Нескафе добро изматено со млеко а кога сум излезен во кафиќ пијам Макијато иако не ми е ќејфски мала доза ми е. Турско кафе не пијам, уште на мирис ми е некако јако.

Tатко ми пие Нескафе еспресо и стварно убав мирис а и вкус има тоа кафе
51xSp%2BNAMhL.jpg

Гледам денес купил некое ново Нескафе еспресо Azera
5960276_001.jpg

Знае некој какво е ова Нескафе еспресо ?
 
Од кај си го зел Нескафе Еспресо?
Барав во Тинекс и СП го нема, а колку што памтам и во Веро не сум го забележал ова.
 
Од кај си го зел Нескафе Еспресо?
Барав во Тинекс и СП го нема, а колку што памтам и во Веро не сум го забележал ова.
Во Веро има. На интернет видов има и други врсти од тоа Azera лименката не е само Еспресо ама кај нас го има засега само Еспресо.
 
Во Веро има. На интернет видов има и други врсти од тоа Azera лименката не е само Еспресо ама кај нас го има засега само Еспресо.
Тоа што го имаш поставено првото е инстант и не треба апарат за да го подготвиш? Или и второто (азера) може без апарат да се прави во домашни услови?
 
Тоа што го имаш поставено првото е инстант и не треба апарат за да го подготвиш? Или и второто (азера) може без апарат да се прави во домашни услови?
За првото доста е топла вода да истуриш, и јас го пијам и го препорачувам, како што ти кажаа, во Веро го има. :))))
 
За првото доста е топла вода да истуриш, и јас го пијам и го препорачувам, како што ти кажаа, во Веро го има. :))))
Вода во џезве грееш но никако да чекаш да зоврие.
 
Вода во џезве грееш но никако да чекаш да зоврие.
Секако, исти муабет е и со црниот чај. Вкус на изгорено има ако ја заборавиш водата.
 
И азера еспресо може да го правите во домашни услови. Има пријатна арома и вкус. Исто Американо е убаво.
Последно тренд по дома ни е пена од нескафе класик и одозгора сварено млеко со растопен шеќер и една лажица какао или еспресо и на крај одозгора цимет. Ми здосадија овие обичните и секој ден тоа па тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom