Кафе

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Од инстант кафиња некое да препорачате, Нескафе, Браво, Јакобс ми скиснаа, пијам по 4-7 кафиња на ден али најчесто го пијам на брзинка на работа само со вода и малку шеќер. Некоја алтернатива препорачајте покрај инстантов што може да се направи за минутка со врела вода, а да е повкусно :)
3 во 1 и 2 во 1 никако, тоа не го пијам во никој случај.
 
Еве ти идеја да пробаш нешто ново со кафињата кои ги пиеш. Пошто со вода ги пиеш пробај ги со засладувач (creamer) и кафеав шеќер. Направи сам некој сооднос кој ти е по желба пр. 2 лажички кафе, една creamer и 1.5 шеќер.

Јас Nescafe Strong зелената лименка ја користам. Тие 3 у 1 се глупости, се сложувам. Овие инстант кафињава се све тешка хемија ама јебига мора да се има некој порок и занимација. :D
 
Од инстант кафиња некое да препорачате, Нескафе, Браво, Јакобс ми скиснаа, пијам по 4-7 кафиња на ден али најчесто го пијам на брзинка на работа само со вода и малку шеќер. Некоја алтернатива препорачајте покрај инстантов што може да се направи за минутка со врела вода, а да е повкусно :)
3 во 1 и 2 во 1 никако, тоа не го пијам во никој случај.
Види, ако имаш некој познаник шо работи у ресторан, нека ти земе од тие инстант кафињата у ресторани шо ги носат на големо едно кило, многу е добро и мн лесно се меша чак и со ладна вода. (Мислам дека само еден застапник поголем носи кај рестораниве у МК, незнам точно шо кафе е)
Исто така и Franck-от, почнав да го зеам последно време многу повеќе ми се сфиѓа од Nescafe, го скиселија пошто несот во задње време.

Филтер кафе ти е друга опција, ама ти треба апарат. Јас од причина шо пијам околу 6-7 кафиња дневно такоџе, си земав апарат и ставам сабајлечки полн бокал да се прави за некој 3-4 минути и пошто бокалот ми држи топло бар 4-5 чаши вадам од таму.
 
Проблем ми е додека сум излезен од дома (а сум 10 часа секој ден со работата), инаку наутро и јас си правам нескафе стронг + малку шеќер+ малку млеко+ вода во блендер и излегува како нескафето во кафичите :) Али поради млекото на жешково не ми се ризикува да го носам на работа.
Немам познаник по ресторани нажалост, франк некако послабо ми личи од нескафето, али ќе пробам :) Фала на совет.
 
Од инстант кафиња некое да препорачате, Нескафе, Браво, Јакобс ми скиснаа, пијам по 4-7 кафиња на ден али најчесто го пијам на брзинка на работа само со вода и малку шеќер. Некоја алтернатива препорачајте покрај инстантов што може да се направи за минутка со врела вода, а да е повкусно :)
3 во 1 и 2 во 1 никако, тоа не го пијам во никој случај.
Од КАМ маркет земи си. Нивното инстант кафе е супер - 160 ден. а повкусно од Нес и сличните на нив. Fiesta со црвена амбалажа
 
Знам го имам пиено, со млеко и тоа е ОК, али без млеко не е вкусно.
 
Малце глупо прашање, дали овие Lavazza, Tchibo и останати „јаки“ брендови може да се користат во оние алуминиумски чајничиња на пареа за мока кафе? Коркач сум, сакам да зеам да пробам али 250 денари ми е скап експеримент ако не успее. а после ќе мора да го дадам кафето отпакувано. :D
 
Може. Ама немој да користиш филтер кафе, туку за еспресо
 
Ајде бидејќи немаше соодветен одговор и ја ќе поставам исто прашање. Кое инстант кафе е добро и каде може да се купи?
(значи Јакобс, Нескафе класик-сторнг, Фиеста од кам, Франк, Јакобс Крема ги имам пробано и според мене НЕ се добри).
 
Јакобс Монарх па неколку празни места, па нескафе голд.
Запази исто за нескафе од каде е произведено.
Ај коа сум веќе тука, некој да ми одговори на погорниот пост у везе со Lavazza (и други брендови) кафињава дали можат да се прават во оние алуминиумски чајничиња? :D
Frack it, глеам Гурман ми пишал веќе. Thanks mate :D
 
Монархот е одличен. Има фантастична арома. Пред неколку години имаше кај нас теглички со 50 гр. кои имаа најприфатлива цена. Како и да е, мислам дека вреди за парите.
 
Некој што пробал, да ми каже кое од кафињава за онакво алуминиумско чајниче се добри? Поточно за типови, рецимо имаше Lavazza rosso, едно со плава етикета и златно. Што да очекувам кај сите три типа? Кое има интензивна арома ама да не е прејако? И ова Tchibo дали е ок, со оглед на цената што му е доста ниска?
 
Виетнамско кафе... Малку конденцирано слатко млеко/крем. Потоа голема лажица виетнамско кафе во филтерот. На крај зовриена вода. Пред тебе се вари капка по капка. Цела соба ја исполнува кафе аромата... Уживање

Има и ладно кафе верзија ама ова си го пијам дома

gourmet-blend300.jpg

VN-coffee1.jpg

img_0886.jpg

59b14992cd64a58cb9b428577a8053c6.jpg
 
Најмалку три кафиња во денот ми е стандард. Не пијам турско, само Нес. Може да се рече дека јас пијам млеко со кафе, зашто речиси и не ставам вода, еден прст колку да се направи пена. Останатото е млеко. И го пијам обавезно со една лажица шеќер, и две-три цигари. Си го обожавам овој ритуал и без кафе не можам да си го замислам денот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom