Кафе

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Црно кафе - турам лажиче нес и топла вода. Нит шеќер нит млеко[DOUBLEPOST=1393501786][/DOUBLEPOST]
Од кај го купуваш кафето у зрна?
Имаше едно Бар-кафе на времето спакувано, сеа мислам има онака на рефус по семкарнициве им барам немелено. Некогаш ми праќаат од странство по 200-500 грама колку за 2-3 месеци во годината, остатокот го зимам во онаа пиљарата кај Универзална. Имаше и доле во ГТЦ само не сум бил одамна да го видам .
 
2105A134528A917D1709BE

Без шеќер и јак кајмак да те раздрма наутро!
Свежо мелено, купечкото го нема тој шмек. Башка цела куќа мириса на вистинско утро.
 
d47570581c20325a58f4a102926a04a9.jpg

Денот без кафе е како Боро без Рамиз, како Мирко без Славко, како Јин без Јанг (Фамилија ftw).
Ко термити за кафе сме дома :D
Најчесто пијам еспресо, макијато или лате без шеќер. Шеќерот ми го расипува вкусот на кафето, горчината е она што го прави убаво.
Од мелените омилено ми е Illy, а во зрно земав од бразилската продавница за кафе ама некако многу слабо ми е.
Ако некој налетал на добро кафе во зрно нека пише, никако не можам да најдам по продавнициве.
 
Несче :love: Порано само ладно го пиев, али сеа некако топло ми е поубаво.
 
А каде ли да најдам од оние стари мелачки за кафе, па сам да си сомелам тазе од зрна мелено кафе.
Или кога сум на пикник-викенд,каде има и повеќе време за мелење, и тоа сварено на отворено пламенче,или на жарче од скарата.
Дома сум пробал од сите,поточно кое ми е при рака во маркетите и ми фати око,а често и оние наградните на кои ништо не се добива.
Инаку и нес кафе имам стално една кутија во кујна,една имам во подрум и шише вода обавезно,една во кола и мало плинско решо.
До сега во кафич,бар последниве години 20 години сум се наил само еднаш и тоа сум пишман,ми лапна 70 денари за една голтка.
А често си земам од автоматите по улица и е стално кај што ти треба 24 часа нон-стоп и е доста цената пристапна само 10-15 денари.
 
Само Nescafe - strong пијам без шекер и без млеко. Се одвикнав од турско мислам да е штетно..но знам понекад едно на два дена...Обожавам нес и неможам ден да замислам без кафе..

NESTLE-NESCAFE-limenka-200g-Strong.jpg
 
Не студираш ? :P

Шала на страна.
Само капучино пијам (стриктно со вода)
Произведувач... најчесто Браво
Студирам,но на пауза моментално сум :)
Но таков чуден човек сум, не знам,кафе не пијам,секако дека пијам,но не практикувам често,едноставно не ми се допаѓа,обично ако седам со некој или сок или чај земам,сите ми се чудат,као ти зш не пиеш,стандарт ми е, не знам одговор :D Кафето коа го пијам едноставно не буди некоја омиленост да ме тера постојано да мора да го пијам,буди нагон,како цигари или не знам да пијам ... таков терсене чоек сум шо не пијам ни кафе,ни алкохол,ни бутур цигари,едноставно одбивно ми е лично ..... Имало и другари шо ми дофрлале зш не пијам,те присилуваат ,ајде ќе пијам за почит,но едноставно како што е :)
 
Турско по дома, кога сум искочен некаде макијато. Несот неможам да го пијам, не ми е убаво.
 
Дома си пијам строго турско кафе и тоа најчесто С , мада не сум многу пребирлив. Некогаш кога не ми е мака земам рефус мелено( на лице место). Ни млеко ни бутур. Само шекер.
И само турското кафе го признавам за кафе. Другите не се и ни кафиња според мене.
Кога сум излезен најчесто макијато ако нема опција за турско.
 
Дома пијам турско, горко, јако и со кајмак. Знам само дека е Гранд кафе, а какво точно не знам, сеуште не сум задолжен за купување на кафе, а пијам долго време.

Кога сум излезен само еспресо, исто така без шеќер. Кога би бирал би пиел секогаш Атибаси затоа што ми е најјако, али кај мене во маало го нема така да често пијам други, битно да е еспресо.

Пијам многу. Испод 2 турски и едно еспресо не ми поминува денот. Некогаш се случува и по 5-6 на ден да ми се фатат.
 
Doma pijam samo gorko jako tursko kafe.:coffee:
A koga sum iskocena si pijam nes :coffee:
 
Коа имам друштво за кафе (а најчесто имам) пијам турско, ако пијам сама си праам нес кафе. И турското и несот ги пијам со шекер и млеко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom