Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Јас изгледа сум меѓу ретките кои не јадат хамбургери, буквално од никаде, па не ни можам да го разберам муабетот со споредбата. Од сендвичара јадам само тост и тоа еднаш месечно. Толку е моето хранење со брза храна по фаст фуд ресторани.
 
Вили, 7ца и ''COOL'' кај студентскиот Гоце Делчев. А најгаден хамбургер исто во близина на студентскиот една сендвичара не знам како се викаше. Лепчето беше од пред 2 дена сигурно, плескавицата чудно мирисаше, а кечапот и мајонезот беа катастрофа. Добро барем убаво тостови прават во таа сендвичара...
 
сендив го јадев во Велес, одамна. Се расипа нешто возот, па во тој град останавме неколку сати. Во близина на железничката станица има некаква неугледна сендвичарница/киоск (не го памтам името) а мене ми се јадеше. Имав 14/15 години (сега се дупло повеќе) и цените тогаш не беа нешто високи. За 30 денари, одлично памтам, ја јадев најдобрата плескавица што сум ја купил, сочна, голема, вкусна, од месо (изгледа тогаш сојата не беше најраширена работа по сендвичарниците), а лепчето свежо и меко. Изедов три, не наеднаш :) . А ми се чини дека не беше некоја луксузна сендвичарница со големо мени, ниту пак имаше гужва. Онака, не баш угледно место, со вообичаена македонска услужливост, ама затоа пак сендвичите си беа супер.
.
Скара Чакар :)
 
жужу муслам дека прават подобар хамбургер моментално од седмица. барем по мое искуство досега се најдобри за хамбургери а најдаден убедливо кај тие сендвичарите што се кај стоилко поточно БАКА сендвичарата... лебот од пред 2 3 дена - буквално се распаѓаше.. компирите кај ситни кај препржени заби да искршиш со нив со зејтин несменет минимум 3 недели - плескавицата заборавена од пред 3 дена.... кечап кога ми стави таа мислев подобро ке беше оцет да ме понудеше - полош хамбургер не сум јадел никаде дефинитивно!!!
 
Најгадниот дефинитивно во бивша Панда во лептокарија што имаше (докториве што беа за тровање секој нов пациент што ќе им дојдеше викаа еве уште еден од Панда:) )....А најубав во 7мица...колку и да го имаат заебано сеуште ми е број 1 :)
 
Жужу Бургер најубаво ми е моментално, и е единствено место во центаров од каде што излегувам заситен.
Го зимам со сите сосови, салати и многу помфрит и после цел ден јадење јок.
Вили ми го засраа некако и последен пат таму јадев во Октомври.
Малку помфрит ми ставаат, а јас обожавам помфрит во хамбургер :D

Убедливо најгрд хамбургер во „Стар Мост“....горчеше и краставицата дури...
хахаха исто :D затоа јас со дупли помфрит нарачувам, ама тој дупли ти е како нормален во другиве сендвичари
 
Најубав хамбургер на времето во King Burger во Центар, ама откако ја затворија сендвичарата, мислев дека никогаш нема да пробам толку убаво месо на друго место. Но за среќа, пред некое време пробав - во City Grill во Рамстор - повкусно месо, сочно, а сепак испечено, повеќе салата (во City Grill даваат дури и рендан морков) и покрцкав, свеж и вкусен помфрит на друго место во Скопје не сум јадел.

Во Охрид на времето беше убав хамбугерот во Кактус, спроти Табана, ама последен пат кога јадев таму, го смалиле месото за 50%. Инаку, ми се допаѓа што и таму е се свежо, и што кечап и мајонез ти даваат во кесичка, па знаеш дека сигурно не е расипан.

Грди хамбургери - колку сакаш, насекаде околу мене. Еве, ако морам еден да изберам - од Нино сендвичарата кај Чичко Стоилко комплекс. Од него добив труење со салмонела. И не можев од кревет да станам 2 недели. Морав 2 инфузии да примам за да се вратам во живот. И не само јас, туку и едно другарче со кое заедно јадевме таму. :D
 
Најодвратниот хамбургер што не го ни пробав беше пред 3-4 години кога бев уште средно. Сега ќе ви кажам зошто не го ни пробав. Сендвичарата се викаше Ќузум или Кузум не знам дали со Ќ или со К беше а не е ни битно, одма до средното училиште Васил Антевски Дрен. Одам на одмор мртов гладен и нарачувам хамбургер во селско лепче а таму обично убава храна имаа, не беше старо месото и лепчињата беа тазе. И чекам да ми го направи таа продавачката која патем беше една од најгадните продавачки што сум ги видел во животот, една мрсна, небањата и без еден преден заб во устата. И дојде на ред помфритот да ми го стави и кога наеднаш и капна пот од челото во компирите. Толку ми се згади што ќе повратев за малку, а инаку не сум гадлив по природа али ова беше немогуче. Го земав и одма го фрлив хамбургерот за да не го гледам веќе и никогаш повеќе не се вратив таму.

А најубав хамбургер има во Автокоманда на самата автобуска станица карши Алкалоид, луѓето работат од памти век таму и до ден денес немаат сменето ништо, а и имаат посебен рецепт за месото кој не го кажуваат на никој. :)
 
Абе луѓе знаете ли каде се прават убави лесковачки плескавици у скопје пошто не сум од скопје а ќе одам таму и сакам да јадам една таква многу ми е вкусна кај ќе ме обратите вие?
 
Најубавиот - Џамбо (аеродром)

Најгрдиот - во Ресен (појма неам као се викаше сендвичарата, али никад више!) и секако Аркадија - шуќур пропаднаа...тоа не беше плескавица, ѓон ѓоносан, копито коњско, гума...
 
Најубавоит во Перпер - Белград, најгрдиот во една сендвичара во Чаир :D
 
Синоќа ја видов темава и ми текна дека одамна не сум јадела хамбугбер од седмица, па решив да им дадам уште една, ама овој пат последна. УЖАС! Подобро дома ќе си јадев од боранијата, ем потрошени пари, ем ужасно јадење.

Знам дека е грев е да зборувам лошо за храна, ама со оној сендвич и куче скитник може да се отруе.
 
Добар е хамбургерот и во Тетекс во чаршија за 80 динарчиња.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom