Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Лепче со плескавица. Само кај нас трупаат компиришта па и сосови. Кај Алкалоид во Автокоманда има убави лепчиња со плескавица постојано се движат луѓе тука нема промашај.
Па ај да не трупаат,демек многу квалитетна и вкусна плескавицата па да не и го засени вкусот компирот.

Ако нема помфрит не го признавам за хамбургер воопшто.
И сегде во светот нормален бургер оди со помфрит и сосови по желба.
 
Убедливо најгадниот сендвич (хамбургер го викаше продавачот) сум го јадел во скопската стара чаршија, со никакво лепче и „плескавица“ како да е правена од месо на локална, неухранета џукела. Се разбира дека го фрлив по првиот залак.

Иди во Турист и порачај си една десетка прсти ќе излижеш :)
Незнам дали имам пишано овде, најдобар хамбургер беше во Анвива во Охрид сендвичара на старата автобуска со Скопски газди. Постарите Охиѓани се сеќаваат сигурно какви сендвичи имаше таму. Ја урнаа автобуската и заедно со неа и сендвичарата, подоцна слушнав дека имало и во Скопје некаде, али незнам дали денес постојат.
 
И сегде во светот нормален бургер оди со помфрит и сосови по желба.

Освен во Црна Гора. Таму нема помфрит во кој и да е сендвич. Зашто? Којзнае...
 
Па ај да не трупаат,демек многу квалитетна и вкусна плескавицата па да не и го засени вкусот компирот.

Ако нема помфрит не го признавам за хамбургер воопшто.
И сегде во светот нормален бургер оди со помфрит и сосови по желба.

Јас зборам за компирот во сендвич. Секаде си оди посебно со сендвичот!
 
Јас зборам за компирот во сендвич. Секаде си оди посебно со сендвичот!
Епа си оди,во Европа.
Кај нас не.
Кај нас немаат пластична корпичка да си го однесеш јадењето ако не можеш да го дојадеш а не па посебо.
Кај нас во радиус од 200 метри имаш 7 сендвичари а во ниедна од нив нема да јадеш квалитетно.

Во Европа во радус од 200 метри може ќе има 4-5 ама знаеш дека ќе јадеш квалитетно.

Јбг,се додека се водиме по тоа квантитет>квалитет ќе ни биде општеството такво какво што ни е.
 
Влијанието на нездравата храна врз Македонците

Кај нас во радиус од 200 метри имаш 7 сендвичари а во ниедна од нив нема да јадеш квалитетно.
Во Европа во радус од 200 метри може ќе има 4-5 ама знаеш дека ќе јадеш квалитетно.
Пријател, не дека и тие се до јаја...ама сепак, храната е каде каде поквалитетна и зарзаватот, се комплет. Овде кај нас се знае како се работи, порано беше труење принцип, денес е тивко убивање ради хасапот.
Ама нели народов е освестен :icon_lol: па затоа повеќе црвено месо од којзнае што, се пазари отколку овошје, зеленчук, зошто тоа не најадува и е педерски да се конзумира (сањам за иднина без комплекси и стереотипи).
А најзаебаното е што сум приметил, народов не џвака бе пријателе бе...мислат ќе им го земеш и онака огромниот леб со сваштарии во него. И после чир на желудник, па малце е и тоа.

Секој ден проаѓам покрај вили (или било која сендвичара шо и да е) и си бројам 1 инфаркт, 2 инфаркта, 3 мозочни удари, 4 шеќер, 5 холестерол, 6...итн :icon_lol: не ми се јасни луѓево, викаат имаме отворена свест спремна за во европа демек знаеме се, а не се свесни што е здраво, туку што најадува пред се - АЛО па животни ли сме?
Друга работа е ко ќе се грабнеме на тема, па скапо е овошјето, арно ама имаш мозок да ги распоредиш парите и да не ги фрлаш за глупости, иако тоа не е мој проблем на крај краева.
Па после го имаш оној познатиот синдром леле ќе умрам, докторот ми рече дека имам тело ко на 70годишник, и после мачен и напорен едно-неделен режим, повторно се враќаат во дувлото.
И умирале млади, епа ќе умирате бе шо си мислевте, зарем витамини има во шитот што го гнетете :icon_mrgr: Проста маса што да кажам, цел свет гледа како да го извлече најпозитивното од храната, нашиве се ложат на бургер кинг, кфц и шо ти ја знам таму...смешки. Па на крај корпорациите им биле криви нив, седи не ме оваквај...

Иди во Турист и порачај си една десетка прсти ќе излижеш :)
Незнам дали имам пишано овде, најдобар хамбургер беше во Анвива во Охрид сендвичара на старата автобуска со Скопски газдиж

Турист мислам дека остана единствената скопска кафана, каде месото е коска сеуште, свежо и на ниво. Моментот кога после ќебап, ждригот ти е милина да го споделиш со пријателите/блиските бидејќи го нема стандардниот коњско/кучешки издув, туку некоја внатрешна убавина која тихо извира од тебе, а стомакот не ти е подуен и 2 дена после тоа, здивот (со помош на желудникот) не ти копа на изнутрици. Милина, нема што да коментирам понатаму...
Анвива ја памтам исто, ок храна имаше само што слабо сум седел таму, повеќе гледав отколку што конзумирав :icon_lol: (хинт : не сум циган)

Писателот сака да каже дека морате конечно да се освестите за тоа што го јадете. Нормално е човек да се откачи еднаш во 2 недели и да си го дозволи тоа мрсно и не толку здраво задоволство, но и притоа да пази каде јаде и колку јаде. И јас сум бил вол настрвен, но среќа на време сум се освестил за последиците, па затоа сега се осеќам ко полетарче и топ ми е.
Не дека ја хејтам темава и не дека нема теми за здрава исхрана, али нека стои постов ко опомена, а што би ако би и кад би били ми и тако даље...зз
 
Jas ne jadam hamburgeri cesto , no najdobar bese od edna sendvicara sproti gimnazija JBT sega ja urnaa pred nekoja godina.

Najgrozniot vo 7-ca , mi se zgrozi od majonezot i toa sto go stavaat vnatre.
 
Во кафаната во Стар Дојран, до пазарчето...не и знам име
Единствен хамбургер што неможев да го изедам...не беше по мој вкус

Најдобриот во 7ца дефинитивно
 
Седмица, Жужу, Вили, Жан Мари во Скопје, а во Охрид Пинк Пантер, бившо Анвива и Фетбој ако некој го памти... и да не го заборавам Горичан исто во Охрид штета што не постои
 
Жужу Бургер и Седмица а Вили само сосовите го прават филингот а плескавицата е онака.
 
Жужу Бургер најубаво ми е моментално, и е единствено место во центаров од каде што излегувам заситен.
Го зимам со сите сосови, салати и многу помфрит и после цел ден јадење јок.
Вили ми го засраа некако и последен пат таму јадев во Октомври.
Малку помфрит ми ставаат, а јас обожавам помфрит во хамбургер :D

Убедливо најгрд хамбургер во „Стар Мост“....горчеше и краставицата дури...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom