Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некој ден на бензиска Дени Шпед кај Шпедицијата во Илинден на самиот автопат до Рио Кафе е бензиската ! За 80 денари плескавица и лепче огромни со салати и компири 2кг :) и хамбургерот беше претерано вкусен
 
После вчерашното јадење во вили (Аеродром) имаат топол поздрав од мене и следно невидување! Немаше шарска, типот до нас бараше полнето ни вика чекајте 10 мин сега ќе ставам. На крај земав стек од што не ми се чекаше а само тоа имаше готово, става сос ок тоа се, и викам со помфрит, на што следеше СЕГА ЌЕ ГО СТАВАМ ДА СЕ ПРЖИ. За 2 мин ќе бил готов. Ми го спакува, отварам и што да видам. Живи компири полиени со зејтин. :facepalm:
Најдобар Бургер Кинг и жужу, само да намалат со тоа помфритот. И во тетекс е исто добар!
 
Последен пат што се сеќавам...со позитивни импресии од Жужу Бургер.
Како што сум љубител на сосови...мх, мх.
Плус, неможев да го дојадам од што е толку обилен.:icon_lol:
 
Убав хамбургер има во Цацко и во Анатеа :)
 
Жужу-бургер - УБЕДЛИВО НАГНАСЕН СЕНДВИЧ!

Убаво си реков да ми стават кечап и мајонез, а добив црвена и бела вода, пливаше сендвичот. Сланината проѕирна, гумена и безвкусна.... ми се згади животот.
 
И во тетекс е исто добар!
Хмм.....па не би рекол.Освен ако твојот критериум за добар сендвич е плескавица со рскавици(или коска,сеедно).И секогаш после хамбургер од Тетекс,ме убива киселина во желудник.Многу им се сомнителни плескавиците,добро стартуваа на почетокот,за да потоа го уништат хамбургерот.
 
Колку пари толку музика, ипак не е 150 како во жужу. За тие пари си е таман. (y)
 
Ако случајно ве носи патот накај Маџари и сте гладни а поминете покрај Вили немојте случајно да сте се излажале и да купите - ЗНАЧИ НЕМОЈТЕ !!
Ви ја претставувам најгнасната сендвичара во СКОПЈЕ ! Чоече у рандом затуцано село има подобри хамбургери и почисто е!

Внатре СМРДИ на којзнае што бе и да сте премногу гладни идете купете смоки или било што ама не влегувајте таму !
 
Вили најгаден чекав 15 мин за помфрит затоа што немале и пола им беше вчерашен и тврд како камен, и во онаа сендвичара пред Холидеј ин со домашните лепчиња. Во Бамби ми е најдобар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom