Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

Го имам овој XXL. Освен тоа што е добар и не е лесно кршлив, воопшто капка не те допира, ако имаш друштво, слободно и нив викни ги, има место за сите. Шала на страна, од Happy Home (уа реклама!) зедов прилично ист, меѓу 500-800 денари, не ми текнува, топ е, само огромен е, и смешно, чудно и необично изгледа од страна кога те гледа некој, дијаметарот е како оние најмалине за на плажа што се, комотно има место за двајца да не ги чепни капка. Интересни ми се реакциите на луѓето, ама чадорот си го вреди секој денар.

Бај д веј, добар предлог за Rolls Royce чадор, само ако си богаташ, па нема да го жалиш при прво оставање во маркет или влез од кафеана. Инаку за 500$ имаш стотина мали, кршливи чадорчиња што веројатно нема да ги потрошиш тековната деценија. :):P
 
Neznam tamu kade shto si go kypil ama na eBay imash izbor na goleminata, od 105-125 cm.
 
Каде може вака да ми пластифицираат книга?
 
Attachments

  • plastic-wrap-book-95-1.jpeg
    plastic-wrap-book-95-1.jpeg
    127,8 KB · Прегледи: 17
  • e7ai19qfw0d41.jpg
    e7ai19qfw0d41.jpg
    78,6 KB · Прегледи: 17
Не излегувај на дожд и на ветер и решен проблем :D
Но сериозно, баш тука е проблемот. Сите сакаме чадорот да е полесен, или барем да не е претежол ама тогаш контрукцијата е послаба. На крај на доволно силен ветер секој чадор ќе се искрши, а ако не се искрши тогаш полесните од нас ќе станат airborn. :D

@Zlatikevichius мислам дека не мислеше навистина на чадор „кој може да издржи торнадо“, туку веројатно бараше поиздржлив модел што за одреден компримис по тежина ќе даде поголема јачина на средно силен (и неочекуван) ветер. И јас би сакал да најдам таков чадор. Во ситуации кога се знае дека ќе дува силен ветер, предлогот на @Lester Freamon за добра кабаница мислам дека е најпрактично решение за проблемот. Пошто на крај силен ветер значи и (скоро) хоризонтален дожд, а од тоа ниеден чадор не спасува. Само добра кабаница, спортски вододбивни пантолани и чевли... И брисачи за наочари, за тие што мораат да ги носат. :)

f643ae10bc1f696ee6abc67c640c62f7_w200.gif

Автоматски споено мислење:

Јас исто така барам добар чадор. Имам еден од JYSK, средна цена и релативно ок ама потпросечен квалитет за цената. Од Икеа, евтин и повеќе од добар за цената. Еден некаде од странство... Се тоа се ок чадори но чадори кои ги затвараш ако премногу дува, пошто ќе останеш без чадорот и пак ќе те наврне... Така да во меѓувреме потрагата по многу добар чадор продолжува. Кој знае за добар чадор (не совршен, туку добар), нека кажува веднаш.
 
Некој пиша ќе се смееле ако ме видат у кабаница. Значи истите никад нема да помирисаат скандинавка зашто 90% од времето овие носат гумени чизми
Само замисли си гумени Опинци модел челзи и следното е да платиш 100+ евра за тие гумени опинци :)
 
Aбе било кој нормален чадор да купиш на голем ветер ќе ти го дува ветер. Што очекувате јас не знам.

Наубави чадори се оние што ги продаваа црнците на плажа во Грција. Мислам и во Солун ги имаше кај кинезите ако сте биле таму а ги продаваат таквите и овде сигурно. Големи се и таман да не те кисне дождот.

Се зависи коклу сте пажливи со чадорот.
 
Ај вака, од почеток: прашав каде да најдам ВО СКОПЈЕ ЧАДОР ШТО НЕМА ДА СЕ СКРШИ ИЛИ ОШТЕТИ ПРИ ГОЛЕМ ВЕТАР. Значи не на Али Експрес, во Скопје. Не кабаница - чадор. Не како да го носам чадорот, туку каде да најдам. Не чадор што ветрот нема да може да го преврти - туку чадор што не е направен од алуминиум и на кој нема да му се извиткаат или скршат жиците. И не чадор што ветрот нема да го дува, такво нешто ваљда само во приказните ќе најдам - туку чадор што нема да се скрши при голем ветар. Веројатно појасно, а?
 
Не сум го пробал чадоров ама ми изгледа колку толку квалитетен за таа повисока цена.

Ако и за таа повисока цена не чини тогаш стварно не знам што да ти кажам друго.
 
Ај вака, од почеток: прашав каде да најдам ВО СКОПЈЕ ЧАДОР ШТО НЕМА ДА СЕ СКРШИ ИЛИ ОШТЕТИ ПРИ ГОЛЕМ ВЕТАР. Значи не на Али Експрес, во Скопје. Не кабаница - чадор. Не како да го носам чадорот, туку каде да најдам. Не чадор што ветрот нема да може да го преврти - туку чадор што не е направен од алуминиум и на кој нема да му се извиткаат или скршат жиците. И не чадор што ветрот нема да го дува, такво нешто ваљда само во приказните ќе најдам - туку чадор што нема да се скрши при голем ветар. Веројатно појасно, а?
Не ќе да има таков чадор во мкд, но си пред одлична прилика да го измислиш, патентираш, и да станеш чорбаџија од продажба :)
 
Ај вака, од почеток: прашав каде да најдам ВО СКОПЈЕ ЧАДОР ШТО НЕМА ДА СЕ СКРШИ ИЛИ ОШТЕТИ ПРИ ГОЛЕМ ВЕТАР. Значи не на Али Експрес, во Скопје. Не кабаница - чадор. Не како да го носам чадорот, туку каде да најдам. Не чадор што ветрот нема да може да го преврти - туку чадор што не е направен од алуминиум и на кој нема да му се извиткаат или скршат жиците. И не чадор што ветрот нема да го дува, такво нешто ваљда само во приказните ќе најдам - туку чадор што нема да се скрши при голем ветар. Веројатно појасно, а?
Златен, купи си кабаница и викај ја чадор.
 
Во Карес
 
Ај вака, од почеток: прашав каде да најдам ВО СКОПЈЕ ЧАДОР ШТО НЕМА ДА СЕ СКРШИ ИЛИ ОШТЕТИ ПРИ ГОЛЕМ ВЕТАР.
Признај сега, се осети ко да си во некоја фб група, прашваш едно ти одговараат десетто. Хахахахахахахахахаха.

Ајде и јас десетто да ти одговорам, со намера да ти помогнам, од Лидл пролетава зедов еден огромен ене го машала да не го урочам шампионски ме служи.
Цели 7-8 еур беше, а тука дува секој 2 ден, испробана работа - пишман сум шо не зедов тогаш уште еден, ќе се најдеше.
Така да, од Грчка или Србија пријател на минување ако имаш замоли го да влези во Лидл, доколку начека ќе си поминеш убаво. Ако си заинтересиран ќе ти пратам слика во инбокс пошто не знам ни модел, ни големина да ти кажам.
 
Каде може вака да ми пластифицираат книга?
Ако мислиш на пластифицирање она да ти ја затвори цела книга како за продажба тогаш купи од оние апаратчињата за вакумирање храна или купи само онаа проѕирната кујнска фолија што се тегне и што се залепува па завиткај ги книгите. Може нема да биде профи како од фабрика ама ќе ги заштитиш книгите.
 
Да, на тоа мислам, ама не ми се замара толку, мислев да не прават негде по копирнициве...
 
Не знам. Во копирници знам дека прават пластифицирани корици за оние скрипти, проектни задачи..

Можеш да прашаш во некоја печатница ако може да ти ги завиткаат во таа фолија. Сепак и тоа е премногу замарање.

Како што пишав апаратче за вакумирање можеби и ќе заврши работа.

Еве едно евтино, колку добро функционира не знам. Вакви апаратчиња подобри имаше и во Lidl.

Еве ги и кесите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom