Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Пробајте маџун (гроздов мед), природен засладувач, наместо шеќер. Верувам знаете што е тоа (повеќето не). Најчесто се 100% природни и ништо вештачко внатре. Една до две лажици маџун во денот, наутро или навечер, самостојно или растворено во вода, чај, млеко, сок, се доволни. Ефектот со класичниот мед е идентичен, со тоа што маџунот е потечен и одлично се вклопува во секој напиток.

Препорака: Бидејќи ретко има добар маџун низ Македонијава, барајте да е течен и изработен на плинскине тави или слично, НЕ во казан! Бидејќи главниот извор е од Тиквешијата, има многу што го прават во казан за ракија. Казанот за ракија е бакарен, и испушта киселини и др. штетни по здравјето, нормално минимално, и го загорува маџунот со што дава горчлив вкус. Повеќе нема никогаш да ви текни на шеќер.
Imam kupuvano samo za da probam. Od Kavadarci, koshtashe kolku med!
 
Imam kupuvano samo za da probam. Od Kavadarci, koshtashe kolku med!
Дури и поевтино е сега, околу 500ден. се движи кг. маџун, а квалитетен мед тешко да се најди под 600ден./кг. бидејќи има огромна побарувачка од извозници и го продаваат топтан по 7-8 евра/кг. во канти. Од овие на пазар што продаваат мед по смешни цени греота е и за душман да купиш, све се тоа шеќери и тешки глупости далеку од мед. Сепак маџунот е далеку подобар засладувач (по мое) од медот, повкусен, од грозје нели, ем полесно се раствора и дозира.
 
Да има некој видено некаде кај нас да продаваат Pica ? Или Можеби некоја продавница во Солун да знаете?

61satcpRHyL._AC_SX425_.jpg
20231218_140405.jpg
20231218_140420.jpg

...не знам зошто ти треба наменски, ама јас купив на тезга на Бит пазар вакви комплети по евро едно, јест да се кинески ама вршат работа.
Ako mislis na natrenot toa e mnogu stetno,vo nekoj drzavi duri i zabraneto so zakon kako sto citam po nekoj verodostojni sajtovi.Taka da toa otpagja ali sepak fala ti za preporakata.Ako e nesto drugo togas ke prasam po aptekite.
I medot e edna od opciite iskreno ali aj vikam da prasam da ne ima nesto shekerasto slucajno kako proizvod a da ne znam za toa.Gledam od Vitalia ima ovosni shekeri (fruktozi) vo pakuvanje od 300gr pa ne znam i toa dali e pozdravo od shekerot ili e samo skap marketing.Za kafeaviot nerafiniran sheker citam deka e isto skoro kako i beliot taka da ne gledam tuka nekoja si korist.
...а што мислиш од овошни шеќери нема да имаш покачена гликоза во крвта? а знаеш дека шеќерот е основна енергија за клетките, посебно за мозокот, сакаш да идеш во хипогликемична состојба и да колабираш? Покачен шеќер од едно мерење ниту не се зема во предвид (4.44 до 6.66 mmol/l) , не знам, но јас не сум присталица на ваков приод и 8 mmol/lа да ти е шеќерот во крвта, нема да осетиш нешто, ама ако ти спадне на 3 mmol/l тумба доле, па уште да возиш во тој момент поголема штета ќе направиш.
...скини го лебот од менито, а концентрираниот ферментиран зелен чај продолжи пиј го со шеќер.
 
Последно уредено:
Ми треба мајстор што ќе ми изработи ваква врата или продавница кај што ја има(по мерка)
 
Attachments

  • IMG_3888.jpeg
    IMG_3888.jpeg
    361,8 KB · Прегледи: 23
Каде може да најдам вакви изводи за лемење на батерии
 
Attachments

  • H36aaedd733ea412ba93c46675b5cc608Z.jpg_720x720q50.jpg
    H36aaedd733ea412ba93c46675b5cc608Z.jpg_720x720q50.jpg
    20,3 KB · Прегледи: 9
Каде може да најдам вакви изводи за лемење на батерии
Не е проблем да најдеш такви приклучоци, проблем е да ги пунктираш на батериите.
Има на Али и апарати за пунктирање, и ленти (изводи). Не знам овде дали некој продава.

Зависно од намента, едноставно можеш да залемиш жици директно на батериите. Само внимателно и со калај со пониска точка на топење, пошто литумски батерии потенцијално може да направат беља во одредени ситуации (загревање).
 
Каде да најдам чадор што нема да се распадне ни на торнадо? Не е битна цената, сериозно би платил и колку за 10 чадори, само конструкцијата да не е направена од алуминиум или фиберглас и да не се витка на едно развигорче. Во последниве неколку години имам купено преку 20 чадори и никој нема издржано ни 3 дожда, зашто кај нас многу дува кога врне.
 
Финтата е да го држиш чадорот насочен у смер на ветрот. Така никогаш нема да ти го отвори.
 
Финтата е да го држиш чадорот насочен у смер на ветрот. Така никогаш нема да ти го отвори.
Па кој рече дека ми го отвора? Се виткаат и кршат жиците, накај сакаш насочи го. Од алуминиум се сите чадори секаде кај што сум барал.
 
Па кој рече дека ми го отвора? Се виткаат и кршат жиците, накај сакаш насочи го. Од алуминиум се сите чадори секаде кај што сум барал.

Ако сакаш подобар ќе земеш од долгите. Тие се многу поквалитетни и издржливи за разлика од малите. Нормално и поскапи.
 
Ако сакаш подобар ќе земеш од долгите. Тие се многу поквалитетни и издржливи за разлика од малите. Нормално и поскапи.
Па за таков прашувам, од долгите. Нив ги крши. Ти живееш блиску до мене, качи се 2-3 километри нагоре ко ќе врне дожд и ќе видиш какви торнада дуваат тука.
 
Каде да најдам чадор што нема да се распадне ни на торнадо? Не е битна цената, сериозно би платил и колку за 10 чадори, само конструкцијата да не е направена од алуминиум или фиберглас и да не се витка на едно развигорче. Во последниве неколку години имам купено преку 20 чадори и никој нема издржано ни 3 дожда, зашто кај нас многу дува кога врне.
Ако најдеш пиши каде. Тука и тие скапо што ги продаваат не се ништо поквалитетни.
На Алиекспрес има што ги рекламираат отпорни на ветар, некаде се од 10 до 20 евра. Дали е навистина така, не знам. Сево ова е за оние што се прекршуваат кога се собираат за да можеш да ги пикнеш во торба.
 
Овој го најдов сега пребарувајќи по нет. Имаат они продавница во Сити Мол, во недела ќе одам да го видам, и ако е навистина челична конструкцијата го купувам без мислење:

Финтата е да го држиш чадорот насочен у смер на ветрот. Така никогаш нема да ти го отвори.

Еј колку паметен совет.
А ако истура и воедно се движим у насока кај што немам опција да го држим насочен у смер на ветрот?
Како ти текнуа вакви бисери само....
 
Еј колку паметен совет.
А ако истура и воедно се движим у насока кај што немам опција да го држим насочен у смер на ветрот?
Како ти текнуа вакви бисери само....

не е бисер, техника е која успешно ја применувам со години и ниеднаш не ми го отворило чадорот. Коа ќе почне да те мава ветар, само насочи го у тој смер и никогаш нема да го отвори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom