Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Потребен ми е шпорет, за да го искористам за субвенцииве за инвертер клима.
Доколку некој од вас има и не ѓу треба, пишете частам пиво.
(Ако оваа тема не е соодветна, ве молам преместете)
 
  • Хаха
Reactions: MSE
Потребен ми е шпорет, за да го искористам за субвенцииве за инвертер клима.
Доколку некој од вас има и не ѓу треба, пишете частам пиво.
(Ако оваа тема не е соодветна, ве молам преместете)
Било каков шпорет? Дури и еден што едвај функционира?
 
Каде можам да најдам жена?

Имам 27 години, имам работа и плата од 500 евра нето, живеам под кирија, имам кола која не е бесна но пристојна.

Важи за жени од 18 до 40 години.

Поздрав.
 
Пушти оглас преку смс порака во дневниот весник Вечер.

Напиши смс текст во смс порака со содржината која ја имаш напишано во твојот коментар на форумов, и ќе ти се јават жени без гајле.

ПС: Јас искрен ќе бидам за себеси си барам жена со истите твои карактеристики од твојот напишан коментар, ќе се оправам и подобрам, барам жена успешна која ќе ме влече напред во животот, барам жена локомотива.
 
Дечки да препорачате столар во Скопје и околината кои работи си добар сооднос на квалитет/цена
За изработка на прости фиокари е ништо сложено.
 
Јас два пати имам земено од столар од Визбегово, еднаш висачи и елемент за кујна, другиот пат плакари за ходник, по мои димензии, но ништо комплицирано.
Ок беше во однос на цена и време на изработка.
Единствена замерка ми беше што некои штрафови беа ставени однадвор, па ги покрив со лепенки.

Локација на Google Maps
 
Потребен ми е шпорет, за да го искористам за субвенцииве за инвертер клима.
Доколку некој од вас има и не ѓу треба, пишете частам пиво.
(Ако оваа тема не е соодветна, ве молам преместете)
Коа е веќе спомнато за субвенции за инвертер, шо како иде? Само да и однесам старо шпоре шо работе?
И шо после?
 
Треба да ја купиш климата, да ти биде платена. Да поднесеш барање за субвенција, да приложиш сметка, фотографија од шпорето (не верувам дека ќе проверуваат дали работи). Климата треба да е монтирана на адресата на живеење и таму не смее да има можност за приклучок за централно греење. Комисијата ти ги разгледува документите и, ако се е во ред, ако не им е исполнета квотата, ти го бара шпорето и ти ја плаќа климата до 60.000 денари
 
Каде можам во Скопје да најдам вакви украсни маски? Добро, овие поточно обредни маски се, ама сакам да си го заличам станот со нив. Значи нешто во таков стил.
d38801f8ce39e38ded79a9f8b1350cb2.jpg

Sent from my SM-A505F using Tapatalk
Јас имам две маски за продавање, да ти ги пратам сликани во порака :)
 
Треба да ја купиш климата, да ти биде платена. Да поднесеш барање за субвенција, да приложиш сметка, фотографија од шпорето (не верувам дека ќе проверуваат дали работи). Климата треба да е монтирана на адресата на живеење и таму не смее да има можност за приклучок за централно греење. Комисијата ти ги разгледува документите и, ако се е во ред, ако не им е исполнета квотата, ти го бара шпорето и ти ја плаќа климата до 60.000 денари
Колку % субвенционираат? 50 % ли како шо беше со соларните панели?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom