Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да ми објасни кај е ОУ Коле Неделковски во Сопје? Или Руска Амбасада?
Коле НЕделковски ти е одма до ГРадежен односно архитектонски факултет, позади градска Библиотека, а руска амбасада ти е на Улица Пиринска, која што е пресечка на Ул. Ленинова односно помеѓу ПАртизанска и Илинденска на почетокот.НЕзнам како да ти објаснам точно, види на Гоогле мапс :)
 
...перики има во МедикусХелп http://www.medicushelp.com.mk/ ама дали го има моделот сто го бараш не знам
...Хари Потер на Англиски најверојатно ги има во книжарниците на Икона во Рамстор и на плоштад
...
 
Некоја страна од кај што можам да нарачам квалитетни постери за урамување? Гледам од allposters.com не стигаат до Македонија...
Мислам дека било кој постер од allposters.com можеш да го нарачаш во Југотон
 
Да прашам за совет.
Сакам да купам од оние малине фрижидерчиња ама во Рамстор видов дека се 1.000 денари, па некако евтино ми изгледа.
Знае некој по други мести какви се цените? Дан се расипе ова одма? Има гаранција?
 
Знае ли некој дали некаде се продаваат бричови на отварање, берберските и четкичка за пења
со влакна од вратот на јазовецот?
 
Знае некој како се движи цената на полимерна глина? Мала количина, колку за рачно изработен накит :)
 
Дали некој можеби знае од каде можам да набавам Xbox360? Во One има само некои основни модели, а побарав и во продавниците за компјутерска опрема но не успеав да најдам, PS3 има секаде ама Xbox за жива глава не можам да најдам :D.
 
Здраво дали може да ми каже некој каде можам да најдам автомат за вода, оние со туби од 20л, по сендвичари со ги има. И, по можност ако ја знаете цена на истиот.
 
NE zimaj od tuka izgor se cenite vo grcija go imas za 190 evra
 
NE zimaj od tuka izgor se cenite vo grcija go imas za 190 evra
Фала на одговорот ;), го има во Грција по трговските центри како "Cosmos"? Ако знаеш точно те молам прати ми во порака, не дека нема да најдам сам, ама да не лутам по Солун :D.
--- надополнето: Jun 30, 2011 5:51 PM ---
Здраво дали може да ми каже некој каде можам да најдам автомат за вода, оние со туби од 20л, по сендвичари со ги има. И, по можност ако ја знаете цена на истиот.
Би требало по Скопје во продавниците за бела техника да ги има, точната цена не ја знам :(.
 
Знае ли некој дали некаде се продаваат бричови на отварање, берберските и четкичка за пења
со влакна од вратот на јазовецот?

Класичните ножиња за бричење може да ги најдеш на битпазар, а за четка со влакна од јазовец не сум сигурен дали ќе најдеш таму но има разни видови на четки исто на битпазар.

Ефтини акустични гитари?

Ефтини гитарки на улица Максим Горки на страната кај пивскиот бар, лесно ќе ги воочиш. Таму има ефтини гитарки од кинеско производство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom