Каде има најдобра скара во Македонија, воопшто?

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали некој тркнал до Куманово, Кобра се вика кафаната, месоно им е перверзии.

Како што разбрав, кафаната ја држел претходно и таткото и детото на газдата што е сега, а месото го правеле од свои животни, т.е ги купуваат и сами ги гледаат некое време, а потоа ножот им го даваат. :) Ем евтино, ем добро. Увијачот и вешалицата би им ги издвоил.

Што се тиче Скопје, евтина, а добра скара има во Аердром, ХХL или Сиф, позади Бисер. Не е нешто уау, ама сосема добро е. Гледам претходно сте го спомнале Мрс од Берово, па за да не идете до Берово, во Аеродром, позади три бисери истиот газда има отворено кафана. Не знам дали сеуште работи, но мислам дека уште е таму.

Добро е и во Љуц (џигери) и тоа до него, Олимпико. Пробајте таму ќебапи, а уз пут има и добра пастремајлија.

Мрзенци стандард најдобро јагнешко, а пробајте и телешки мускул. Не знам како го прават, ама се топи во уста.

Злате ми е некако излитено, како да знаат дека имаат гужва, па спремаат од сабајле. Кога јадеш, месото и се остало ти е некако бајато.
 
ја мислам дека на Тоше на Ќоше од Автокоманда му нема конкуренција у скара!
ахахахахаха

Шала. Најбоље скара иам јадено у Љуц само што кога беше нешо газдата почина и сеа некако не ми лизга скарава а надвор од Скопјево има јадено јако месо у Етно Село. Не ми текнуе каде беше поточно.
 
Љуц за џигер , и пред се за плетенка.
Интересно е што до скоро ја немаше плетенкава во мени , незнам дали сега ја има- пошто не го барам менито , знам што да нарачам.

Во ДМ обавезно свинските зезалици со сенф, фантазија.
Кај Перо меленото не е којзнае што, ама јатки и посебно шпицерајки се фантазија.

Во Биос ( кај Кружниот тек близу Бастион) е баш супер се....

Во Шминкерски кафани нема добра скара.
За кебапи се знае: Дестан !
Едно време Тото беше топ, последниот пат кога бев ( пред едно месец дена) беше за никаде, невкусни беа, изгледа ги зезнале.
 
Прилеп, ама не македонска куќа. То е најпознато за сите шо не се од пп затоа така. Лично мене кај Балче ми е....дефиниција за скара. :@ ми се јаде, а не сум пп :(
 
Во Прилеп во Маќедонска куќа до сега нај убава скара сум јадел...
 
Прилеп - Пајтон кај Менде Куварчето и Гоце Џокаре, па следува Софра кај Тале, па Кај Балче, па Александрија кај Горан и Стара Чаршија. Иначе, ова се моите омилени дестинации во Прилеп, а каде и да влезите, едноставно нема промашај. Сепак Пајтон за мене се најдобри.
 
Ако муабетиме за плескавици, тогаш најдобра плескавица има во Прилеп
Ќебапчињата се сепак најдобри во Скопје, во Старата Чаршија во „Пчела“
 
“Кај Перо“-најбоље уштипци има чоекот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom