Каде има најдобра скара во Македонија, воопшто?

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Ќебапите во Дестан се ремек дело, за мене нема подобро и повкусно ќебапче, освен може во Сараево:)
Инаку скарата во Злате ми е вкусна, порано беше и ефтина, ама сега цените им се онака како во сите кафани.
 
се знај, во Прилеп.
Посебно би ги одвоил кафаните кај Злате, кај Боге, кај Балче, кај Горан (александрија), кај Шлеперо (изгрев), кај Белото, Саат Кула, Мариовска Меана, Етно па и Македонска куќа. Воглавно скоро секоја кафана што е чиста и средена и нема многу народ во неа. Скарата се чека обично 15 до 20 минути. Гостите си знаат дека ова време е потребно со цел скарата убаво да се подиспечи на тивок жар.

Не би ги препорачал Гурман и Евро. Ова поради тоа што премногу средношколци одат таму пред изглгување и кафаниве нормално сменија од квалитетна скара на фаст фуд скара. Скарата им е печена на силен оган и се познава дека е правена на брзина.
 
По градови

Куманово-Корнер/Баба Цана (исти газда) и Кобра
Струмица-Дукат
Берово-Мрс (мада ќебапите беа катастрофа)
Струга-Свети Никола од што е добра дури и орките јадат таму. По мене ако не нумбер 1 тогаш дефинитвно во топ 3 на ниво Македонија.
Охрид-никаде
Прилеп-Сум јадел во Пајтон, Тале карши Могила, Александрија и кај Кумата и секаде ми беше убаво.
Тетово-Имаше на времето една Ќебапчилница Мерак 2х2 метра беше ама правеа најдобри ќебапи во универзумот. Сега или не постои воопшто или е на друга локација, нека се произнесе некој тетовчанец.
Скопје-ДМ е ДМ иако забегаа со цени, Дестан, Турист, Дане, таа карши дом на пратеници со оној газдата на чичко Кумплунг што личи, Кај Чичо (карши Реплек фабриката), Љуц (за џигери и ребра), Канцона, 5ка на времето што беше карши министерство за економија, Буре и Ана Кристи-Лептокарија, Едека во Скопје Север. ДМ е врвот во Скопје.
 
Во Делчево сега има кафани што се наогаат веднаш до месара и фино лепо си влагас во месарата си избираш што сакаш да јадеш си плакаш зимаш месото излагаш од месарата веднаш до неа ти е кафаната влагаш даваш на шанкот месото сенуваш си нарачуваш пиење салати малати цекач 15-20 мин и имаш свежа скара (е сега колку е свежа незнам барем знаеш не киснела во кујна во фридижерот на кафаната а инаку прилично е свежа пошто се троши и кафанава и луге за дома што си купуваат)
 
кафеана ,,Центар во Струмица стари мајстори, убавина
 
По градови

Куманово-Корнер/Баба Цана (исти газда) и Кобра
Струмица-Дукат
Берово-Мрс (мада ќебапите беа катастрофа)
Струга-Свети Никола од што е добра дури и орките јадат таму. По мене ако не нумбер 1 тогаш дефинитвно во топ 3 на ниво Македонија.
Охрид-Панорама(обавезно да пробаш шарска следниот пат) иначе кај си јадел скара во Охрид?
Прилеп-Сум јадел во Пајтон, Тале карши Могила, Александрија и кај Кумата и секаде ми беше убаво.
Тетово-Имаше на времето една Ќебапчилница Мерак 2х2 метра беше ама правеа најдобри ќебапи во универзумот. Сега или не постои воопшто или е на друга локација, нека се произнесе некој тетовчанец.
Скопје-ДМ е ДМ иако забегаа со цени, Дестан, Турист, Дане, таа карши дом на пратеници со оној газдата на чичко Кумплунг што личи, Кај Чичо (карши Реплек фабриката), Љуц (за џигери и ребра), Канцона, 5ка на времето што беше карши министерство за економија, Буре и Ана Кристи-Лептокарија, Едека во Скопје Север. ДМ е врвот во Скопје.
 



Ако мислиш на онаа што е на патот за накај Лескоец-Косел итн, сум бил. За Охридски услови е супер, но за оние што ги набројав места погоре е просек. Охрид нема добра скара, ако е за утеха има стварно добро пици во Стационе и Лас Америкас.
 
^ да за та мислам.. епа нз не сум јадел премн по другиве градој, ама во Охрид ми е бр 1, иначе за пица да најдобра во Стационе, а мозда и во Коза Ностра/Леонардо
 
Радовиш - Вртешка.

Нема такво друго место у Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom