Каде има најдобра скара во Македонија, воопшто?

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
A be kade ima naklvalitetno meso, bez hemija i cuda, toa da kazete, zosto nikogas ne znaete sto vi pleskaat na tanjir!!!
 
најубава скара имам јадено во Прилеп, кај Злате во Скопје , Македонска Куќа во Скопје и бо една кафана во влезот на Куманово
 
definitivno prilep vo makedonska kujka ili kaj boge:smir::smir:
 
А бе одговорт веќе е јасен дека во Прилеп.Но не во Македонска Куќа! Треба да погодите кафана со 4-5 маси во нејзе па да пробате СКАРА. И под скара не се подразбира стек,увијач,кременадла,ребро.....Тоа зависи од касапот што ти пресекол.За скара зависи АМУРОТ.Или во Прилеп без Т,до АМУРО е:) А амур е условно кажано меленото месо и тоа што има во него.Значи амур треба да се спреми,а не е тоа само мелено месо фрлено на скара.Има филозофија тука :smir:
 
Ново место имам. “Бардак’’, на влезот на Припор ако ве нанесе пат натака слободно седнете, скарана му е ебење од кременадли до ребра до ќебапи. За ефтина пара да се унередиш од јадење.
 
- во Скопје-Љуц , џигер и ребра и Дестан кебапчиња
- во ресто Македонија скарата во Св.Николе е закон ама воопшто најдобра скара во МК сепак можете да јадете во Јаворот кај Џоко во Мрзенци , но не во новата покрај патот за Негорци ,туку во старата кафана која е во самото село.
 
Најдобри кебапи во цело Скопје имате во КОСМОС која е воедно и најстарата кебапчилница во Стара Чаршија..За оние што не слушнале кебапчилницата се наоѓа на златарската улица при крај од десна страна доколку се движите према Битпазар спроти кебапчилницата ЧАРДАК.
 
Дефинитивно во Прилеп има најубава скара-Македонска куќа.
Добра скара имам јадено во Штип(иако е познат по пастрмајлиите) во ресторант Чардак кој се наоѓа на влезот од кај Скопје пред Педагошкиот факултет. Колку што знам месото е од нивна сопствена фарма.Скарата е закон пробајте ја доколку одите натаму, а и цените се сосема прифатливи.
 
Прилеп има најубава скара.ТОЧКА
 
Struga Sv. Nikola. Nema bolji
Кога сум у Струга,
и јас без премца јадам само таму.
И сега би здрвил една Воденичарска право да ти кажам. :)

Ново место имам. “Бардак’’, на влезот на Припор ако ве нанесе пат натака слободно седнете, скарана му е ебење од кременадли до ребра до ќебапи. За ефтина пара да се унередиш од јадење.
Батка...
си бил ли ти у кафана уопште? :)
Таа Бардак...
на се личи,само на кафана не личи.

А коментаров погоре,
ти е за квалитетот на месото што го сервираат таму.
КАТАСТРОФА.
У најлоши да го равњаш,да те разберам.
 
во скопје, дане(близу уметничко), љуц(мвр).
во струга-св.никола. убедливо најдобра скара...
 
Каква Струга дојдете во Струмица да пробате па ке праваме муабет..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom