K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,8%
  • Taekwondo

    Гласови: 34 6,1%
  • Judo

    Гласови: 9 1,6%
  • Aikido

    Гласови: 37 6,6%
  • Boks

    Гласови: 64 11,5%
  • Kick-Boks

    Гласови: 182 32,7%
  • Muay Thai

    Гласови: 40 7,2%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 72 12,9%
  • Ninjitsu

    Гласови: 29 5,2%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 63 11,3%

  • Вкупно гласачи
    557
Член од
29 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
3.325
Ете гледаш, пак со поделби, не Адем , туку Адам, не е Адам туку неандерталец, не е неандерталец, туку ванземаљац ...чекај , чекај, ванземалјац е србин, нашите се вонземјани,... Ии ти па, веднаш со поделби. Сите сме исти :D !!!
Yap my bad, I missed the point :icon_lol:
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.675
Поени од реакции
1.509
Да не најавеше пензија немаше да му го дадат ова место. Мислам ... реално и не го зазлужува, и покрај сѐ.
Разбирам, доминантен беше и се осеќаше огромен гап помеѓу него и остатокот од борците во категоријата, но сепак мислам дека местово (подарено) требаше да го пополно со малку повеќе конзистентност и да ги расчисти сомнежите околу прашењто - кој го заслужува тронот.

Според мене (а и според голем дел од публиката) Џон Џонс е сѐ уште на врвот. 14 одбранети титули, 9 години го поседува појасот...
Е сеа точно, имаше 2 тесни борби (Густафсон и Рејез) но јбг, нијанси беа во прашање што доведе до субјективни одлуки кај судиите. Противниците не го издоминираа, да беше така немаше да зборуваме сега за овие цифри.

Голем дел од фановите не го признаваат само поради допингот и испадите кои ги направи, но јас гледам само во рингот.
Јас мислам дека многу тесна борба беше за п4п, неможеме да кажеме 100% дека го заслужило тоа место, но сепак 29-0 е сепак 29-0 и тоа е нешто феноменално. Таков скор нема никој досега направено во ниедна дивизија а и чисто се сомневам дека за долго време некој ќе успее да обори таков рекорд.

Џон Џонс најави дека ќе се префрли на тешка, па останува да видиме што ќе се случи, ако и таму покажува дека е број еден, тогаш кај и да нема да има никаква дилема кој е гоат во овој спорт, но сепак мислам дека таму ќе му биде ептен забегано, и нема туку така да си помине.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
3.325
но сепак 29-0 е сепак 29-0 и тоа е нешто феноменално. Таков скор нема никој досега направено во ниедна дивизија
80% од скорот му се борби во Русија against cunts. :)
Затоа и реков, зошто сите го пишуваат 29-0 ? Па како демек еве повеќе од Џонс има. Хабиб има само 7-8 борби во УФЦ енд дец ит.

Ок разбирам голема е бројката, но сепак 10 победи против топ 5 момци низ 10 години не е исто како 10 победи во Русија, во смешни организации...

Edit: 13 имал во УФЦ, сеа проверив :icon_lol:
nvm...
Автоматски споено мислење:

но сепак мислам дека таму ќе му биде ептен забегано
Јас па мислам полесно ќе му биди :rolleyes:
 
Последно уредено:

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.675
Поени од реакции
1.509
80% од скорот му се борби во Русија against cunts. :)
Затоа и реков, зошто сите го пишуваат 29-0 ? Па како демек еве повеќе од Џонс има. Хабиб има само 7-8 борби во УФЦ енд дец ит.

Ок разбирам голема е бројката, но сепак 10 победи против топ 5 момци низ 10 години не е исто како 10 победи во Русија, во смешни организации...
Автоматски споено мислење:

Јас па мислам полесно ќе му биди :rolleyes:
Не биди и ти хејтер сега со вакви проценти, 13 борби има во УФЦ од 29, далеку од тоа дека 80% од тепачките му се Русија. Со проценти му доаѓа некаде 55% борби надвор од УФЦ. Сам знаеш дека за да влезеш во УФЦ треба да имаш професионален background неможеш туку така да се појавиш во УФЦ, од нигде никаде.

Инаку јас ти гарантирам дека има позабегани борци во Русија него моментално во УФЦ во лајтвејт. Овој Конор кој до вчера беше подигнат во небо, би го тепале каку куче во Русија.
 
Абе точно дека се професионални, но реално го споредваме со човек кој има повеќе одбранети титули отколку Хабиб што има борби во УФЦ.
Плус друга работа... Освен Конор никој од другиве не беа "убијци". Пориер - апс енд даунс, Гејџи такоче, факинг Иакинта од кај што го зеде појасот повеќе е даунс човекот отколку апс...

А можеби си во право, ваљда хејтам премногу, но не можам да го прескокнам фактот дека ЏЏ има 14 одбранети титули и сепак не се доволни за одредена група на фанови... :)
Автоматски споено мислење:

Инаку јас ти гарантирам дека има позабегани борци во Русија него моментално во УФЦ во лајтвејт. Овој Конор кој до вчера беше подигнат во небо, би го тепале каку куче во Русија.
Без овој дел постот ти изгледаше перфектно.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.675
Поени од реакции
1.509
Абе точно дека се професионални, но реално го споредваме со човек кој има повеќе одбранети титули отколку Хабиб што има борби во УФЦ.
Плус друга работа... Освен Конор никој од другиве не беа "убијци". Пориер - апс енд даунс, Гејџи такоче, факинг Иакинта од кај што го зеде појасот повеќе е даунс човекот отколку апс...

А можеби си во право, ваљда хејтам премногу, но не можам да го прескокнам фактот дека ЏЏ има 14 одбранети титули и сепак не се доволни за одредена група на фанови... :)
Автоматски споено мислење:

Без овој дел постот ти изгледаше перфектно.
И да останеше Џонс п4п број еден за мене немаше да биде незаслужено, но јас мислам дека и Кабиб заслужи да биде на тоа место, е сега нормално дека еден мора да биде, до вчера беше Џонс, сега малце се смени и тоа, имаме нов човек што не е воопшто грешка на УФЦ или па некој со врски му ја подарил тоа место.

Човекот заслужи да биде на тоа место, бидејќи беше најдоминантен во својата дивизија, далеку подоминантен од Џонс со своите противници(џонс имаше и дискутабилни победи, поготово таа со Рејес), сигурно дека знаеш дека рунда нема изгубено, иако официјално само третата рунда со Конор му е loss, што според мене па и многумина и таа рунда ја нема изгубено, кабиб.

Очигледно Конор ти е омилен лик, но така му дојде зборот, бидејќи знаејќи колку добри врестрели има во Русија а колку е лош Конор во борба на подот, верувам дека има многу во Русија борачи кои без проблеми би го млателе, и ова сериозно го мислам.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
3.325
Очигледно Конор ти е омилен лик, но така му дојде зборот, бидејќи знаејќи колку добри врестрели има во Русија а колку е лош Конор во борба на подот, верувам дека има многу во Русија борачи кои без проблеми би го млателе, и ова сериозно го мислам.
Lol Конор не ми е омилен и не го бранам поради тоа :) Го сакав ликот, но откако почна да бега и да не ги брани појасите изгубив респект пополека.
А не заборавај! Конор според многумина важи за најпрецизниот страјкер во УФЦ ever... don't sleep on that.
А ако се сеќаваш во првата рунда Хабиб имаше тешкотии да добие фул-маунт врз него, Конор покажа скилови во одбраната, а го поткачи и со колено Хабиб во обидот да го собори. Ете пушти го видеото на јутјуб и примети...
Многумина го потценуваат ирецот после борбата со Хабиб, то е грешка.

Факт е дека постои веројатност регулар тип да нокаутира професионалец, и двајцата се од крв и месо на крајот од краиштата, но да речиш "руси ќе го млатат Конот"... :/ :icon_mrgr:
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
1.675
Поени од реакции
1.509
Lol Конор не ми е омилен и не го бранам поради тоа :) Го сакав ликот, но откако почна да бега и да не ги брани појасите изгубив респект пополека.
А не заборавај! Конор според многумина важи за најпрецизниот страјкер во УФЦ ever... don't sleep on that.
А ако се сеќаваш во првата рунда Хабиб имаше тешкотии да добие фул-маунт врз него, Конор покажа скилови во одбраната, а го поткачи и со колено Хабиб во обидот да го собори. Ете пушти го видеото на јутјуб и примети...
Многумина го потценуваат ирецот после борбата со Хабиб, то е грешка.

Факт е дека постои веројатност регулар тип да нокаутира професионалец, и двајцата се од крв и месо на крајот од краиштата, но да речиш "руси ќе го млатат Конот"... :/ :icon_mrgr:
Даваше отпор првата рунда што е нормално, беше посвеж и кога си одморен можеш и подобро да размислиш, но се виде после тоа дека на овој човек толку му силата, поготово кога се умори.

Конор е прецизен, и тоа нема збор, но сепак ова е ММА, треба да бидеш добар во сите стилови.

Ако веќе збориме кој му дал повеќе отпор на Кабиб сигурно Конор не е ниту во топ 3.

Повеќе отпор даде Пориер, а во еден момент како никој досега беше и многу блиску и со guillotine да го добие мечот против Кабиб, а да не збориме, дека Tibao, имаше поголеми шанси да го добие Кабиб од сите други.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
262
Фан факт - првата и последната борба на Кабиб се со иста завршница. Транзиција армбар/триаголник од маунт :)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
3.325
Даваше отпор првата рунда што е нормално, беше посвеж и кога си одморен можеш и подобро да размислиш, но се виде после тоа дека на овој човек толку му силата, поготово кога се умори.

Конор е прецизен, и тоа нема збор, но сепак ова е ММА, треба да бидеш добар во сите стилови.

Ако веќе збориме кој му дал повеќе отпор на Кабиб сигурно Конор не е ниту во топ 3.

Повеќе отпор даде Пориер, а во еден момент како никој досега беше и многу блиску и со guillotine да го добие мечот против Кабиб, а да не збориме, дека Tibao, имаше поголеми шанси да го добие Кабиб од сите други.
wow Tibau му беше во првите борби, Хабиб од тогаш еволуираше драстично.

Во право си, Конор нема стамина, можеби помалку и од Пориер. Но интересно е и мора да се напомени дека Хабиб за првпат се враќаше наназад против Конор, а тоа доволно зборува кој противник му беше најопасен досега. Пориер и Гејџи се одлични боксери, вистински лавови, но Конор е on another lvl on striking. Но ете Хабиб успеа да му направи нокдаун :) и тоа Конор не го прави борец кој "руси би го млателе ко куче" само поради тоа што во русија се негува греплинг и друг вид борење :icon_mrgr:

Тоа им е предност кај врвните борци (греплери), го користат стравот од борење кај противниците и добиваат самодоверба во страјкингот и нанесуваат штета.
Друг сличен пример ти е Дос Сантос - Блејдс. Дос Сантос цело време беше фокусиран на борењето од Блејдс и упорно се обидуваше да го потфати со аперкат, но во секундата Блејдс го фејкна со тејкдаун и го поткачи со оверхенд - wrap! :cool:
 
Член од
29 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
3.325
Идиотот Вајт излегува со изјава и вели Витакер не сакал борба со Адесања и затоа на Адесања му го дале Блахович, кој douchebag... :facepalm:
 
Член од
4 октомври 2011
Мислења
38
Поени од реакции
4
А ако се сеќаваш во првата рунда Хабиб имаше тешкотии да добие фул-маунт врз него, Конор покажа скилови во одбраната, а го поткачи и со колено Хабиб во обидот да го собори. Ете пушти го видеото на јутјуб и примети...
Многумина го потценуваат ирецот после борбата со Хабиб, то е грешка.
Конор покажа многу илегални потези затоа и имаше толку "тешкотии" Хабиб, еве хајлајт од скоро сите илегални потези што ги направи во фајтот, држење шорцеви цело време, држење мрежа со нога секоја прилика затоа и неможеше Хабиб да ја заврши кимурата, колено во глава во легната позиција, нога во мадиња, брцање прсти во ракавицата на Хабиб, држење мрежа со рацете, преку 20 илегални потези и не му беше земен ни поен, но на крај ништо од тоа не му помогна, да беше било кој друг фајтер ќе беше дисквалификуван уште во првата минута од фајтот. И не ги потценувајте тие руси што ги тепал Хабиб пред да влезе во УФЦ, ѕирнете некоја од тие фајтови на јутуб да видите колкав скил имале истите иако имале само 2-3 ММА тепачки и колку потешкотии му давале за разлика од фајтовите во УФЦ. Џон Џонс има далеку подобро резуме за п4п и бест евер дискусија но сето тоа за жал му паѓа во вода со неговите позитивни допинг тестови.

Што мислите за сегашнава ситуација во mw и lhw категорија? Дали Роберт ќе добие шанса пак против Адесања а Гловер со Јан? или сепак двајцата ќе седат на клупа и ќе чекаат до лето за нивната втора шанса за појасот?

Исто така што мислите за Фелдер против Дос Анџос викендов? Кој мислите дека ќе тепа и дали 5 дена спремање на Фелдер ќе му бидат доволни за да го победи Дос Анџос? Фелдер вели дека се спремал за триатлон периодов затоа и бил полесен и лесно ќе му било спуштањето тежина но вели дека немал никаков сериозен ММА тренинг правено од последниот негов фајт што беше пред 10 месеци.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
3.626
Поени од реакции
3.325
потешкотии му давале за разлика од фајтовите во УФЦ
До тука читав и застанав :)
А како го установи тоа дека русите му давале поголеми тешкотии отколку овие во УФЦ? Знаеш ли каде тренира Хабиб? 1000 левели му имаат кренато во кампот. Тренира со ДК, Кејн и многу други експерти.

А за илегалните удари се слагам, мислам било кој друг борец да беше во таа инфериорна положба ќе побуваше да си ја олесни состојбата на некој начин, природно е :)
 
Член од
4 октомври 2011
Мислења
38
Поени од реакции
4
А како го установи тоа дека русите му давале поголеми тешкотии отколку овие во УФЦ?
Затоа што тие руси позади нивните 2-3 мма тепачки имаат 100 комбат самбо тепачки, му давале потешкотии затоа што сите тие тренираат на ист начин и имаат иста основа (борење) како Хабиб за разлика од последните неколку УФЦ тепачки против најрангираните до сега негови противници (Џонсон, Барбоза, Конор, Дастин, Гејџи) со коишто немаше никакви потешкотии затоа што сите тие се страјкери.

мислам било кој друг борец да беше во таа инфериорна положба ќе побуваше да си ја олесни состојбата на некој начин, природно е
Да природно e но тоа не го трга фактот дека е илегално, било кој друг борец ќе му беше земен поен после вториот илегален потег и после 2 земени поена ако продолжеше ќе беше дисквалификуван

off-topic Еве интересна аматерска тепачка од 2012 помеѓу Забит Магомедшарипов (број 3 рангиран UFC FW) и Ислам Макхачев (број 12 рангиран UFC LW), што мислите дали Ислам ќе ја има истата судбина како Хабиб?
 
На врв Bottom