K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,6%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,2%
  • Judo

    Гласови: 11 1,9%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,5%
  • Boks

    Гласови: 69 11,8%
  • Kick-Boks

    Гласови: 190 32,5%
  • Muay Thai

    Гласови: 44 7,5%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 74 12,7%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,1%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 11,1%

  • Вкупно гласачи
    584
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Ни к од крвопролиќе нема да има. Мејведер рутинирано ќе победи. Очекувам shadowboxing од страна на Мекгрегор сите 12 рунди.
Мислиш дека Конор би издржал 12 рунди?:cool:
Ако не го нокаутира, Мејведер го фаќа на кондиција гарант на пола борба! :D
 
Член од
15 јануари 2013
Мислења
251
Поени од реакции
240
Мислиш дека Конор би издржал 12 рунди?:cool:
Ако не го нокаутира, Мејведер го фаќа на кондиција гарант на пола борба! :D
Мислам дека Конор би издржал 12 рунди. Мејведер не е big puncher плус физички е помал од Мекгрегор. Така да, Мејведер на поени ќе победи.
 
ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Kladilnicite nudat
1.15 na Mayweather
5.00 na McGregor ...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Мислам дека Конор би издржал 12 рунди. Мејведер не е big puncher плус физички е помал од Мекгрегор. Така да, Мејведер на поени ќе победи.
Тајсон исто беше малечок

Нема сила Конор за 3 рунди не па за 12, тоа се виде со двете борби со Диаз
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
Мислам дека Конор би издржал 12 рунди. Мејведер не е big puncher плус физички е помал од Мекгрегор. Така да, Мејведер на поени ќе победи.
.....

Да точно, баш борбата со Диаз ми беше на ум кога реков дека Конор не е стамина машин и паѓа лесно.

Единствено Конор како победник го гледам во две ситуаситуации, доколку конектира здрав удар и го нокаутира во првите рунди, или да му ја изеде психата (како на пример против Алварез, Сивер,Пориер, Мендез) и му го растури гејмпленот па да овој се изгуби скрос во рингот и да му подари тон поени на Конор.

Мејведер е брз и многу е добар во избегување удари (хед мувмент).

Инаку сум голем фан на МекГрегор, али не го гледам во поповолна ситуација.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Mnogu loso izgleda ova sto se zamisluvaat stand up komicari.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
S

silmarillion

Гостин
Hype-ов што го праат многу лошо изгледа. Iron Mike би ги скувал двајцава у пола рунда. Иначе у борбава навијам за Floyd, ова ѓубрево ирско неможам да го гледам.[DOUBLEPOST=1500135582][/DOUBLEPOST]
Овие ќе станат најдобри другари до крај.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Ретко коментирам мечеви, но овој од УФЦ 214 морам. Сметам веке подолго време дека дефинитивно Џон Џонс и Андерсон Силва се најпаметните борци во цела ММА историја, непобедливост и совршенство што го немаме видено од времињата на стариот бокс, во К-1 речиси никој не се истакна со толку ментална врлина и комплетност. Не е сега тоа битно, Џонс против Кормиер беше долго очекувано и баш меч меѓу два шампиона достојни на статусот, мечот не го гледав цел но последните минути до завршницата да. И ми се потврди сето она што го очекував од мечот и тоа како ке заврши мечот, Прво ке го пофалам Кормиер и како човек и како професионалец и како талент што му фаќа главата и брзо учи и се прилагодува, не џабе беше толку време на сам врв, но има нешто што му фали да биде совршен и апсолутно голем. А тоа го има Џонс, човекот не е ни посебно граден, ниту посебно силен, ниту специјалист во некој сегмент во борбата, дури јасм и мислам дека е многу помалку талентиран од многу негови противници пр. Кормиер, но оружјето негово е умот, уствари нулта точка на секоја доминација во секој вид на борба, јас сум сигурен дека без разлика што вродено ги има тие ментални вештини за совршен ментален склоп и став за доминација и гарантирана победа во борба, ги има и специјално доработувано и доусовршувано. Грег Џексон е легенда и легенда е само поради тоа што е неверојатен психолог не поради други работи, Со Џонс се совпаднати тотално и неверојатно добро се надополнуваат во тоа. Примете само на каков начин и што им зборува Грег во аголот меѓу рундите на својте ученици... Нема напор нема форсирање (You won the fight, you won the fight, just relax...) Тактиката и психологијата што ја имаат усовршено е неверојатно совршена, дури и на виш план не само на ментално и психолошко ниво (закони на природата, енергетска размена, енергетски потенцијали итн.) Андерсон Силва во најсличен облик на оваа мудроштина или лукавштина како сакате, беше непобедлив, но многу по спонтано и несвесно додека кај Џонсовци ова е фокусирано увежбана работа. Памет се гледа и во организирање на кариерата на батето (добра реклама, бирање противници, повлекување доволно долго кога има некаков проблем) и јас дефинитивно мислам дека ке тера долго Џонс и неговиот тим и е еден од најголемите ако не и најголем.
 
Кормиер притискаше цело време и му вршеше притисок на Џонс се до тој хај кик во глава. Добро му одеше но кикот го здрви здраво и почна да се враќа наназад, а Џонс со неговиот килинг инстинкт го доврши.
Кормиер беше многу поспремен од минатиот пат што и очекував, но не очекував од Џонс толкава спремност.

Не, ричот беше пресуден јас мислам, Џонс нонстоп успеваше да ја одржува дистанцата и со таа дистанца го заврши.

Кога сме кај талентите јас во никој случај не мислам дека Кормиер е поталентиран од Џонс, многу далеку од тоа. Џонс е невероватен талент.
Исто така Џонс ја искористи предноста што не се тепаше толку емоционално како Кормиер (поготово во првиот меч).

Силва е талентиран али за во неговата категорија е далеку физички послаб од Џонс. Џонс е ѕверота, убица!
Статистички ако веќе ги споредуваме со Џонс, и ако го земеме во предвид фактот против кои се' противници имаат брането титула Џонс е во предност, серија одбрани имаше против топ противници од кои сите беа ѕвероти.

Е сега интересно ќе биди доколку Леснар го прифати предизвикот и влези во ринг со Џонс. Леснар физички е поголем но технички, кондиционо и ментално заостанува. Леснар како победник го гледам строго во прва рунда со некој добар КО удар или во ситуација да ја искористи тежинската предност и да оди на тејкдаун и масажи одозгора.
 
Последно уредено:

Берзеркер, Џонс и Силва ја имаат најмудрата тактика, идентична е и кај двајцата и треба добро око да се примети што всушност прават, со движењето го притискаат противникот цело време, но не напаѓаат и удираат само избегнуваат враќајки се наназад и ескивирајки и пак од ново повторно и упорно притискаат без ништо да прават, после прва рунда не само што од напаѓање всушност "бранење" противникот е уморен туку е и избезумен пошто незнае како да се справи и ондак следуваат бессмислени акции само колку да се одбранат од притисокот, е тука батковците дочекуваат чекан момент и ја пакуваат жртвата, чекањето е најмудра и највиша тактита во борба и во философијата на традиционалните боречки вештини, така старите дела на најголемите учители говорат. Иначе да Џонс е малку по агилен и прилагодлив од Силва само колку и да го прилагодуваат стилот за секој противник различно сепак ја чуваат срцевината на ова што им е база во тактиката. А околу што е талент тешко е да се стават лимити, но најголем дел од луѓето за талент ги вреднуваат околностите од типот, експлозивност, свест за организирање тактита (да му фаќа главата народски :D), брзина, точно да знае да ја организира снагата на ударите, технички точно да комбинира, храброст без граница, тајмингот да му е во малото прсте и на крај да знае се ова да го вклопува што по свесно. Најчесто секој човек во некоа од вие работи природно е по добар од друга и тој за тој момент од борбата е цар а овие најголемиве шампиони најчесто немаат такво оружје па тоа ги натерало да воочуваат што повеке и да створат склоп што во секој сегмент ке биде квалитетен. (y)
 
Јас искрено не го сакам ни Силва ни па неговиот стил на тепање! И тој и стилот негов се нереспективни према противниците. Па кои се оние пичвајз избегнувања со глава и рацете пуштени, ко демек ништо не ми можиш и да ме удриш, епа јади КО бате!

Едно време се зборуваше за можна борба помеѓу Силва и Џонс, ако сака Дејна да го усмрти Силва ондак ок.
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
255
Поени од реакции
237
поз дечки едно кратко прашање... дали е прифатливо да се почне со кик бокс тренинзи на 27 години... не сакам да тренирам за натпревари такви работи или за да се степам.. туку да одржувам форма, гледав некои видеа од јутуб и почнав да тренирам сам дома и мајката ма се испотив си викм добра работа била ова.. ппосле првиот ден сите мускули у грбот се раздвижија... и сега се мислам да не е глупо некако на 27 години да се започне... па така да секој совет е добредојден...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
поз дечки едно кратко прашање... дали е прифатливо да се почне со кик бокс тренинзи на 27 години... не сакам да тренирам за натпревари такви работи или за да се степам.. туку да одржувам форма, гледав некои видеа од јутуб и почнав да тренирам сам дома и мајката ма се испотив си викм добра работа била ова.. ппосле првиот ден сите мускули у грбот се раздвижија... и сега се мислам да не е глупо некако на 27 години да се започне... па така да секој совет е добредојден...
Кога сакаш можеш да почнеш, збориш како да имаш 100 години :D. Во Јапонија тренираат чудо и луѓе на 90 години но проблемот што кај нас повеќето над 50 години се здравствени руини што едвај се движат. Не сме спортска нација и луѓето се улежани ама чим имаш желба годините не ти се воопшто важни поготово што има шампиони и на 40 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom