K-15

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
1.579
Поени од реакции
4.124
Кој беше скечот каде што Миле и Тошо го прашуваат Цацко како испил гајба пиво без да оди во вц а овој им вика тренинг бе батка станува и си оди а столот беше цел измочан.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.361
К 15

к-15-1.jpg


...што да напише за нивниот хумор не може да се опише ако не се видат и слушнат, а да нема посебна тема за нив на Кајгана голем пропуст,


imagesдфг.jpg
015174598_400.jpg
imagesхјн.jpg


К-15 — започнале уште во 1990 година со кратки сатирични хумуристични скечеви што денес се доказ дека биле снимени според тематиката многу порано од што навистина се случило и до ден денешен се цареви на македонската хумористична сцена, тројцата основачи, режисери и сценаристи Бранко Огњановски често со говорна мана и со српски т.е. југославенски изрази, албански, грчки изрази и охридски дијалект како (Миле Паника, Блажо, Албанецот Зоран, Гркот, Охриѓанецот и Џони Џанак сите овие култни ликови ) Васко Тодоров најчесто со скопски жаргон како (Тошо Малерот, земјоделецот Ристо, Полицаецот) и Љупчо (Бубо) Каров како Цацко Конопишки најчесто со кавадаречки дијалект од каде потекнува.


...нивните изрази денес често македонскиот народ ги користи „ Цацко ти е крив“ , „Не јади бурек“, „Батка“ и многу други актерски финти при прикажување на општествените движења во државата, власта, невработеноста со еден збор допреле со вистината покажувајќи го тоа на хомуристичен и симболичен начин.


Oрден_за_заслуги_(Македонија).jpg
Orden_za_zaslugi.jpg


... на 26.10. 2023 г, тогашниот претседателот на Македонија (Стево Пендаровски) им доделил на тројцата „Орден за заслуга за Македонија„ што е четврто по важност државно одликување доделувано за заслуги за Република Македонија на политичко-социјален и културен план, заслуги на лица кои со својот ангажман придонеле и направиле врвни отварувања во сите домени на општествениот живот на земјава.


image-34-1024x683-1.png


...па, ете нека биде едно место посветено на нив, дали со постирање на нивни клипчиња, неколкуте песни, дали информации од нивниот реален живот, затоа што тие се дел од нашето детство, реалност и култура.


П.С.

...а денес,

11-OKtomvri.jpg
11-oktomvri-nagrada-715x400-1.jpg


во моментот додека ја отворам темата, случајно гледајќи денешни актулени вести за празникот „11 ти Октомври“, според претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, на седница одржана на 11 септември 2024 година покрај другите, му се додели како велат ма мултимедијалниот уметник Љупчо Бубо Каров наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

11-oktomvri-nagrada-382989329832.jpg
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.734
Поени од реакции
49.267
Кај и да е, очекувам да се активираат со нови скечови. Собираа инспирација осум цели години додека мед и млеко течеше, а наградиве, грантовите и советничките плати треба да се одработат .
 
Член од
23 август 2024
Мислења
50
Поени од реакции
92
Имаа по некој смешен скеч,во 96-та...

Туку да прашам,големиот поборник и пропагандист да не му се смени фасада во барок на гтц па макар и од гипс и стиропор била,и да се спаси тој чир колку толку да не смрди и марачи на сред плоштад,Миле Паника ќе сними ли скеч за резултатите од неговиот "хумор" за време на гушкањето и дивеењето ? Мислам чисто да видиме гтц сега во каква ситуација се ноаѓа после успешното гушкање
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.787
Поени од реакции
11.676
Не за џабе се вели „крајот го краси делото“, колку и да имало добри скечови на времето за мене асоцијација за нив секогаш ќе ми е нивната поддршка за промена на име, хумурот кон бојкотирачите и поддршката на Стево Пендаровски и Заев.

Ништо, апсолутно ништо не може да ги испере од тоа. Kога највеќе и требаше на државата тие застанаа на мрачната страна со еден од најгадните ликови во историјата на Македонија, тоа е нивното legacy.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.446
Поени од реакции
2.449
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.300
Поени од реакции
3.675
Пошо многу нагоре викаат дека не постапиле патриотски... се сеќате како пропаднаа, се сеќавате каков имот им беше одземен, се сеќавате на сите изјави кои ги дадоа како сите нивни партнери биле принудени да им откажат соработка...
И баш сето тоа после едно брутално искрен скеч во „ватикан“

 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.290
Пошо многу нагоре викаат дека не постапиле патриотски... се сеќате како пропаднаа, се сеќавате каков имот им беше одземен, се сеќавате на сите изјави кои ги дадоа како сите нивни партнери биле принудени да им откажат соработка...
И баш сето тоа после едно брутално искрен скеч во „ватикан“

Не се сеќавам, бидејќи јас како граѓанин немам ништо со тоа, и не заслужувам дебелион да ми дроби колку ќе ни биде убаво сеа со сменето име. Ми го искомплицира животот мене и на цела земја, додека он јадеше од медот како советник од влада. Не ги почитувам повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom