Клише е, али нема како поинаку да се опиши...
30+ години дека те држат во стагнација и изолација тоа не е толку голем проблем, Цацко дека бил политички определен и за промена на името, тоа ти го искомплицира животот до крајна мера?
Секако дека небричениот дибек не може да биде главен фактор за комплицирањето на нечиј живот до крајна мера, но тоа не го ослободува од критика, особено бидејќи се декларира себеси како хуморист и сатиричар.
Одлично помнам кога во едно интервју изјави дека хуморот и сатирата се опасни професии бидејќи ако на некого успееш да му нагазиш по плускавец на хумористичен или сатиричен начин до тој степен што ќе направи се` и сешто за да те замолкне или за да те тргне од етерот и од изложеноста на јавноста, тоа говори дека си успеал да испратиш некаква порака преку хуморот и сатирата.
Во основа уметниците - вклучувајќи ги и комедијантите и сатиричарите - се очекува да бидат претставници на авангардата, односно да бидат вечни критичари на културниот и општествениот статус кво.
К-15 одлично ја играа таквата улога на македонската сцена со децении, се` додека не згаснаа, а откако водечките ликови на тој сега веќе поранешен културен бренд завзедоа политичка страна, и тоа не баш било која политичка страна, туку токму политичка страна која е еден од главните фактори за тие 30+ години стагнација и изолација, а која претходно ја исмеваа, К-15 и неговите водечки ликови повеќе не се никакви претставници ниту на авангардата, ниту пак се уметници, туку само уште едни политички купени и платени пропагандисти.
Ова не е некоја новост ниту во македонското општество кое традиционално си страда од сопствени продадени синови и ќерки предавници, ниту пак е некаква новост во светот.
Филип Петен бил народен херој на Франција кој ги извојувал најславните победи на Французите во Првата Светска Војна против Германија, за потоа во Втората Светска Војна да биде соработник на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија, на кои им испраќал француски работници кои биле присилно регрутирани за да служат - не да работат за плата, туку да слугуваат - во германските воени фабрики. Единствената причина зошто Петен после ослободувањето на Франција и после крајот на Втората Светска Војна не завршил на бесилка или на гилотиња - иако бил осуден на смртна казна поради велепредавство и колаборација со непријателот - била почитта која Шарл де Гол ја имал кон него како некогашен народен и воен херој на Франција, поради што де Гол побарал смртната казна на Петен да му биде заменета со доживотен затвор.
Небричениот дибек и неговите партнери од некогашното К-15 слободно нека се повикуваат на славата од минатото која никогаш нема да им ги измие гревовите кон македонскиот народ и кон македонската татковина, и слободно нека си ги трошат парите кои ги заработија како од К-15, така и од својот анти-македонски политички ангажман од 2015 година па наваму, си ги заработија своите плати.
Но никогаш нема да бидат тоа што беа пред 2015 година и никогаш повторно во очите на македонскиот народ нема да бидат ниту уметници, ниту културни работници, туку само уште едни продадени души и платени пропагандисти.