K-15

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.047
Поени од реакции
11.153
Пошо многу нагоре викаат дека не постапиле патриотски... се сеќате како пропаднаа, се сеќавате каков имот им беше одземен, се сеќавате на сите изјави кои ги дадоа како сите нивни партнери биле принудени да им откажат соработка...
И баш сето тоа после едно брутално искрен скеч во „ватикан“

Ништо не им беше одземено, самите си беа криви, огромни пари им пропадна во инвестицијата со сателитската мрежа во Австралија а овдешните телевизии заедно се здружија да ги бојкотираат кога самите тргнаа да прават сопствена телевизија
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.391
Поени од реакции
5.753
Како се и останато во оваа држава, овие 3ца се наместени играчи со точна определена улога. Збор не верувам во нивните намери или животни приказни.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.212
Како се и останато во оваа држава, овие 3ца се наместени играчи со точна определена улога. Збор не верувам во нивните намери или животни приказни.
Замисли он дури не знаел до пред некое време дека луѓе го критикувале
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.391
Поени од реакции
5.753

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Ништо не им беше одземено, самите си беа криви, огромни пари им пропадна во инвестицијата со сателитската мрежа во Австралија а овдешните телевизии заедно се здружија да ги бојкотираат кога самите тргнаа да прават сопствена телевизија
Се здружија NЛN ги натераа да се здружат.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.431
Поени од реакции
3.503
Замисли он дури не знаел до пред некое време дека луѓе го критикувале
Не бил обоен во ни една партија, а луѓето така го гледале. Ова е бетер од комуњар, он свесно и по своја желба влегол таму и работел за уништување на државата и идентитетот на народот.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
611
Поени од реакции
2.011
Не бил обоен во ни една партија, а луѓето така го гледале. Ова е бетер од комуњар, он свесно и по своја желба влегол таму и работел за уништување на државата и идентитетот на народот.
Секој комуњар буквално до еден последен, кога комуњарите не се на власт, го боли кур за партии “сите се исти” и не е член на ниедна партија.
Буквално патерн.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.642
Поени од реакции
4.479
Ми го искомплицира животот мене и на цела земја
Ај оддели повеќе време и пробај да го најдеш проблемот, кој ти го искомплицира животот...
СИТЕ!
Личниот интерес, идиотизмот и неморалот, ниската лична вредност, неписменоста и злобата кај секој поединец.
Боли фактот што јужниот сосед не нарекува Монкидонија али имаат право.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.212
Ај оддели повеќе време и пробај да го најдеш проблемот, кој ти го искомплицира животот...
СИТЕ!
Личниот интерес, идиотизмот и неморалот, ниската лична вредност, неписменоста и злобата кај секој поединец.
Боли фактот што јужниот сосед не нарекува Монкидонија али имаат право.
Па не се сите. Има виновници и треба да се посочат и да се држат одговорни.
Сите не ми го инвалидираа важечки пасош од 10 години и не ме присилија да вадам нов. Се знае кои се тие, многу добро.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.646
Поени од реакции
42.196
Ај оддели повеќе време и пробај да го најдеш проблемот, кој ти го искомплицира животот..
Северџаните ни го искомплицираа. Тоа криминално миље све продаде и искраде. Дојдоа Грујо да го сменат демек лош, а испаднаа 100 пати бетер.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.436
Поени од реакции
2.440
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.014
„..Ја‘ батка...кога влегувам у кафич...не го тупам...„.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.642
Поени од реакции
4.479
Па не се сите. Има виновници и треба да се посочат и да се држат одговорни.
Сите не ми го инвалидираа важечки пасош од 10 години и не ме присилија да вадам нов. Се знае кои се тие, многу добро.
Клише е, али нема како поинаку да се опиши...
30+ години дека те држат во стагнација и изолација тоа не е толку голем проблем, Цацко дека бил политички определен и за промена на името, тоа ти го искомплицира животот до крајна мера?

А овие неандерталциве со тоа терминологијата "северџани" се најсмешните. Патриотизам со одмори во грчка и чат-пат за викенди. Али не бе, нив не ги интересира политика, по туризмот се.
Нив не ги интересираше како владите во последниве 30г. инвестираа пари, битно им беа ветени работни места.
Немој ти се молам...
Кога ќе ги видам се уште по било какви партиски собирки ми се повраќа, ми се гади.

Северџаните ни го искомплицираа. Тоа криминално миље све продаде и искраде. Дојдоа Грујо да го сменат демек лош, а испаднаа 100 пати бетер.
Извини, не те познавам лично али те знам вака како член на форумов и го имаш моето поштовање што се однесува за сѐ надвор од ова што си го напишал.
Извини ама се деградираш со коментаров. Престанете веќе еднаш да барате вина кај една страна, партија или лице. Проблемот е со далеку поширок опфат. Во менталитетот е, во сржта, во генот.

И јас бев определен и одев по собири на мои 20ти години, али ме "исфрли" Матриксот веднаш штом увидов како функционираат работите.
Не само што ме исфрли надвор од него (партијата), туку и од државата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.942
Поени од реакции
12.344
Клише е, али нема како поинаку да се опиши...
30+ години дека те држат во стагнација и изолација тоа не е толку голем проблем, Цацко дека бил политички определен и за промена на името, тоа ти го искомплицира животот до крајна мера?
Секако дека небричениот дибек не може да биде главен фактор за комплицирањето на нечиј живот до крајна мера, но тоа не го ослободува од критика, особено бидејќи се декларира себеси како хуморист и сатиричар.

Одлично помнам кога во едно интервју изјави дека хуморот и сатирата се опасни професии бидејќи ако на некого успееш да му нагазиш по плускавец на хумористичен или сатиричен начин до тој степен што ќе направи се` и сешто за да те замолкне или за да те тргне од етерот и од изложеноста на јавноста, тоа говори дека си успеал да испратиш некаква порака преку хуморот и сатирата.

Во основа уметниците - вклучувајќи ги и комедијантите и сатиричарите - се очекува да бидат претставници на авангардата, односно да бидат вечни критичари на културниот и општествениот статус кво.

К-15 одлично ја играа таквата улога на македонската сцена со децении, се` додека не згаснаа, а откако водечките ликови на тој сега веќе поранешен културен бренд завзедоа политичка страна, и тоа не баш било која политичка страна, туку токму политичка страна која е еден од главните фактори за тие 30+ години стагнација и изолација, а која претходно ја исмеваа, К-15 и неговите водечки ликови повеќе не се никакви претставници ниту на авангардата, ниту пак се уметници, туку само уште едни политички купени и платени пропагандисти.

Ова не е некоја новост ниту во македонското општество кое традиционално си страда од сопствени продадени синови и ќерки предавници, ниту пак е некаква новост во светот.

Филип Петен бил народен херој на Франција кој ги извојувал најславните победи на Французите во Првата Светска Војна против Германија, за потоа во Втората Светска Војна да биде соработник на Адолф Хитлер и Нацистичка Германија, на кои им испраќал француски работници кои биле присилно регрутирани за да служат - не да работат за плата, туку да слугуваат - во германските воени фабрики. Единствената причина зошто Петен после ослободувањето на Франција и после крајот на Втората Светска Војна не завршил на бесилка или на гилотиња - иако бил осуден на смртна казна поради велепредавство и колаборација со непријателот - била почитта која Шарл де Гол ја имал кон него како некогашен народен и воен херој на Франција, поради што де Гол побарал смртната казна на Петен да му биде заменета со доживотен затвор.

Небричениот дибек и неговите партнери од некогашното К-15 слободно нека се повикуваат на славата од минатото која никогаш нема да им ги измие гревовите кон македонскиот народ и кон македонската татковина, и слободно нека си ги трошат парите кои ги заработија како од К-15, така и од својот анти-македонски политички ангажман од 2015 година па наваму, си ги заработија своите плати.

Но никогаш нема да бидат тоа што беа пред 2015 година и никогаш повторно во очите на македонскиот народ нема да бидат ниту уметници, ниту културни работници, туку само уште едни продадени души и платени пропагандисти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom