Не ми е јасно само како можете според едно ваше искуство да кажувате дали треба или не треба да одат таму луѓето. Јас се вратив пред два дена од Ксамил и сум многу задоволна. Пред се, на одмор одам за плажата и за тоа ете сите сме согласни дека плажите се преубави. Второ, ни еден ден немавме ама баш никаков проблем со струјата а уште помалце па дека фрижидерите во продавница не работеле и храната била со поминат рок, мислам стварно не е убаво до толку да се критикува. Луѓето се прељубезни, а за тоа што не знаат англиски, кај нас во туристичките места да не знаат сите случајно? Комарци не може некој да ми каже дека имало повеќе од Грција кога е ист случајот, единствено и на мене што не ми се допадна беше ѓубрето наоколу, а за кравите напротив, ми се допадна таа идила. Поздрав
Со поголемиот дел од твојот пост се сложувам, за секого зборот "убаво" има различно значење и можеби она што за тебе е убаво за мене не е и обратно. Но не можеш да ги негираш фактите.
Факт бр.1 Сообраќајот им е лудница. Ама буквална. Нит знаци нит обележја, ништо. Поставените полицајци - бескорисни.
Факт бр. 2 Секој оди за различни нешта на одмор. Некој за плажи некој за ноќен живот некој и за двете.
Лично јас сакам убави плажи, но кога нема каде да излезам и да прошетам истите ништо не ми вредат и на такво место би поминала максимум 2 дена.
Факт бр.3 Нечисти се до немај каде. Мислам на луѓето, околината.
Факт бр. 4 Комарци има мноооогу повеќе од Грција.
За само една проспиена вечер во Албанија само на едната рака бев укасана 245 пати. Бев буквално изрешетана како сипаници да сум добила. А мене во принцип не ме касаат комарци. Ваков случај сум немала во Грција.
Да не набројувам уште. Секој за својте пари може да оди кај сака, јас бев видов и во наредни 100 години и пари да врнат не би одела пак. Искрено и Охрид не го сакам нешто многу, но во споредба со Албанија, Охрид за мене е Париз. Во Грција до сега не сум имала лошо искуство од типот на нељубезност, малтретирање и што ти ја знам. Кога би се нашла во таква ситуација не би одела ни таму.
Убаво кажа некој погоре зависи со што ја споредуваш Албанија и со кое туристичко место.
Искрено 20 евра за студио и не е нешто ефтино. Скоро секаде е таа цена, значи нормална цена. Не гледам зошто би ја одбрала Албанија еве во споредба со Грција, кога Грција ми е поблиску а има убаво море и плажи, подобар е патот а цените за изнајмување се речиси исти, ако не и поефтини (другарчиња мои изнајмуваа апартман за 10 ноќи 270 евра за 4 особи).