Во средно на сите писмени по Англиски добивав петки,а усно кога ме испрашуваше редовно единица добивав.Жената никогаш неможеше да ме фати како препишувам,но затоа од се срце ме креваше за одговарање.Во четврта на крајот последната писмена, го дознав тестот(го дала на девојче кое и одеше на спремање,ама во доверба:ban?: ) и нормално го научив на памет,го кажав на сите и дадов примерок на сите класови од двете групи,така да цела генерација имаше петки
.Кога свати дека и е провален тестот,жената полуде и си одбра од сите класови по неколку ученици како мене:wink: одново да се прави тестот.И јас како најпаметна
(бидејќи го знаев на памет тестот) бев единствената со сите поени и единствената осомничена
(но бидејќи она беше крива што го дала тестот,несмееше да крева паники)Е после... до крајот секој божји ден ме креваше за одговарање за да докаже дека врска немам и да ми ја наполни графата со единици,но поретко ја имаше можноста,зошто баш на нејзиниот час јас испарував.И така женишчено ми закачи 4 за крај (и да собираш и да одземаш,со песните на памет и тестовите,ништо помлку неможеше да стави,која ќе ми беше единствена 4 ка)па на совет ми ја поправија.
п.с.Неправдата се состои во тоа што само мене ме јадеше и во делот кога го дала тестот,што не ми го даде мене на пример,ќе си ќутев