Јас секогаш се бунтував со причина, секогаш со (можеби не баш секогаш, ама) вистината на моја страна, аргументирано, со цврсти и несоборливи докази, за што, нели, бев често казнуван, затоа што, кај што има сила, нема правидна!
затоа пак, не се жалам, ми беше, барем мене, интересно да бидам сето време во културен наптпревар со професорите или наставниците.
Оценките ми беа редовно намалувани, но, најголема неправда (која се исправи) беше, што јас како солиден писател, на секоја слобдна тема добивав единица со образложение дека моите ставови се револуционерно непригодни за времето во кое растев и живеев.
за среќа моја, еднаш, изнервиран до крајни граници, отидов кај вујко ми, професор по македонски јазик на факултет (сега во Австралија) кој отиде и во мое име ја направи професроката пуздер. потоа, з апетка морав да го знам целиот материјал, секогаш.
Или кога по философија добив недоволен, едвај ја поправив поради моите некомунистичко=ленинистичко-марксистички ставови, неправда која се поправи со моето запишување на институтот за философија, нешто за кое потоа, кога професорот дозна, а дозна и за мојот успех на тој институт, падна во неола и мораше да му биде донесена вода со шеќер. да се поврати од бессозананието во кое западна.
Хехехе.
А ако веќе споменуваме казни, јас го држам неславниот рекод во моето средно училиште по најголем број укори пред бркање, 14 укори од топј вид и тип! Не успеаја никогаш да ме избркаат.
Сега, некои со гордост, а некои со срам гледаат на ретките средби кои се остваруваат меѓу мене, моите сокласници и нив.