Java

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
Мислам дека не го користи како ORM, по ова што го сфатив го користи само за да мапира DTO во Entity објект.
@JaqenH'ghar ако го користите како ORM тогаш дефинитивно го користите на погрешен начин.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@Amaterasu / @Емкаа не се користи како ORM , тотално неповрзано е со ORM. Туку дадов пример можен проблем највеорјатно, погрешно се разбираме.
Кога се искомпајлира маперот , се креира имплементација на самиот мапер од MapStruct.
Таму ќе имаш
Java:
CourseDto map(Course item){
    CourseDto itemDto = new CourseDto();
    itemDto.setId(item.getId();
    ...
    itemDto.setCourseTypeDto(CourseTypeMapper.map(item.getCourseType));
}
Сега ти ако во item не ти е пополнет CourseType или има само id, со самото тоа што генерираната имплементација го имаш item.getCourseType() тебе ќе ти се повика select кон база select * from course_type where id = ?. Сметај да беше листа, колку елементи толку повици кон база. Претходните проекти што имам работено се бараше максимална оптимизација и намалување на број на повици кон база заради тоа што се бараше голема оптимизација.
Затоа ме нервира што девелоперот секогаш треба да внимава и неможе да се направи некое генерално решение. Затоа и прашав алтернативи и дали ги има и дали се има работено.

Влад секако не го хејта Hibernate, тој е авторот. Само што мене ми доаѓа дека се наметна ко стандард Hibernate , а во неговите примери му се ептен едноставни. И уште нешто, Hibernate си има багови и со користење се наоѓаат, доброто е што Влад ги поправа. Неговите примери се Post, Tag и Comment и кога секако ќе наидеш на ептен покомплексна структура плачеш по JDBC :D
А можеби и треба да седнам да видам hibernate и начинот на кој го користам , а не mapstruc-oт :D
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.222
Поени од реакции
1.270
Сега ти ако во item не ти е пополнет CourseType или има само id, со самото тоа што генерираната имплементација го имаш item.getCourseType() тебе ќе ти се повика select кон база select * from course_type where id = ?
Ова погоре ме натера да мислам дека се користи и како ORM, бидејќи обичен mapper не би требал да знае за постоење на база.
Со самото тоа што го претвара резултатот od query-то во објект, веќе претставува еден вид на ORM. Е сега ако само го делегира повикот до друг ORM, тоа е друга работа.
Како и да е, ако имаш некое интересно примерче за оптимизација, добро е да го споделиш па да видиме како би го извеле во JPA/Hibernate.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@Amaterasu му пишав на Vlad и овој врати, па пак му пишав со потпрашање за кое не очекував да врати пошто за тоа треба и да си наплати затоа што беше нешто помеѓу технички дел и консултации за кој човекот си зима пари и буразерот фино лепо ми пак одговори и ме спаси :cuc:
Ќе му ја купам книгата заради ова :icon_lol:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
И шо испадна, проблемот е во MapStruct или Hibernate? @JaqenH'ghar
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
И шо испадна, проблемот е во MapStruct или Hibernate? @JaqenH'ghar
Ни таму ни таму не е проблемот. И MapStruct и Hibernate си работат како што е планирано, а и напоменав не е толку голем проблем туку ме интересираа алтернативи пошто за MapStruct мора да се внимава ентитот да е целосно потполнет за да немаш селекти кон база ако фали некој child ентитет за мапирање.
Со едно квери тешко да се решат овие работи ама сега за сега не е некој проблем на перформанси.
 
Член од
9 септември 2018
Мислења
17
Поени од реакции
8
Некој да ми помогне за конекција Java Spring Boot со MySQL?
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Здраво дечки.
Пред некој ден решавав една задача од лаб. вежби за факс по еден предмет за алгоритми. Вака задачата е прелесна, но затоа што сум нов со Јава синтаксата ми е сеуште слаба страна :( . Моментално не ми е битна самата задача него сакам да знам зошто секој пат кога го компајлирам кодот упорно ми ја фрла истата грешка.
Exception in thread "main" java.lang.Error: Unresolved compilation problem:

at Array.main(BufferedReader.java:18)
Јасно ми е дека се работи за класата BufferReader и попрво би ја користел Scanner, но тој дел од кодот не смеам да го менувам. Пробав од главната класа да го тргна public и ставив и throws IOException.
Стварно не знам што би можело да биде, ако некој поискусен со Јава знае нека помага. ?
Java:
import java.io.BufferedReader;
import java.io.IOException;
import java.io.InputStreamReader;
import java.util.Arrays;
import java.util.Scanner;

public class Array<E> {
    
    
    public static void main(String[] args) throws IOException {
        BufferedReader stdin = new BufferedReader( new InputStreamReader(System.in));
        String s = stdin.readLine();
        int N = Integer.parseInt(s);
        
        //Vashiot kod tuka...
        Scanner SysBr = new Scanner(System.in);     // objekt so koj kje se vnesuvaat br.
        int[] niza = new int[N];                    // niza na broevi
        for(int i=0; i<N; i++) {
            int br = SysBr.nextInt();               // sekoj pat se vnesuva broj vo konzola
            niza[i] = br;                           // i istiot se vnesuva vo soodveten ele. vo nizata
        }
        
            
    }
    
    
    // Uporno frla error: Exception in thread "main" java.lang.Error: Unresolved comp. problem: ar Array.main(BufferReader.java:18)
}
 
Член од
30 март 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Great! Thanks for sharing. That the understudies have essential information on PC and other programming strategies. Java is an extremely strong coding language and there are countless ways of getting into the coding and web creating area assuming you have a superior order of it. This course requires tolerance, logical reasoning capacity, meticulousness as they are fundamental in turning into an effective software engineer.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.419
Некој Јава сениор или тим лид да сака да смени работа, нека ми пише ПП.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
248
Поени од реакции
364
Потребен е јава програмер од бт или околината на бт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom